Дијаспора

Сиднеј: 40-годишниот јубилеј на „Григор Прличев“ одбележан со новото литературно дело „Ѕуница“

dzunica1

dzunica1

Антологијата „Ѕуница“ е отпечатена по повод 40-годишниот јубилеј, на Друштвото „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, кое е формирано на 31 март 1978 година  и е една од најзначајните и долговечни културни асоцијации на македонствување во светот. Тоа има за цел да ги зближи и соедини македонските доселеници во Австралија, кои потекнуваат од сите делови на Македонија и кои активно создаваат литературни творби

По повод 40-годишниот јубилеј на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија излезе од печат антологијата под наслов „Ѕуница“ (Виножито), која содржи поетски дела на 25 македонски иселеници кои во слободното време се занимаваат со пишаниот збор, преку кој ја изразуваат силната љубов кон македонскиот јазик и кон својата дедовска земја – Македонија. Таа пред љубопитството на читателите донесува вистинско богатство од теми и мотиви, човечки и творечки идеи и идеали, разнородни поетики и естетски вредности.

 За антологијата „Ѕуница“, која е отпечатена по повод 40-годишниот јубилеј, на членовите на Друштвото им беше понудено да земат учество со по десет песни. За учество се пријавија и се застапени 20 поети, плус се застапени пет починати поети со  по една песна. Списокот на авторите е следниот:  Ристо Галевски, Бранко Наумовски, Иван Трпоски, Перо Дамчевски – Коцин, Гроздан Јовановски, Крсте Наумовски – Мечкар, Јорде Петровски, Горјан Маслинкоски, Љубица Поповска, Лилјана Тошеска, Наум Трајчески. Марија Арександрова, Душан Ристевски, Наум Пауноски, Виктор Бивел, Димче Џајкоски, Ленче Целакоска – Клекачкоска, Жаклина Михајлова, Славица Ристеска, Гордана Димовска, Јован Кокаловски, Вукосава Донева – Варколи, Никола Стоилковски, Спасе Трпоски и Нада Иванова.

На крајот од антологијата е поместен пригодниот текст на македонски и на англиски јази, во превод на Ристо Стефов, под наслов „Ѕуница меѓу два далечни брега“ од Васил Тоциновски, во кој, меѓу другото, се вели дека Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј, Австралија е една од најзначајните и долговечни културни асоцијации на македонствување во светот. Со единствената и возвишена одговорност пред пишаниот збор тие се македонска вековнина, идентитет и непокор, традиција и континуитет. Антологијата „Ѕуница“   е колективен труд што ги одбележува четирите десетолетија од втемелувањето на Друштвото чии етички и естетски вредности се значаен и непобитен историски аргумент. А пред него молчат и боговите, мудро прорекол народот. 

Инаку, Македонското литературно друштво „Григор Прличев” е формирано на 31 март 1978 година со цел да ги зближи и соедини македонските доселеници во Австралија, кои потекнуваат од сите делови на Македонија и кои активно создаваат литературни творби; го чуваат и го негуваат македонскиот литературен јазик и македонската литература. За остварување на овие цели Друштвото превзеде разновидни активности, како организирање на културно-литературни средби, семинари, наградни конкурси за „Прличева награда”, издавање на списанието „Повод”, формирање Библиотека со читална и архивски оддел и издавање книги од самите членови пишувани на македонски и на англиски јазик.

dzunica2
Дел од членовите на Друштвото

За последните четириесет години Друштвото успешно секоја година ги одржува наградните конкурси за поезија и раскази како за возрасни така и за деца преку кои ги потикнува поетите и раскажувачите да творат; секоја година организира по неколку поетско-литературни средби за одбележување на годишнината на Друштвото како и за македонските национални денови „Илинден”, годишнините поврзани  со поетот Григор Прличев и со апостолот Гоце Делчев, како и промовирање книги.

За одбележување е тоа што Друштвото беше активно вклучено трипати во координирање на Деновите на македонската култура во државата Нов Јужен Велс и двапати одржа Македонски филмски фестивал. Друштвото исто така успешно го издаваше своето списание „Повод” од кое се издадоа 54 броеви до 1990  година и 78 наслови на книги од различни жанрови на македонски и англиски јазик од самите членови.

Во Библиотеката, која е единствена од ваков вид во дијаспората, има повеќе од шест илјади наслови и истата поседува богат архив со материјали и изданија од македонската заедница во Австралија. Во Друштвото и Библиотеката членуваат 320 редовни членови. Друштвото има соработници од повеќе градови во Австралија и во истото членуваат и извесен број почесните членови: Матеја Матевски, Славко Јаневски, Ѓорѓи Сталев, Блаже Конески, Илија Чашуле, Томас Шапкот, Реџинал Де Бреј, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски, Јован Кокаловски, Александар Донски, Иван Трпоски, Душан Ристевски, Панде Манојлов, Раде Сиљан, Фиданка Танаскова, Трајче Кацаров, Славе Катин, Мартин Треневски, Ристо Стефов и Васил Тоциновски.

Друштвото од самиот почеток активно беше вклучено во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, јазикот, културата и историските постигнувања на Македонците. Друштвото даде иницијативи, во зависност од потребите на заедницата, да се формира Шаховска асоцијација, Драмска асоцијација за млади, Комитет за човекови права, Дебатен клуб, Клуб на ликовни уметници, Служба за социјална грижа, Социјално друштво за жени, Училишта по македонски јазик и Театар.

Друштвото беше активно вклучено во организирање собири и протести и издавање повелби и резолуции за зачувување на македонскиот идентитет и нација и во борбата против шовинистичките држави кои го негираат постоењето на Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија, како и до македонските влади кои за последните две и пол децени од независноста на Република Македонија многу малку придонесуваат за обединетоста на Македонците и зачувување на нашиот идентитет.

Се надеваме дека Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј,  со членовите ќе продолжат преку својата креативност да го негуваат македонскиот литературен јазик, македонскиот идентитет и културно-историските постигнувања на Македонците насекаде во светот.

slave-katin-444
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top