Дијаспора

Претставници на македонската дијаспора во Франција писмено се обратија до пратеничката Лилјана Танги

francija

francija

Претставници на македонската дијаспора во Франција писмено се обратија до пратеничката Лилјана Танги  член на Француско-македонската група за пријателство во  Француското Национално собрание

Европското  лидерство и  преземање одговорност

Почитувана пратеничке Лилјана Танги  член на Француско-македонската група за пријателство во  Француското Национално собрание

Со големо внимание го следевме ставот на претседателот на Републиката, г-дин Емануел МАКРОН, како и на претставниците на ЛРЕМ ( La République en marche LREM) , во врска со референдумот во Македонија.
Ние, претставници на македонската дијаспора во Франција, ги искажуваме нашите стравови за името на нашата матична земја.

Преспанскиот договор од  јуни 2018 година за името “Северна Македонија”, потпишан од Гркот Ципрас и Македонецот Заев, има за цел да ја уништи македонската нација. Промената на името  пред сè е негација на македонскиот идентитет, што не е споменато никаде во Договорот како такво. Македонската етничка група исчезнува. “Македонец” станува само граѓански субјект на “Северна Македонија”. Македонскиот народ до сега  како конститутивен народ на  Македонија повеќе не постои. Во договорот нејзината историја не постои. Само “државјанство” е македонско : државјанин на Република Северна Македонија; тоа ќе биде така на пасошот и другите  официјални документи.  Македонската држава повеќе не е национална држава, туку само вештачка држава.

Република Македонија, признаена  повеќе од 137 земји, пред  портите на Европа и НАТО сé уште е предмет на европско и хеленско лобирање.

Ние сме сведоци на западната дезинформација, (80% од македонското население гласаше за додека само 35% од населението се изјасни ).

Додека нашата  должност нè потсетува на нашите предци паднати во одбрана за нашата слобода  во текот на Првата светска војна, и на крајот на идните европски избори, би сакале да разговараме со нашата бикултурна  пратеничка , задолжена за односи со Западен Балкан.

Популизмот, национализмот и екстремизмот се пробиваат во Европа, колективниот интерес и европската конструкција мора да преовладуваат со намалување на македонскиот јазол , оставајќи го самоопределувањето на еден народ , на тој начин ќе се смири 27 годишниот конфликт и раздор.

Во отсуство на одговорност и европско лидерство од страна на нашите европски лидери, европскиот модел се деконструира и расчленува!

Убедени, хуманистички и мирољубиви Европејци, посветени на европската културна разновидност, ние Франко-Македонците повлекуваме алармно ѕвонче пред  незамисливото, односно нови војни во Европа.

Европската Унија  има клучна одговорност да го забрза овој процес и да остане целосно ангажирана во почитувањето на вредностите на Европската Унија, почитувајќи го суверенитетот и институциите на Република Македонија.

Уверени  дека ќе го земете ова барање во предвид, Ве молиме да  го прифатите, нашето највиско внимание.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top