Дијаспора

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (1)

kiril

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (1)

kiril

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ НА МПЦ-ОА ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО– МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Иселеништвото во прекуокеанските земји Австралика Канада, САД, Европската Унија и други земји ширум светот како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, писатели, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие придонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија во нивните втори татковини

Во беседите на митрополитот г. Кирил можеше да се слушни дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) е важен фактор кој игра значајна улога во Република Македонија и меѓу Македонсците од сите делови на етничка Македонија насекаде во светот. Тоа е потврдено со тоа што македонските православни цркви и црковни општини во прекуокеанските земји се национално-духовни јадра кои го одразуваат единството и непосредно придонесуваат за афирмација на прататковината. Преку културно-просветните, верските и националните форми на собирање во македонските православни цркви и црковните асоцијации, всушност Македонците излегоа од тесните рамки на дејствување и се афирмираат како важна етничка група во новите средини каде имаат развиен општествен живот.

Денес Македонците во новите средини со гордост ја истакнуваат својата припадност. Уште повеќе, благодарение на улогата на македонските православни цркви, црковните и други асоцијации и позитивно-ориентираното македонско свештенство, нашите иселени браќа со голем ентузијазам и полет ги одржуваат црковните и народните традиции и со гордост го истакнуваат богатиот фолклор, јазик и традиции, афирмирајќи го македонското минато и сегашноста, а со тоа ја бранат и ја афирмираат Република Македонија.

Затоа, нашата цел е читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за првиот надлежен архиереј на Македонската православна црква – ОА во иселеништвото, за Австралија, САД и Канада, митрополитот г. Кирил. Да ги запознаеме читателите – како митрополитот г. Кирил отвори една нова страница во историјата, духовното и националното живеење на Македонците во Република Македонија и во прекуокеанските земји.

Во поголем број продолженија ќе се обидеме да претставиме дел од монографијата „Митрополитот Кирил“ што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, на 350 страници, а во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј авторот е публицистот Славе Николовски-Катин.

Македонски крст – еден од симболите на Црквата

Исто така, иселеништвото во прекуокеанските земји Австралика Канада, САД, Европската Унија и други земји ширум светот како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, писатели, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие придонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија во нивните втори татковини.

Притоа, Славе Катин како публицист кој повеќе децении го следи македонското иселеништво и активностите на МПЦ-ОА во Република Македонија и во дијаспората, како биограф и долгогодишен пријател на митрополитот г. Кирил, се потруди да ги зафати позначајните моменти од делото и животот на еден од доблесните македонски архиереи, за кого постојано ќе навираат спомени за неговото духовно и национално дело. Зашто митрополитот Кирил останува да живее во историјата и вистината на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на македонското иселеништво во Австралија, Канада и САД, на македонскиот народ и на Република Македонија.

Во биогравските податоци за митрополитот господин Кирил е забележано дека тој беше роден како Никола Поповски на 23 јуни 1934 година во познатото село Царев Двор, Преспанско, кое е ни село ни град. Основно образование завршил во родното место, а Средно богословско училиште во Призрен. Во 1960 година прв пат се вработува како службеник во Скопската митрополија, а во 1964 година се замонашил во манастирот „Света Богородица – Пречиста“) кај Кичево. Неговото запознавање со македонското иселеништво се случи во пролетта 1965 година, кога како член на делегацијата на МПЦ, предводена од поглаварот на МПЦ, првиот архиепископот г.г. Доситеј, во својство на архиѓакон, за прв пат патува во Канада и во САД.

Патријархот на Руската православна црква Алексеј сослужува со архиепископот на Македонската православна црква Доситеј, во Скопје, во 1962 година

Истата година се запишал на студии на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск, каде завршил прв степен. Меѓутоа, по двегодишно студирање бил повикан да се врати во Македонија, а во јули 1967 година, непосредно пред возобновувањето на автокефалноста, во соборниот храм „Свети Димитриј“ во Скопје, беше хиротонисан за архиереј тивериополски. Потоа владиката г. Кирил заедно со четворицата тогашни членови на Светиот синод на МПЦ, архиепископот г.г. Доситеј и владиците г. Kлимент, г. Наум и г. Методиј, ја потпишаа Одлуката и ја возобновија Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, денес МПЦ-ОА.

Според зборовите на митрополитот г. Кирилм тој со задоволство го примил името на македонскиот рамноапостол свети Кирил Солунски. Станал член на Светиот архиерејски синод на МПЦ, на чија седница, одржана пет дена подоцна, на 17 јули 1967 година, беше донесена историската одлука за канонско возобновување на целосната афтокефалност на Охридската архиепископија во лицето на автокефалната Македонска православна црква и беше избран за прв надлежен македонски архиереј за Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ.

Во 1969 година замина во Торонто, Канада, со цел да ја организира прекуокеанската Епархија. По издвојувањето од Американско-канадско-македонска епархија во 1974 година, активно раководи со Австралиската епархија до 1982 година, а со Американско- канадската епархија до 1987 година. Во периодот додека раководи со овие епархии, од 1971 до 1978 година, администрира и со Полошко-кумановската епархија, а во 1987 година е назначен за Полошко-кумановски митрополит.

Свети Кирил и Методиј

Ватикан

Во меѓувреме ги заврши теолошките студии на Богословскиот факултет во Скопје. Притоа стана коавтор на монографијата „Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим“, Скопје, 1979 година. Значајно е да се одбележи дека по упокојувањето на архиепископот г.г. Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар архиепископот Ангелариј, митрополитот г. Кирил времено ја извршуваше должноста на архиепископскиот трон.

По кратко боледување, митрополитот на Полошко-кумановски епархија, господин Кирил почина на 10 јуни 2013 година. Неговите посмртни останки се погребани во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Дељадровце, Кумановско. Меѓутоа личностите како митрополитот Kирил не умираат, тие остануваат за навек во мислите и молитвите. Неговото име и дело ќе останат вечни за Македонската православна црква – ОА, за Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ-ОА, за Полошко-кумановската епархија, за Македонците од етничка Македонија насекаде во светот и за Република Македонија.

Продолжува
Slave Nikolovski - Katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top