Дијаспора

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

1 5

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА КЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

Се заложивме од самото формирање да ја промовираме македонската литература, да го негуваме јазикот во сите форми и на сите можни начини. Важно е да му се даде посебно место на читањето. Тоа е корисно за развојот на мислата, збогатување на речникот, подобра комуникација, изразување на она што сакаме да го кажеме, развивање на мечтаењето, намалување на стресот. Читањето е како копче за пауза, треба да подзастанеш и да се концентрираш кога читаш. Придобивките од оваа зголемена активност ја заоструваат меморијата и способноста за учење. Книгата е извор на знаење, јазикот е коренот на нашето постоење и препознатлив национален белег.

(Гордана Димовска)

Неуморните членови на литературното друштво МЛД Кочо Рацин од Мелбурн неколку пати годишно успешно ја промовираат македонската литература, како од локалните автори така и од македонски познати автори. Многу често се поканети да учествуваат и читаат свои дела на Фестивалот на писателите заедно со сите други локални автори што е навистина убаво место за афирмација на македонските дела. Една од низата активности беше и литературното читање кое се одржа на 29 ноември во библиотеката во Мил Парк. Настан со кој литературното друштво настојува да го претвори во традиционален и да го продолжи патот кон успешното афирмирање на македонскиот јазик.

Во изборот од членовите но и пријавените учесници прекрасно прозвучија убавите извадоци од драми, романи, поеми на Македонски и Англиски. Се започна со извадок од драмата Антица на еден од првите македонски драмски писатели, Ристо Крле а беше избор на Гордана Димовска, следуваше расказ за грабнувањето на Калина од турскиот аскер и нејзиното проштално писмо до мајка и (Даниел Димовски), дел од современиот роман на Сашо Димоски (Алма Малер), мемоари од книгата на Андон Дончевски (Дона Д. Кантаровска), прекрасно прозвучија и авторски поеми и четива од Вера Горгиевска, Крсте Наумовски (Грамотник), заедно со Дона ја прочитаа и поемата Јагула од Анте Поповски, Стеван Ацески (Солунски браќа). Прекрасни настапи имаа и гостите кои се пријавија да читаат: Танас Петрин со поеми од неговиот татко: Деца бегалци, Песна за Нерет и Крушевската република, Василка Патерас (Празнина и Невена), Вера Мажеска (Т’га за југ и свои поеми), Сашка Ставреска (Македонец да си), Розита Груевска (Не дај боже). За првпат настапи и Адриан Горгиевски кој со голема љубов прочита свој состав за Александар Македонски. Учеството на младите генерации Македонци, нека биде поттик и за сите други наши деца во заедницата да се вклучуваат во активноситите на литературното друштво и да го чуваат македонскиот јазик. Се оддаде почит и кон починатиот познат драмски писател Горан Стефановски познат по драмите “Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, и добитник на престижниете награди: „Стале Попов“

Во склоп на оваа вечер беше организирана и едукативната програма за деца “Од буква до буква – азбука” во која учествуваа: Емили, Оливија, Оливер, Михаил и Ајзек. Децата беа поздравени со аплауз за нивниот труд да изговорат букви и зборови кои им беа дадени да ги учат. Литературното читање беше повеќе од успешно, навистина предизвика голем интерес а настанот беше одлично организиран.

1 5

1 4

1 3

1 2

1 1

www.mldkocoracin.blogspot.com Email:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top