Дијаспора

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (7)

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОА – БРАНИТЕЛ И АФИРМАТОР НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА

 Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка – Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија

Со објавувањето на поголем број продолженија од монографијата „Митрополитот Кирил“ што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, на 350 страници, а во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, од авторот на овие редови, Славе Катин, целта е читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за првиот надлежен архиереј на Македонската православна црква – ОА во иселеништвото, за Австралија, САД и Канада, митрополитот г. Кирил. Да ги запознаеме читателите – како митрополитот г. Кирил отвори една нова страница во историјата, духовното и националното живеење на Македонците во Република Македонија и во прекуокеанските земји.

Така, во монографијата се вели дека периодот од обновата на автокефалноста на нашата Света црква сред македонското иселеништво почна да се доживува како време на целосно зреење и сознавање на црковната и националната патриотска свест. Започна да јакне целосната верба и доверба за слободно живеење и творење бидејќи се скина превезот за целосно ослободување од доминацијата на Српската православна црква (СПЦ) врз црковно-духовното слободно живеење на Македонците во татковината и насекаде по светот.

Уште во почетокот животот и работата на секоја црковна општина почна да се определува со правилници кои се темелат врз Уставот на автокефалната МПЦ-ОА, а сообразени со позитивните закони на соодветната земја, а црковните општини преку епархиските органи и тела, врз паритетна основа, се застапени во Архиепископскиот црковно-народен собор. Затоа, црковните општини во дијаспората станаа жив и нераскинлив дел од севкупниот организам на Македонската православна црква.

Зпоред зборовите на митрополитот г. Кирил со тоа се потврди целовитоста и единството на автокефалната МПЦ-ОА во татковината и во дијаспората. Целосната победа над туѓите аспирации и однародувачки пропаганди на северноамериканскиот континент беше извојувана на 12 септември 1981 година со извршената официјална регистрација на Американско-канадската православна епархија во градот Албани, во државата Њујорк, како и со помош на богатите активности на Црквата, општините и на културно-просветните центри, координирани преку Епархијата на МПЦ-ОА.

                     

Македонците од сите делови на поделена Македонија во иселеништвото, градејќи го грандиозното црковно-духовно и културно-просветно сенародно македонско дело, се изградуваат, се интегрираат и стануваат чесни, трудољубиви, лојални граѓани на нивните нови татковини. Но, притоа не заборавајќи да си останат горди и верни синови и ќерки на Македонија и на својата мајка – Светиклиментовата македонска православна црква. Со севкупните богати активности тие се трудат да станат, а и се, вистински мост на искрено пријателство и соработка меѓу земјите во кои живеат и родната татковина Македонија.

Треба да се нагласи дека вистинската црковно-духовна, национална и кутлурно-просветна преобразба на Македонецот во САД, Канада и во Австралија, како и во Европската Унија и во други земји во светот се манифестира со оживотворувањето на МПЦ. Она што се случи во иселеништвото од шеесеттите години на XX век, кога на 7 август 1960 година е осветена првата црква надвор од границите на Македонија, а во чест на Илинден, црквата „Св. Ѓорѓи” во Мелбурн (Австралија); и на 14 јули 1963 година, во чест на празникот Петровден, е евангелисана и првата македонска црква „Св. Петар и Павле” во Гери, Индијана, како и она што продолжува да се случува и денес – е своевиден предизвик за уште поголеми истражувања во Македонија и во дијаспората.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, навистина ние Македонците имаме потенцијални научни сили кои ќе умеат уште подлабоко и посеопфатно да навлезат во порите на историските вистини, нивните искушенија, крсни распнувања и беспоштедни саможртвени подвизи, со единствени цели преку светоста и дејноста на Цркватаи верата своја да ја зачуваат и македонската национална свест и вечност.

Црквата „Света Софија“ во Охрид

Притоа, македонските црковни општини и културно-просветни центри стануваат најголемите вистински средишта за македонските чеда од сите краишта на Македонија. Во нивното четири и пол децениско живеење и творење постигнати се импресивни резултати во црковно-духовниот, културно-просветниот, спортскиот и социјалниот живот.

Во САД и Канада се изградени 37 велелепни македонски цркви со импозантни културно-просветни центри за севкупни активности што нашите луѓе, во сите сегменти од нивното живеење, ги прават да бидат радосни, среќни и достоинствени; да бидат познати, препознати и почитувани во нивните нови татковини. Толку цркви и манастири се изградени и на австралискиот континент. Во сите овие цркви пастирско-мисионерската дејност ја извршуваат македонски народни пастири.

Во македонските цркви, светите богослужби и чинодејствија се вршат на македонски, а извесни делови и на англиски јазик. Со успех работат македонски неделни училишта. Во нив се учи македонски јазик, национална историја, географија и веронаука. Создадени се извонредни услови за негување на македонскиот фолклор и разни други културно-уметнички забавни, литературни, социјални, хуманитарни, спортски и други активности. Се издаваат периодични весници, списанија и билтени, а отворени се радио и телевизиски часови на македонски јазик.

Владиците Доситеј, Наум и Кирил во Канада

Притоа, се закупуваат огромни места за македонските гробишта. Македонските црковни општини во дијаспората заземаат значајно место во денешното современо живеење и опстојување на Македонците. Тие претставуваат македонски жаришта за зачувување на чистотата и убавината на нашата прадедовска вера, традициите, обичаите, националната свест и културата. Тие и денес претставуваат гранитна непобедлива тврдина и пред сегашните непријателски напади и жестокости.

Тие претставуваат вдахновувачка и обединувачка сила за својот предолго страдален народ за да не биде скршен духот и непокорот на македонскиот род и пород, за негово црковно-духовно инационално слободно живеење и творење на епохални дела, по примерот на своите боговдахновени претшественици, за доброто на целото прогресивно, мирољубиво и правдољубиво човештво.

Владика Кирил посебно нагласи дека во текот на септември 2002 година, со поглаварот на нашата Света црква, неговото блаженство архиепископот г.г. Стефан, престојуваа во САД и Канада. Споделиле бројни радости на светите богослужби и на други свечености со присуство на десетици илјадници македонски верници, почнувајќи од Лос Анџелес до Торонто, Канада и во многу други градови.

Најзначаен настан беше што новиот храм на „Раѓање на Света Богородица, беше осветен од архиепископот г.г. Стефан и митрополитот г. Кирил на 21 септември 2002 година. Македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богородица” во Детроит претставува најграндиозен остварен македонски храм и центар во чие архитектонско и црковно уметничко создавање се инвестирани десетина милиони американски долари.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top