Дијаспора

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (8)

ЦРКОВНО –  НАРОДИНИ СОБИРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО

Собирските манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември и траат три дена. Тие се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. Првиот собир на Американско-канадската епархија се одржа во 1975 година во градот Торонто, Канада; вториот во Колумбос, Охајо; третиот во Хамилтон, Канада; четвртиот во Гери, Индијана и така по ред се стигна до 43-от собир во Чикаго, во 2018 година.

Според моногравското дело „Митрополитот Кирил“, што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, од авторот на овие редови Славе Катин, неговото високопреосвештенство, митрополитот полошко-кумановски господин Кирил, беше надлежен архијереј на Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА.

Затоа, по враќањето од Соединетите Американски Држави и Канада, митрополитот  г. Кирил не информира дека заено со поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Методи, го осветија храмот посветен на света Богородица во Колумбос на 22 октомври 2006 година. За неколку години во реализирањето на овој проект и на овој комплекс биле инвестирани околу 10.000.000 долари по примерот на црквата во Детроит.

Овде можеби е местото да споменеме дека целокупниот создаден капитал на македонските православни цркви се доближува до сума од повеќе од 500.000.000 американски долари. Создатели на ова грандиозно свето дело се бројните македонски верници, заедно со македонските народни пастири и архипастири. Под закрилата на Американско-канадската епархија во 2004 година се одржа триесеттиот по ред јубилеен црковно-народен собир во градот Лос Анџелес, САД. Домаќин беше Македонската православна црква „Св. Богородица”.

Инаку, првиот собир на Американско-канадската епархија се одржа во 1975 година во градот Торонто, Канада; вториот во Колумбос, Охајо; третиот во Хамилтон, Канада; четвртиот во Гери, Индијана и така по ред се стигна до 43-от собир во Чикаго, во 2018 година. Собирските манифестации се многу значајни. Тие претставуваат смотра на сеʼ што е постигнато во редовите на Македонската-православна црква во текот на една година на црковно-духовен, културно-просветен и спортски план.

Содржински, собирските манифестации се многу богати, сеопфатни и импресивни. Со проширени искуства и знаење, црковните општини се поттикнуваат на покрупни остварувања преку градба на просторни импозантни цркви и културнопросветни центри, со цел што повеќе да се привлече вниманието на младите.

Традиционално, собирските манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември. Траат три дена и се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. На епархиските и црковно-општинските органи и тела им се пружа извонредна пригода да ги поддржуваат, инспирираат и помагаат севкупните позитивни процеси за уште посестран и побогат развој на секциите при црковните општини, на неделните училишта на македонски јазик, играорните групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортот и сите други здружени креативни сили кои придонесуваат за посилен растеж на црквите и Епархијата. Имало години кога на собирските манифестации ќе продефилирале и преку 10.000 учесници.

Средствата за реализирање на севкупните културно-просветни и спортски активности, во кои земаат учество младите Македончиња родени во САД и Канада, ги подмируваат црковните општини. Порано, за жал, нашите верници во голем борј ги посетуваа конгресите (собирите) на МПО (Македонска патриотическа организација).

Митрополитот г.Кирил викаше дека тој можел со посебно задоволство да каже дека денес македонското иселеништво во САД и Канада, преку дејноста на црковните православни цркви, ја доживува својата вистинска црковно-духовна, културно-просветна и сенародна ренесанса и афирмација, што, секако, е заслуга на својата матична татковина – Македонија и грижата на мајката автокефална Црква.

Всушност, нашата Светиклиментова автокефална МПЦ-ОА е оној „спиритус мовенс“ кој ги мотивира, обединува и инспирира македонските чеда во нивното ежедневно и севкупно живеење и творење достојни за почит за себе и за идните генерации.

Ова зборува дека такви добри дела можат да прават само добро организирани институции, примерни во работата, креативни и силни луѓе, штедри дарители какви што се членовите на МПЦ-ОА, кои ги има и меѓу иселеништвото и овде во татковината. Луѓе проникнати со достоинство и искрено и чесно македонољубие. Луѓе со широки и чисти евангелски христијански погледи и љубов кон својот народ и сите луѓе.

Притоа, тој ќе речеше дека погоре искажаните бериќетни остварувања на нашата Света црква не се голи статистички показатели. Тие треба, пред сеʼ да се восприемат и доживеат како река која продолжува незапирливо да тече, но и како ретка планетарна појава и ѕвезда-Деница, која блеска во својот сјај во лицето на МПЦ-ОА по обновата на нејзината автокефалност.

Без нејзината обнова не ќе можевме да ги имаме црквите во дијаспората и нашиот богољубив народ. А, без таа и таква силна пројава, не ќе можевме да придонесеме за збогатувањето на духовните и културните ризници на земјите, како и за облагородување на народите меѓу кои се и Македонците од сите делови на Македонија кои свиле ново живеалиште.

Исто така, митрополитот г. Кирил потенцираше  дека нашите успеси немаше да бидат толку големи доколку не ја имавме помошта и високото разбирање од демократските власти на САД и Канада. Затоа, денес, нашето иселеништво на просторот од северноамериканскиот континент пулсира со живот достоен за секаква почит. Севкупните позитивни остварувања создаваат нови релации и нова позитивна клима во односите на САД и Канада со Македонија, зацврстувајќи ги мостовите за вистинско искрено пријателство и севкупна соработка, разбирање и заемно почитување.

Притоа може да се рече дека и МПЦ-ОА, преку севкупните исклучително позитивни активности на, од Бога благословената почва од САД, придонесе денес нашата суверена Македонија, од оваа најмоќна демократска велесила на планетата Земја, да биде признаена под нејзиното уставно име. Затоа треба да се упати трајна и неизмерна благодарност кон пријателските САД на чело со ценетиот претседател Џорџ Буш.

Мисијата на митрополитот г. Кирил како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ-ОА беше драгоцена. Тој целосно се посвети на обединувањето на македонскиот народ во Австралија, САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на Македонија. За таа цел широко го отвори процесот за изградба на свети македонски православни храмови.

Во нив ги оттргна Македонците од канџите на српскиот, бугарскиот и грчкиот шовинизам, чии средишта се токму српските, бугарските и грчките цркви. Митрополитот г. Кирил, заедно со голем број свештеници и со активистите од македонските асоцијации, ги врати Македонците „под топлото крило во дверите на автокефалната Македонска православна црква”. 

Митрополитот Кирил поставил камен-темелници или осветил голем број македонски новоизградени свети храмови и други црковни објекти во Австралија, Канада и САД. Тој, речиси, секоја недела престојуваше во нови средини, во нови градови, каде засекогаш ги постави основите за духовно-црковна, национална, културна и секаква друга независност на Македонците. Исто така, тој придонесе за развојот на вредностите на националната самобитност на македонскиот народ во дијаспората.

Со неговото доаѓање во новите средини, Македонците од сите делови на распарчена Македонија почнаа масовно да се организираат во единствени македонски православни цркви и црковни општини. Со тоа се зададе решителен удар на големосрпската, големогрчката и големобугарската антимакедонска пропаганда. Митрополитот Кирил стана синоним на единството на Македонците од сите делови на Македонија во Австралија, Канада и САД.   

Женско македонско оро

Тој ги постави црковните и националните темели на тие прекуокеански простори и ги поттикна Македонците низ светот да се зближат. Со тоа тие постигнаа видни резултати на црковно и национално поле, афирмирајќи се себеси и македонската вистина во новите средини.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top