Дијаспора

Премиера на РУГАЊЕ СО ХРИСТОС во Сиднеј

Премиера на РУГАЊЕ СО ХРИСТОС во Сиднеј

Минатиот петок 25 јануари, до последно место исполнетиот Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, се изведе премиерата на филмот „Ругање со Христос“ од Јани Бојаџи. Следниот ден следеше втората проекција во истиот театар. Исто така во државата Нов Јужен Велс вакви проекции следеа во градовите Канбера, Волонгонг и Њукастел. На сите проекции присуствуваше режисерот и сценарист Јани Бојаџи со членови од Советот на Македонците од Австралија од Мелбурн. Организатор на проекциите во Сиднеј беше Македонскиот советот од НЈВ.

„Ругање со Христос“ е едно изврсно уметничко дело кое иако забрането од сегашната дискриминаторска за Македонците влада на Република Македонија ќе остави длабоки траги во македонската и светската киномотографија. Не случајно минатата година на филмскиот фестивал во Монтреал освои прва награда за иновација. Тешко е да не се споредуваат вакви врвни уметнички дела кои длабоко џбараат во душата за постоењето на човекот во кој се вплеткани јазоли на минатото, сегашноста и иднината (кои се одсликувани на повеќе слоеви или на повеќе-аголското огледало). Над сето тоа диригира дневната политика, надворешните влијанија и интереси и идеологијата која уште повеќе ја фрагментира душата – за да остане некаде да лебди меѓу живите и мртвите. Ех да ми простат, американците и авропјаните вакви филмови никогаш не направиле и нема ни да направат. Во нивните филмови не се одсликува или испитува душата на човекот, ниту како чука срцето, ниту пак се прикажува човечката топлина за да се покаже дека зад себе овие западно-европски култури имаат нешто човечко. Тие следат некои клишеа со кои сакаат да докажат дека „ете тие се тие кои го спасиле светот од пропаст“ иако тие се тие кои го пропаѓаат и унишуваат, тие се тие кои ја уништуваат Македонија… полека ја истиснуваат македонската душа, ја цицаат нашата крв за да патиме и никогаш за да не завладееме со себе… Јазолот македонски толку многу е исплеткан што тешко може да се одврзе и разбере, а толку многу јазолчина се прилепиле до истиот што животот станува уште поисплеткан како да нема крај, но Јани преку камерата и нарацијата така успешно ни го открива крајот што носи почеток, но многу поинаков поради последите на минатото. Секој од гледачите со себе понесе различно мислење за ова ремек дело како и за крајот на приказната, во зависност од нивните поранешни искуства, а дали животната приказна има крај? Крајот може да биде почеток на нешто ново…

Темата во однос поробениот Егејски дел на Македонија често се обработувала во сите сфери на креативноста но малку помалку некој се осврнувал на последиците од така наречената Граѓанска војна за македонското домородно население кое не пребегало, на децата и родителите кои не беа убиени или кои не биле избркани. Тие беа принудени да си го сменат не само името туку јазикот и културата – да се плашат од својата сенка дека се Македонци. Атињаните применија секакви методи, генот на Македонците да се измени и сегашните генерации да патат од последиците на своите родители како што и нивните деца во иднина ќе патат од последиците на нивните сегашни одлуки. Како што се верува со егзодусот на Македонците кои физички се одделија од Македонија им се пресече телото од душата но ќе се спојат во рајот- пак да бидат заедно. А пак која генерација сме ние (попаметни и поитри од претходната?) да ги разврзиме врзулците на историјата кои толку загатно ги преплетувале луѓето во минатото, а и сегашноста. Во Македонија има и пекол и рај. Кога сите луѓе се еден против друг, Господ е против сите.

Не е ни чудно што филмот е забранет во Македонија каде сега владее фашизмот. Слободата на говорот и креативноста се загушуваат. Се загушува македонското во корист на бугарското, грчкото, српското, албанското… со цел да им се пикнат во смрдените гаќи на Европа…Се сака да се прикријат злосторствата на Албанците и нивниот тероризам, да се прикаже дека истиот имал „ослободителен карактер“. Друг диригира во Македонија, а Македонците постанаа шупелка и свират само на задната дупка на свиралото. Сведоци сме на она што се случува во Република Македонија каде во собраниете се собрале 80 разбојници-среброљубци, со водач кој е под влијание на ѓаволот и кој има интелегенција на црв, кои се обидуваат да изменат, обезличат, уништат… спротивно вољата на народот, без да се свесни дека еден ден за лошите дела ќе си платат, ако не тие, нивните деца, внуци и правнуци – тој круг на негативна енергија што ја креираат некаде треба да застане, а тоа е секогаш во истиот круг на оној што го започнал. Тие не се свесни на последиците. Кога на едно етничко, присилно дојдено племе од некаде, им се даде повеќе право од на домородното население тогаш тоа е чиста агресија што ќе доведе до етничко чистење на македонското население. Се виде што направија просфигите во поробениот Егејски дел на Македонија.

Честитки до Јани Бојаџи и целиот негов тим кој беше составен од артисти од повеќе националности, а истиот беше сниман во Македонија, Франција и Грција. Тој не врати на минатото, сегашноста и ни покажа каква можна, во зависност од нас, иднина можеме да имаме. Филмот, препорачувам да се види од секој Македонец, без разлика на генерациите, а и од другите националности како и од Албанците и Грците за да видат дека агресивноста може да донесе само агресивност, тие немаат право да уништуваат и да владеат над никого, а најмалку над Македонците.

Честитки и до Советот на Македонците од Австралија што овозможија да се прикаже филмот во повеќе градови во Австралија и Нов Зеланд, до Македонскиот совет на НЈВ и повеќе организации и индивидуалци кои се приклучија кон оваа племенита акција да се расветли вистината за минатото и сегашноста. Иднината е во нас – Македонците, и во зависност на нашата свест, сила и храброст само ние можеме да си ја одлучуваме.

Душан Ристевски-Македон

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top