Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (18)

G6

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА

Печалбарската традиција на Стив започнала уште од дедо му Ване, кој во почетокот  на минатиот век, заминал преку големата вода до источните брегови на северноамериканскиот континент каде останал, речиси, три години. По враќањето од Америка Ване освен со пари се вратил задоен со многу патриотски дух во себе. Дошол со голема желба заедно со истомислениците и хероите да стори сè за слобода на својот народ, за ослободување на Македонија. Секако дека предците по прадедовска, дедовска и татковска линија имале силно влијание врз развојот и формирањето на младото Македонче. Стив и Лили за прв пат решаваат во 1972 година да го прелетаат Атлантскиот Океан и да дојдат во Европа

Во аналите на семејните корени на Стив Пљакас стои дека таткото на Стив – Ламбро (1912-1999) исто така е роден во селото Зелениче, во летинската околија. Соочен со тешкиот живот, без перспектива, во 1948 година заминува на печалба во американскиот град Питсбург. Им се придружил на своите браќа Славе и Коле, кои како постари печалбари и сложни добри браќа веќе биле таму. Подоцна, тие ќе му помогнале на Ламбро околу купувањето на фармата во Канада.

Ламбро бил многу трудољубив човек кој вредно работел, печалел и се пробивал во новата средина, па наредните четири години во Онтарио го носел товарот на целото семејство на своите плеќи.

  

Мајката Џина и таткото Ламбро на Стив   Стив со внучињата

Инаку, печалбарската традиција на оваа фамилија е уште од дедовското гурбетџиство. Така, дедото на Стив, Ване во почетокот  на минатиот век, заминал преку големата вода до источните брегови на северноамериканскиот континент каде останал, речиси, три години. Со заработените  пари и многуте идеи за подобар животот, тој се вратил назад во родното селото.

Меѓутоа, Ване освен со парите се вратил задоен со многу патриотски дух во себе. Дошол со голема желба заедно со истомислениците и хероите да стори сè за слобода на својот народ, за ослободување на Македонија. Кодошите секогаш му биле зад петиците. Му го мереле секој збор, го регистрирале секој негов контакт и секое негово дејствување.

Во 1943 година џандарите го фатиле и тој бил осуден на три години затвор. Причините биле, неговите слободарски и патриотски идеи. Го издржал тој неподнослив тригодишен затвор, кога конечно излегол од зад решетките. Ама и натаму дедото Ване не мирувал. Сите го знаеле и почитувале. Ване посветено, а тајно, многу тајно, создавал мрежа од патриотско-македонски ќелии во егејскиот дел на Македонија.

Инаку, да потсетиме, дека според семејното стебло дедо му на Стив, Ване дошол од Албанија во селото и се оженил за Магда од Зелениче. Според зборовите на Стив, Ване бил најдобриот дедо кој во скутот го држел Стив и неговите браќа. Долго им раскажувал најубави приказни и ги заспивал на своите гради.

И секако дека предците по прадедовска, дедовска и татковска линија имале силно влијание врз развојот и формирањето на младиот Стив. Тој напросто  впивал сè учејќи од своите предци. И, не случано, таквиот патриоски дух постојано го носи во себе како нешто свето, како нешто најсилно. Дедото и таткото на Стив, низ разни преданија, сказни, песни и настани, му ја кажувале вистината за својот народ, му пренесувале идеи и завети,како своевидна семејна традиција.

Стив Пљакас по Втората светска војна го завршил шестото  одделение во селското училиште со многу свои врсници. Потоа следела преселбата и патот кон канадската земја. Во 1958 година, кога веќе бил отиден од родното место во беломорието, тој добил покана да се врати назад  за да го отслужи воениот рок во грчките армиски формации. Меѓутоа, се разбира, не се вратил назад. Ништо не можело да го натера да појде и да биде војник во земјата од која заминал. Било најдено Соломонско решение, поточно, платил казна и го затворил тој случај.

Група деца од Егејска Македонија

Во меѓувреме, во Канада  сè поуспешно чекорел низ животните и бизнис патиштата. Бргу се снаоѓал со својата упорност, храброст, умешност и капацитет, за кој бизнис и да се определел. Го бирал тоа што му носи убава перспектива, профит, име и углед во тамошната доселеничка средина.

Со избраничката на неговото срце – Лили, тие за прв пат решаваат во 1972 година да го прелетаат Атлантскиот Океан и да дојдат во Европа, а со тоа да ја посетат Република Македонија и родните огништа во Егејска Македонија. Тоа било и прво нивно доагање на македонските простори од поделената етничка земја.

Најпрвин пристигнале во Хрватска, а попатна станица им бил Загреб, од каде со автомобил го прокрстариле брегот на Јадранското Море, посетувајќи ги  Дубровник, Сплит и други места и градови долж јадранскиот брег. Натаму, преку Црна Гора стасале во  Македонија, каде во оваа земја тие секогаш ке бидат свои на своето.

Речиси еден месец колку што престојувале во Македонија, најмногу денови поминале шетајќи низ селата и градовите, воодушевени од убавините на татковината. Во собе носеле прекрасни доживувања од престојот во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп,Гевгелија, Хераклеја, Пелистер, Стоби, Преспа и каде сè не. Милениумските цивилизациски траги во времето и просторот, биле најверната личната карта за својот род и својата библиска земја.

Отпатувале и во Егејска Македонија. За прв пат по преселбата во Канада, заедно го посетиле родното место, селото Зелениче, кое според литературата припаѓа на Општина Лерин, а духовно, со црквата припаѓа на Костур. Повторно по низа години, Стив со многу емоции и спомени чекорел низ маалата и сокаците, се присетувал на детството, и носталгично застанал на куќниот праг каде што не можело ни солза да се задржи.

Во Зелениче со сопругата Лили ги споделувал спомените   од некогашното време, раскажувајќи детаљ по детаљ од спомените за она што непрекинато навирало во тие мигови. Стив и’ раскажувал на Лили за минатите детски години и со солзи на очите евоцирал спомени од тоа време.

При средбите и разговорите со најблиските кај Стив се пластела тага во душата , бидејќи неговите соселани  не сакале да зборуваат на својот мајчин македонски јазик, уплашени да не ги поткаже некој на грчките власти, тоа е нешто кое тој никогаш не го заборавил,  доживувајќи го како  проклетство, кога ти го забрануваат најсветото.

Стив со поглаварот на МПЦ-ОА и архимандридор Царкњас

Стив и Лили Пљакас си заминале од Европа и се вратиле во Канада каде понеле многу спомени кои ги потврдиле со безброј фотографии. Сето тоа било прикажано пренесено на своите најблиски и на голем број пријатели. Тоа патување за нив бил вечен спомен кој им ги отвори патиштата на вистината и ја потврдил љубовта кон Македонија.

Продолжува

G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top