Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (24)

tgb1

gbt

ЗЕЛЕНИЧЕ, ЛЕРИНСКО – РОДНОТО МЕСТО НА СТИВ ПЉАКАС (II ДЕЛ)

Кога стасавме во Зелениче, застанавме на паркингот кај хотелот што е сместен на двете страни од патот кон Костур, на десната е ресторанот, а на левата страна од патот се хотелските соби. Оттаму има убав поглед кон планината Вич, која се вишнее кон небото и крие многу тајни за вистината на Егејска Македонија и македонскиот народ, за победите и загубите во Ѓраѓанската војна во Грција

Поради Граѓанската војна селото го напуштиле околу шеесет семејства, од кои триесетина пребегнале во поранешна Југославија, а триесетина во источно европските земји. Како резултат на тоа, по пописот во во 1951 година селото броело 1.153 жители, во 1961 година 1.084, а во 1971 година 853, а денес во селото има околу 600 жители, од кои поголемиот број е македонско христијанско население. Жителите на Зелениче се занимаваат со земјоделство, особена садат компири и детелина, а има и повеќе семејства кои се занимаваат со сточарство и неговите производи. Интересно е да се спомене дека секоја година во август во Зелениче се одржува Фестивал на компирот.

Македонскиот народ во Зелениче, а и во целиот егејски или беломорски дел на Македонија, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички им е туѓ на Грците (Просвигите). Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Затоа, националниот состав на населението во овој дел на Балканот има претрпено големи етнички промени, особено по балканските војни и поделбата на Македонија.

До балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сѐ уште се изложени на асимилаторска тортура и присилна миграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија. Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилство и денационализација.

Во егејскиот дел од Македонија, а со тоа и во Зелениче, родното место на Стив Пљакас, продолжија злосторствата, асимилаторската политика врз Македонците и доселувањата на туѓинци (Туркмени) само со православна вера, само за да се смени етничкиот состав на населението и Македонците да бидат што помалку бројни. На илјадници Македонци прогонети и иселени им е забрането да ги посетат родните огништа, во таа земја на „демократијата и чудата“, како милуваше да напише  еден новинар на весникот „Њујорк тајмс“.

tgb2  

Улица во Зелениче 

Кога стасавме во Зелениче, застанавме на паркингот кај хотелот што е сместен на двете страни од патот кон Костур, на десната е ресторанот, а на левата страна од патот се хотелските соби. Оттаму има убав поглед кон планината Вич, која се вишнее кон небото и крие многу тајни за вистината на Егејска Македонија и македонскиот народ, за победите и загубите во Ѓраѓанската војна во Грција.

Ние се спуштивме по улицата која стрмно се спушта кон селото, ведна до хотелските простории. Имавме убав поглед кон селото, кон селската црква и кон улицата која е карактеристична за такови села од збиен тип. Патот води на две страни во селото. Ние ја одбравме десната страна и дојдовме до реката, каде има и стари и нови куќи, детска градинка и поголем број објекти, меѓу кои и три подвижни мостови. Отидовме до крајот на селото до куќата на еден сточар азиски Турчин кој беше љубезен и кој кога го прашавме на македонски јазик, тој  на грчки, со раце со мимики, ни објаснуваше како да се вратиме на главниот пат, сметајќи дека сме се загубиле во селото.

Се вративме по западната улица на селото, која води покрај нови убави куќи, меѓу кои и куќата на селскиот свештеник. Од десната страна на селото гледавме големи куќи, а од левата страна плодно поле и брзо стасавме на главниот пат кон Костур, каде од другата страна на патот има уште еден ресторан.

Така се уверивме зошто Стив Пљакас, како и секој човек  има голема болка за родниот крај. Но, за тоа Господ е голем. Тој наградува и казнува, а во исто време и го чува семето македонско на сите страни во светот, зошто тоа се раширило од пред времето на Филип и Александар, од времето на апостол Павле, па сѐ до денес.

tgb3

Затоа, сите кои ја опишувале Македонија било низ преданијата и легендите, низ трагите на камењата, градбите, археолошките предмети, папирусите и потоа, патеписците и историчарите или обичните смртници, ја доживуваат земјата како библиска, и се фасцинирани од нејзиното богатство и убавина, волшебност и гордост.

Бевме љубопитни повторно да го видиме селото. Овој пат поминавме кај селската црква и завртевме лево. Направивме кружно движење на северната страна на Зелениче и повторно се вративме на главниот пат кај што е лоциран хотелот. Влеговме во ресторанот каде љубезниот менаџер со своите соработници не пречекаи ни приредија добредојде како на странци.

Ние му објаснивме дека сме тука за да го видиме селото на Стив Пљакас и дека по негова препорака сме во овој ресторан и дека сакаме  и го замолуваме да разговараме со главниот менаџер на хотелот Момчето кое беше син на сопственикот на хотелот зборуваше англиски јазик и ни рече дека сме добре дојдени и нè‘ нагости со убави пијалаци и специјалитети на куќата. Потоа со сопственикот, кој беше мошне љубезен, разговаравме на македонски и одвои од своето скапоцено време да поразговараме за селото, за Стив, за повеќе прашања што не интересираа.

tgb4     

      Црквата во Зелениче

По богатиот ручек, се заблагодаривме на љубезноста на момчето , а потоа му ги дадовме поклон книгите со кои имавме проблем на граничниот премин, да му ги предаде на својот татко, да бидат во хотелот, со цел во Зелениче да оставиме спомен во чест и слава на ова македонско село кое е родно место на нашиот голем пријател Стив Пљакас.

Беше попладене кога сонцето се приближуваше кон планините на Запад, кога ние го напуштивме селото Зелениче, родното место на Стив Пљакас. Направивме уште еден круг низ селото, за да видиме како изгледа тоа во попладневните часови и се упативмо по патот кој во води за Костур, а од таму не чекаше патување кон родното место на Лили Пљакас, селото Желево.

Од Зелениче до Костур поминавме низ живописните падини на планината Вич, каде има неколку села и тоа влашкото село Влахови, од каде потекнуваат корените на голем број видни личности во грчкото општество, кои биле непријатели на македонскиот нарот, како што беше министерката – најголемата Гркинка од влашко потекло, Дора Бакујани.

Но, таму, исто така е и револуционерното селото Загоричани, познато македонско село, особено  по Андартскиот колеж во 1905 година. Таму го споменавме и се потсетивме за нашиот пријател д-р Лефтер Манче, кој потекнува од Загоричани, а живее во Отава, во Канада и е познат светски човек, кој со знаење, умеење, со патриотски дух и љубовта кон неговата родна земја Егејска Македонија ја формира фондацијата „Браќа Џидрови“, во спомен на неговите браќа кои ги дадоа своите животи за Македонија.

На тој дел од Егејска Македонија насегде се протегаат прекрасни места што треба да се видат. Тоа што ние го видовме во селото Зелениче ни остави голем впечаток на еден убав македонски крај од каде потекнува Стив Пљакас, кој треба да се гордее дека е Македонец и тоа токму од Зелениче.

Продолжува

G6  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top