Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (25)

STIV111

STIV111

ОД ЗЕЛЕНИЧЕ ДО КОСТУР И ПРЕКУ Д’МБЕНИ ДО ЖЕЛЕВО 

Костурскиот крај бил познат во античкиот период како Арестида и се наоѓал по горното течение на реката Бистрица, а главен град бил Арт и се наоѓал во селото Рупиште. Ова е значајно да се спомене, бидејќи оттаму потекнува македонската династија Аргеади, на Филип Македонски, која подоцна се преселил во Пела. Костур, градот на крзното и на кожарската индустрија се наоѓа на полуостровот што го дели Костурското Езеро на две подеднакво убави половини. Костур наликува на Охрид и по својата местоположба и по природните убавини.

Нашето патување по Егејска Македонија беше со цел покрај селото Зелениче, родното место на Стив Пљакас, да го посетиме и селото Желево, родното место на Лили Пљакас, селото Желево кое е на границата меѓу општините Лерин и Костур, но од западната страна. Затоа од Зелениче се упативме по патот право кон Костур, со цел да се запознаеме со историскиот развој и раскошната природа што ја нуди овој убав македонски град.

Костур, градот на крзното и на кожарската индустрија се наоѓа на полуостровот што го дели Костурското Езеро на две подеднакво убави половини. Едниот дел од градот што се издигнува на полуостровот се огледува во едната, а другиот дел во другата половина на езерото. Куќите се извишуваат една над друга, па навечер, ако се гледа од брегот на езерото, сето тоа изгледа како некоја огромна новогодишна елка со илјадници лампиони кои се огледуваат во позлатеното езеро.

STIV2 

Панорама на Костур

Со својата географска положба, со плодната котлина полна со овошки, со блескавото сино Костурско Езеро и културно-историските споменици, Костур претставува важен туристички, културен и стопански крај, привлечен во сите годишни времиња. Тој е прекрасен за живеење, за одмор и за рекреација.

Поради добрите климатски услови: чистиот и свеж воздух, надморската височина и сите убавини што природата му ги подарила на Костурското Езеро и неговата околина, угостителско-туристичкото стопанство од година во година зазема сè позначајно место.

Од историски аспек костурскиот крај бил познат во античкиот период како Арестида и се наоѓал по горното течение на реката Бистрица, а главен град бил Арт и се наоѓал во селото Рупиште. Ова е значајно да се спомене, бидејќи оттаму потекнува македонската династија Аргеади, на Филип Македонски, која подоцна се преселил во Пела.

Од лимнолошки аспект, пак, треба да се нагласи дека Костурското Езеро е типичен пример на езерата од егејската зона. Тоа спаѓа во групата на десаретските езера, како што се Охридското и Преспанското Езеро и ги има сите својства на езерата од овој тип: висока температура на водата во летниот период, широко крајбрежно подрачје во кое се развива буен животински и растителен свет, карактеристична конфигурација, својствен изглед, посебни климатски услови и интересно историско минато.

Кога човек е во Костур и на брегот на Костурското Езеро има чувство дека се наоѓа во Охрид и на Охридското Езеро, бидејќи Костур наликува на Охрид и по својата местоположба и по природните убавини. Тука природата подарила многу убавини кои, за жал, не се целосно искористени.

STIV3 

Пела

Инаку, градот Костур се наоѓа на југозападната точка на Македонија, на брегот на Костурското Езеро. Некои учени луѓе мислат дека името дошло од реткото животно кастор што се одгледувало во Костурското Езеро и од чија кожа се правеле многу убави и раскошни бунди. Исто така, во Костур има многу цркви, познати базилики и други споменици од историјата и културата.

Направивме круг околу градот и езерото. Видовме многу дуќани за крзно и крзнени производи, а крзното е животот на Костур. По тесните улици пешаците тешко се движеа поради густиот сообраќај, кој како да им пркосеше на гостите да ги видат и доживеат убавините на овој езерски град, град кој е убав во сите годишни времиња. Потоа, се упативме кон источниот дел на градот и на самиот брег на езерото, во летната бавча на еден пристоен ресторан, седнавме да се одмориме, да уживаме и да се восхитуваме на убавините на градот.

Бевме љубопитни да видиме и да разбереме нешто повеќе за костурските ќурчии, за раскошните и скапи крзна што висеа во безбројните дуќани во градот, за езерото и лебедите кои ја дополнуваа убавината на езерската шир, слично како на Преспанското Езеро, сакавме да слушнеме како тие зборуваат македонски јазик на костурски дијалект.

Но времето не нѝ дозволуваше повеќе да се задржуваме и по пријатно поминатото време во Костур се упативме кон Желево, но овој пат од другата страна, од кај Грамос за да го видиме и тој дел на Егејска Македонија каде што загинале голем број Македонци во текот на Граѓанската војна.

Појдовме по патот за легендарното село Д’мбени, родното село на голем број познати и признати од дамнина до денес, меѓу кои и донаторот и хуманист Атанас Близнаков. Тој живееше во Гери, Индијана во САД и ја формираше најголемата Фондација за македонската младина – студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на која фондација  со гордост авторот на овие редови потенцира дека е постојан (доживотен) член.

Исто така, од Д‘мбени, Костурско е големиот пријател на авторот на овој текст, Славе Катин,со кого се гордее, а тоа е познатиот академик Антоније Шкокљев-Дончо, со кого се автори на четири историски дела за Македонија.

Селото Д‘мбени се наоѓа дваесетина километри северозападно од Костур, во јужните пазуви на планината Локвата и Вињари, на надморска височина одоколу илјада метри. Оградено е со планини покриени со варовит камен, поради што се смета дека се дел од западниот македонски планински синџир.

За жал, грчките официјални власти отсекогаш настојувале да ги избришат трагите што потсетуваат дека Македонија почива на античко-словенската земја. Постојано измислуваат закони, декрети, правила, амандмани… По Балканските војни и Букурешкиот „мировен“ договор и поделбата на Македонија, сите имиња на населените места и топоними во егејскиот дел на Македонија ги заменија со елински (грчки). Како резултат на тој акт на таа влада од ноември 1926 година, селото Д’мбени беше преименувано во Дендрохорион.

Селото Д’мбени влегува во состав на реонот Корештата во кој во минатото имало 34 села распослани по источната и западната страна на реката Бистрица. Сите села во Корештата се исклучително македонски, освен едно од кое во немирните години неговото македонско население било сосема иселено, а на нивно место биле населени Албанци-муслимани.

STIV4

Селото Д’мбени 

Д’мбени никогаш не го загубило македонскиот дух и белег, иако постојано било под туѓинско ропство. Неговото население со векови го пренесувало борбениот дух и љубовта кон родната земја и дедовските огништа, чиј магнетизам постојано ги привлекувал Македонците распрснати по светот. Благодарение на тоа, населението од овој дел на Егејска Македонија до крај им остана верно на борбените револуционерни и патриотски традиции.

Продолжува

G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top