Дијаспора

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (1)

vidin1

vidin1

ЖИВОТНАТА ПТИКАЗНА  НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ (ДЕЛ I) 

Животната приказна на семејството Видиновски е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички  летопис  во Торонто – Канада, но и во пошироките  простори  на северноамериканскиот континент. Рада и Борче Видиновски, како горди Македонци, се познати, доблесни имиња на активисти и поети, кои со својот ангажман, активност во творечкиот опус, поетскиот збор и порака, оставаат културни достоинства за идните времињаи за следните генерациите

Рада и Борче Видиновски пленат со својата родољубивост и силна посветеност за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на Канада. Животната приказна на семејството Видиновски, истовремено, е и скромен дел од историјата на неговото родно Крстоар, Битолско, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на нивната татковина – Македонија.

Затоа што она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски, или како што е познат Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, сé до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава.

Затоа може да се рече дека со монографскиот труд за доблесното семејство Видиновски во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Во монографијата посебно место е посветено за Битола и битолскиот крај, во кој спаѓаат и родните места на Борче и на Рада Видиновска. Така, во неа се вели дека Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат е најголем градски центар во Пелагониската Котлина од дамнина и се протега во југозападниот дел на Вардарска Македонија.

vidin2  vidin3   

Рада и Борче Видиновски

Пелагониската Котлината, пак, во која припаѓа и дедовскиот крај на семејството Видиновски, кое е распрскано по многу земји во светот – убавото село Крстоар, како нејзино предградие, како и селото Живојно, кое е сместено во срцето на Пелагонија. На патот од Битола за Крстоар се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, основан во IV век пред Христа од Филип II Македонски, владетелот на Античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја испреплетена со просперитети и разурнувања.

Со надоаѓањето, со навлегувањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја. Во XIX век, додека во битолските села, особено во потпелистерските села како што е селото на семејството Видиновци – Крстоар, како и во други пелагониски села како што се селото на семејството Крстевски од село Живојно, се воделе борби за зачувување на животот, имотот и честа, во Битола и во Битолскиот вилает.

Македонците од овие битолски краишта настојувале да ја преземат целокупната општествена дејност за да си ги задоволат своите еснафско-трговски потреби. Низ таквата борба македонското граѓанство во Битола успеало да отвори свои училишта. На 4 ноември 1944 година борците на Седмата бригада го ослободиле градот Битола.

Така, Народноослободителната борба и народната револуција во Битола и Битолско биле крунисани со полн успех, а за населението во овој слободарски крај на Македонија започнала ерата на слободниот, национален, социјален и стопански развој исполнет со голем хероизам, ентузијазам и работни победи.

vidin4

Семејството Видиновски од селото Крстоар ја напуштило својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не ги напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Борис (Борче) и Рада Видиновски, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло, сместена на балканските простори.

Дел од животот и делата на Борче и Рада Видиновски е сместен во монографија насловена „Семејството Видиновски“ што ја подготви на македонски и на англиски јазик авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин. Монографијата е еден вид биографско-публицистичко дело и претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и Рада од Крстоар и од Живојно, Битолско.

Монографијата за семејството Видиновски е поделена на неколку дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и Канада. Првиот дел е насловен „Македонија – татковината на семејството Видиновски“, во кој се поместени текстови за Македонија од античко време до денес, за Битола и битолскиот крај и за слободарскиот дух на тие македонски простори.

Во вториот дел под наслов „Поетесата Рада Крстевска – Видиновска“ се дадени текстовите за животната приказна за поетесата Рада Видиновска, нејзините поетски остварувања од повеќе од триесет години, како и нејзиниот израз на поетските чувства на Струшките вечери на поезијата, како и даден е дел од животната приказна на нејзиниот сопруг Борче Видиновски, како семеен човек, како бизнисмен, како активист во македонските асоцијации во Торонто и како скромен поет.

vidin5  vidin6

Третиот дел од монографијата „Историското и духовното живеење во Крстоар“ ги содржи тектовите под наслов „Од  Широк Сокак до манастирот Свети Христофер“ во Крстоар, потоа се поместени текстови за црквите, манастирите и другите природни знаменитости во Крстоар, како и посрбрн текст за Буковскиот манастир „Свето преображение Христово“ кој е сенароден духовен центар.

Во четвртиот дел се поместени текстовите за учителот и големиот македонски револуционер Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец, кој оставил вечни траги во националното живеење. Потоа е поместен текст за војводата Тодор, прадедото на Борче Видиновски кој бил во четата на Ѓорѓи Сугарев и кој бил единствен преживеан борец од битката, како и е поместен пригоден текст за борачот – најсилниот маж, Тодор Јурукот од Крстоар.

Петтиот  дел е насловен како „Семејните корени на фамилијата Видиновски“, во кој се дадени семејните дрва на Борче и Рада и нивните семејства, потоа е поместен текст  за корените на семејството Видиновски од Нивици, Преспанско до Крстоар, Битолско, за Егејска Македонија, земјата на корените на семејствата Видиновски и Крстевски, како и текст за Крстоар како дел од македонскиот иселенички регион под Пелистер.

Шестиот дел е посветен на родното место на Рада Крстевска Видиновска, селото Живојно во Мариово, при што се дадени текстови за историскиот развој, за образовните, за културните процеси и културните знаменитости, како и биогравски податоци за познати и признати личности од Живојно.

Седмиот дел под наслов „Канада – Втората татковија на семејството Видиновски“ содржи пригодни текстови за Торонто, за активностите на Рада и Борче во Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“, во Организацијата „Обединети Македонци“ и посебен простор е посветен за нивните активности во Литературното друштво „Браќа Миладиновци“,

Осмиот дел под наслов „Поезијата – дел од животот на Рада Видиновска“ е посветен на нејзиното учеството на Струшките вечери на поезијата, со посебна нагласка на добивањето на престижната награда на Матицата на иселениците од Македонија „Иселеничка грамота“ што Рада ја доби на 31-те Струшки вечери на поезијата.

Потоа е поместен текст за Рада Видиновска и усвојувањето на првото признание „Златен клас за македонски вознес“ на Пелагониските средби во Новаци и текст за посебното признание од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Во додатокот е посветен посебен простор на признанијата, пофалници и дипломи што Рада Видиновска ги добила од голем број македонски асоцијации во Македонија и во иселеништвото, како и текстови кои се однесуваат на богатото поетско творештво на поетесата Рада Видиновска.

Продолжува

slave 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top