Дијаспора

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА – СТОЛБ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

MD

MD

Предавничката влада на психопатот Заев и неговите заевци кои се со ниска интелигенција продолжуваат да ја омаловажуваат Дијаспората. Се поставуваат советници за тоа како да се продаде се` што е свето во македонската историја: Александар, Самоил, Кирил и Методиј, Илинден па еве сега и Гоце Делчев. Зошто не се назначат советници од Дијаспората?

Сведоци сме повторно на препукување од Република Македонија кон Дијаспората, за тоа кој е поголем патриот или националист. Од само неколку истапи на Заевци како (договори со Атина и Софија) може лесно да се увиде дека покрај политичарите така и голем број на нивни бриши-газовци како Ѓорѓи Галетановски, Владо Јовановски, Снежана Лупевска и други (во западниот свет познати како dogs-кучиња) покажаа дека немаат никаква гордост кон она што се градело и постигнало. Во спротивно, Дијаспората е горда на својата историја и нација на својот јазик и култура и на се она што потекнува од поднебјето на Македонија. Дијаспората е најголемиот амбасадор на Република Македонија, постојано лобираат за чување на македонскиот идентитет и држава. Дијаспората истапи против предавничите договори со Атињаните и Бугарите со кои договори се започна процесот на нашето уништување. Дали Дијаспората е крива за тие договори или пак Заев и заевистите потпомогнати од Соровците како и шарените хулигани на Павле Богоевски се криви што ни се сече главата на камениот мост? Кучината на Заев лаат и лаат и го бранат „стопанот“ за да ги покријат неговите грешки. До вчера ги шареа и еве сега ги украдија пумпите и рефлекторите на спомениците во Скопје  – го рушат изграденото па од утре ќе им ги сечат нозете и рацете на споменикот на Александар Македонски па ќе ги продаваат во некое стовариште на старо железо – онолку колку Атињаните ќе понудат. Тие немаат почит кон своето – ја силоваат својата мајка, прават девијантство и сега ја окривуват Дијаспората. Препорака: Земете си ја одговорноста и со вашиот психопат Заев одете да се лечите во некоја душевна болница.

Со промената на името, Дијаспората нема да ја посетува Македонија како порано. Се дознава од патничките агенции дека оваа година бројот на патниците за таа дестинација е намален повеќе од 50%, а кој може да ги окривува – кој сака да оди во својата држава да биде понижуван, малтретиран, непочитуван и да биде сведок на обезличување. Дијаспората нема да си ги обновува своите стари патни исправи, нема да гласа на избори и нема да испраќа пари за помош на своите роднини, болните и загрозените. Да потсетиме, не постои црква или манастир во Македонија што не бил помогнат да се обнови или реставрира од Дијаспората. Дијаспората внесува пари и ја подржува македонската економија за да се исплати државниот долг. Или пак сега се очекува Заев и сите тие пратеници (предавниците) да ги внесат парите во буџетот од продажбата на Македонија и го платат повеќе милијардскиот долг.

Да се запрашаме, што има Република Македонија дадено за Дијаспората? Апсолутно ништо! Сите цркви и манастири (повеќе од 40), спортски клубови, фолклорни друштва и асоцијации се изградени и створени од самите Македонци кои таму живеат. МПЦ ги испраќа поповите да служат, платени од Дијаспората. Владиците, покажува искуството во Австралија со судските црковни спорови, донесоа само раскол во заедницата. Во периодот на Југославија преку Матицата на иселениците, амбасадите и конзуларните претставништва и преку поповите и МПЦ, УДБА вршеше раскол и ги делеше Македонците на Југословени и националисти (патриоти) со кои не соработуваше. Со книгите што се донираа во Дијаспората се ширеше југословенизмот, како сега што ќе се проширува „северната“ политика, па ќе се донираат учебници полни со лаги и отров на Заевци. Уништувањето на македонизмот ќе продолжи само ако им дозволиме.

Ние во Дијаспората никогаш нема да ги прифатиме капитулантските договори со Атина и Софија, ќе си останеме Македонци, си ја сакаме Македонија и ќе си ја промовираме онаква каква што беше – неподелена, нераспарчена, па вие нарекувајте не` националисти – тоа не` прави горди. Вие именувајте се онака како што ви се свири: играјте го орото на срамот – гордоста им ја фрливте на глодарите. Историјата можете да ја менувате, вие ќе бидете хероите на новата држава, а не овде во Дијаспората. Заев, Димитров и пратениците кои ги прифатија договорите, за нас секогаш ќе бидете предавници, изроди, силувачи на мајката Македонија.

Се покажа дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, а најмалку СДСМ ги штитат интересите на Македонците од Дијапората и на Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија. Време е Македонците од Дијаспората да си формираат своја политичка партија и да влијаат во политичиот живот на Република Македонија и да не дозволат Македонија да се турка во јама со фекалии. 

Душан Ристевски – Македон

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top