Дијаспора

Со нелеганиот Преспански договор, на Македонците од Егејска Македонија е забрането да постојат

921

921

Со нелеганиот Преспански договор, на Македонците од Егејска Македонија (анектирани од Грција во 1913 година) им е забрането да постојат

Соединетите Американски Држави, Европската Унија и западните држави ја принудија Република Македонија да си го смени името во „Северна Македонија“, а сите Македонци ги тераат да си го сменат идентитетот во „Северномакедонци“. Во тек е принудно менување на македонската историја – вклучително и печатење на нови учебници и наставни програми – сето тоа со цел да и се задоволат барањата на Грција. Промените на нашата историја мора да бидат „одобрени“ од Грција, земја во која отворено се слави бришењето на Македонците. Сето тоа во рамките на анти-македонскиот, про-западен „Преспански договор“.

Македонците ученици веќе нема да учат дека македонските херои биле Македонци. Ќе им биде кажано дека тие се „бугарски“. Ќе бидат учени дека древните Македонци биле „Грци“. Двете тврдења се и смешни и трагични. Нема да смее да се учи за поделбата на македонската територија во 1913 година меѓу Србија, Бугарија. Грција, а подоцна и Албанија. Сите овие земји вршеа кампањи за етничко чистење на оригиналното македонско население. Името Македонија се негираше и брутално се бришеше. Особено во Грција, која го забрануваше името Македонија, и дури од неодамна отпочна кампања со која инсистира дека името е нивно. 

Но зошто? Грчките водачи признаваат дека овој шокантен пресврт во нивната пропаганда беше организиран за полесно да се негира вистината за систематското прогонување на македонското малцинство на грчка територија. Идејата е дека, ако угнетувачот го контролира името на угнетуваниот, може да го негира угнетувањето. А Западот безгласно го прифаќа овој план.

Кој е интересот на Западот што го овозможува културолошкиот геноцид што го врши Грција? Грција најави дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО се додека не го смениме името. Западот одбра да ги следи своите империјалистички интереси и да го прошири НАТО, а со тоа да го дозволи грчкиот културолошки геноцид – на сметка на една цела етничка група – на Македонците.

Погледнете го ова видео (https://youtu.be/x9qIxNc5ANY). Ова е македонскиот илинденски фестивал во Овчарани, Егејска Македонија, каде илјадници Македонци се собираат секоја година да ја прославуваат својата македонска култура и историја. Но, според членот 7(2) од илегалниот „Преспански договор“, на овие Македонци не им е дозволено да постојат, додека изразите „Македонија“ и „Македонци“ стануваат сопственост на Грција. Македонците претрпеа повеќе од еден век угнетување од страна на Грција, само затоа што се Македонци, и според грчките закони им е забрането да се декларираат како Македонци. Сега, со „Преспанскиот договор“, кој беше наметнат од Западот, грчкиот анти-македонски расизам беше официјализиран. 

Понатаму, Западот ја игнорира следната ужасна иронија – Грција, по анектирањето на Егејска Македонија, ги смени имињата на сите македонски жители, на македонските села и градови, и ги преименува во грчки. Но, ако Македонија навистина „отсекогаш била грчка“, тогаш и овие имиња бездруго веќе ќе беа грчки. До 1913 година целата Македонија беше под петвековното сурово турско ропство, но сепак сите македонски имиња си останаа МАКЕДОНСКИ. 

Но, Западот го прифати грчкиот аргумент дека нивното право врз Македонија е „старо“ додека македонското право на МАКЕДОНИЈА е „ново“. Со тоа ја видовме целосната дволичност на Западот.

Ве прашуваме, сите вас на Западот, што ќе сторевте ако ова истото се случуваше со вашата етничка заедница? Македонците БАРААТ поддршка од вас за да ставиме крај на анти-македонските обиди за менување на нашето име и идентитет. Ако молчите, поддржувате расизам и геноцид врз една цела култура. 

Ве повикуваме и вас, Македонците. Реагирајте веднаш. Немојте само да го критикувате преименувањето. БАРАЈТЕ тоа да се поништи. БАРАЈТЕ поддршка насекаде. Контактирајте со ММДЧП и ДЕЈСТВУВАЈТЕ ВЕДНАШ – http://mhrmi.org/act-now 

Помогнете ни да го спречиме менувањето на името и поддржете ги нашите безбројни проекти за заштита на човековите права во сите делови на распарчената Македонија – http://mhrmi.org/donations 

НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Да го одбраниме.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top