Дијаспора

Борбата на Илинденците продолжува!

ILINDEN2

ILINDEN2По повод Илинден-ИЛИНДЕНСКА ПОЕТСКА СРЕДБА ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на 2-ри Август во своите простории одржа Поетска средба посветена на Илинден и Илинденци.

На првиот дел од програмата Протојереј Наум Деспотовски од Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ одржа парастос за паднатите борци на двата Илиндени и за сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија.

Потоа следеше читање поезија посветена на Илинден и Илинденци од поетите Иван Трпоски, Лилјана Тошеска, Димче Џајкоски, Гроздан Јовановски, Перо Дамчевски-Коцин и Душан Ристевски.

Следеше општа дебата при што се нагласи уништувачката за македонската нација политика на сегашната марионетска влада на Заев кој погази на се што е македонско, погази на крвта што се пролеа на паднатите борци, погази на духот што го обединува македонскиот народ а тоа е јазикот, културата, историјата, религијата и земјата, нашата мајка Македонија.

Присутните едногласно донесоа одлука членовите на македонското литературно друштво „Григор Прличев“, Македонците од Австралија и Дијаспората како и оние од поробените делови на Македонија да продолжат со борбата против марионетската влада и нивните предавнички договори, да не ја предаваат својата историја и да продолжат да ја промовираат на културен план Македонија и македонската нација.

Македонско име нема да загине!

Борбата на Илинденците продолжува!

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

To top