Дијаспора

Монографското дело за Светле (Стив) Стамевски – пријателот на семејството Буш (13)

monograf1

monograf1

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Монографијата “Светозар-Светле Стамевски”. Автор е двoјазично дело, на англиски и на македонски од Славе Николовски-Катин, а е издание на книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје. Оваа значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид, претставува исцрпен осврт за потеклото,животниот пат и постигнувањата на Светозар-Светле Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор, и на неговото семејство 

Во исто време, монографијата е огледало за семејството Стамевски, како и за личноста на македонскиот бизнисмен, активист во политичкиот живот на Мичиген, поранешен претседател на Македонската православна црква “Св. Богородица” во Детроит, и човекот кој има голем удел за тоа Република Македонија да биде призната под уставното име од страна на САД. Книгата претставува луксузно издание и е печатена на повеќе од 220 страници (А4 формат), со бројни фотографии, од кои најголем дел се во боја, почнувајќи од стари снимки во Македонија, па сe’ до последните фотографии на Светле Стамевски и неговата сопруга Светлана во друштво со американски претседател Џорџ Буш и со други видни личности од општествениот живот на Соединетите Американски Држави и македонската комуна.

Монографијата на Светозар-Светле Стамевски од Славе Катин, во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Со тоа и ова дело значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина. Книгата е поделена на девет делови.

Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословот на ова семејство, нивниот историјат во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во Македонската заедница, особено во Македонската православна црква “Св Богородица” во Детроит и други значајни настани, кои ова дело го прават интересно за читање.

Со оваа монографија уште еднаш се успеа да се оттргне од заборавот и да се овековечи дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на бизнисмен Светозар-Светле Стамевски, чие потекло е од селото Одри, Тетовско.

monograf2

Еден од  Македонците кои постигнале успех во полето на бизнисот и човек кој ја афирмира Македонија, секако, е Светозар–Светле (Стив) Стамевски од селото Одри, Тетовско. Тој е македонски емигрант во државата Мичиген, САД, истакнат бизнисмен во Детроит, добро познат и признаен донатор, хуманист, и лојален патриот на Македонија и САД.

Неговото семејство ја искусило секоја фаза на македонското распетие, во настаните типични за долгата борба на македонскиот опстанок, не само во старата татковина, Македонија, туку и во новата средина, САД. Тоа е семејство за почитување и треба да послужи како пример за другите Македонци  во двете татковини, бидејќи успехот на работата на Стамевски е прекрасен пример и инспирација на едно честито и благородно  семејство. 

Светле (Стив) Стамевски е горд на својата стара татковина, Македонија, а ја почитува и дава значаен придонес и во новата татковина, САД. Тој е човекот кој  дава свој прилог за афирмирање на Македонија, која треба  успешно да чекори кон демократските реформи во рамките на европските и светските интеграциски процеси. Стамевски еистакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на поранешниот претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и неговото семејство. Тој е активист во политичкиот живот на Мичиген, повеќе- годишен претседател на Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит и човекот кој има голем удел Република Македонија да биде призната под уставното име од САД.  

monograf3
Претседателот Буш и Стамевски

Инаку, Светле Стамевски е роден во селото Одри, Тетовско. Тоа е село вгнездено во полошката питомина, кое повеќе од седум века, живее, се гради, се развива и тагува, се шири и се иселува. Одри е едно од најраскошните села во Тетовско, во чии  атари се наоѓаат корените и потеклото на големото македонско семејство Стамевски. Тој доаѓа во селото во убавата и богата куќа. На дедовските корени од дедо му Крсте и татко му Тврдомир. За жал, бројот на Македонците во селото Одри постојано се намалува, додека албанската популација рапидно се зголемува, исто како во селата Теарце, Пирок, Камењане и други.

Интересно е да се спомене дека во средината на XV век (1545 година) во ова село живеело само македонско население и, за разлика од денес, тогаш тоа било чисто македонско село. Денес во селото живеат повеќе од 1.600 жители од кои само стотина се Македонци. Во селото Одри опстојува на времето и настаните црквата „Свети  Димитрија“ која била изградена во XIV век.

Светле Стамевски потекнува од печалбарско семејство. Неговиот дедо заминал за Америка во далечната 1919 година, а Светле тргнал по неговиот пат и го вкусил печалбарскиот леб во 1971 година, кога и се преселил кај своите родители во Детроит. Таму, неговиот татко Тврдомир ја поставил основата на бизнисот, во кој вложол многу труд, време, памет и средства.

Тогаш го купиле ресторанот, кој е место за средби и разделби, а потоа Светле започнал да купува недвижен имот, кој им обезбедил напредок во бизнисот. Така, денес семејството на Светле Стамевски е сопственик на пет големи трговски центри во различни места во Мичиген и Охајо. Тие се сопственици на шеесетина дуќански простории и друг имот. Неговиот луксузен дом претставува привлечно и богато катче за живеење.

Светле станува личен пријател на семејството на Лора и Џорџ Буш. Многу пати, заедно со својата сопруга Светлана ги посетил на нивниот приватен имот во Тексас, каде минале незаборавни денови во долги разговори за најразлични теми, особено за Македонија. Но, за Светле ќе остане незаборавен митингот во Охајо, после кој САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

Светозар Стамевски е немирен дух кога станува збор за афирмација на националните достоинства, и кога станува збор за името македонско, на црквата македонска, на својот народ и на своите две татковини – македонската во која се роди и американската каде со своето семејство век векува.

monograf4

Црковната управа на МПЦ „Св. Богородица“ и претседателот Стамевски

Тој е дел од сиот тој колаж на себеорганизирање на Македонците во најголемата македонска колонија во САД, во најголемиот светски центар на автомобилската индустрија, а тоа е Детроит. Среќен е што повеќе млади Македонци способни генерации родени и образовани во САД, навлегуваат во сите сфери на животот, во индустријата, економијата, науката, универзитетите и друго.

Уште од првите денови на неговото доаѓање во Америка, Светле доаѓа во духовните светилишта. Со гордост зборува за најголемиот и најубавиот високоиздигнат македонски храм во Детроит, македонската црковна општина „Раѓање на Пресвета Богородица“. Тој е активен уште од 1974 година кога се формира Иницијативниот одбор на оваа значајна Македонска православна црква. Потоа, кога се одбележуваше 75 години од Илинденското востание, кога митрополитот Кирил го изврши осветувањето на местото, и кога во 1980 година го изврши осветувањето на стариот објект, како и за новиот, денешен објект кој е осветен во 2000 година..

Црквата „Света Богородица“ е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци, особено од тетовскиот крај, кои живеат во метрополата Детроит и пошироко. Таа е организатор на бројни активности, меѓу кои и на црковно-народни собири.

Светле Стамевски повеќе пати бил во управата на црквата, бил кум и два мандата бил претседател. Во исто време, тој бил во повеќе делегации кои ја посетиле Република Македонија и се сретнал со бројни личности од државниот врв на Република Македонија, со дипломати и црковни достојници. Меѓу другото, бил на повеќе средби во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок, особено по неговото вандалско разрушување. Го помогнал реновирањето на манастирот, како и изградбата на манастирскиот комплекс на Попова Шапка „Свети Наум Охридски“.

За негова тага го посетил неговото родно село Одри кога криминално-терористичките банди му ја ограбија куќата во селото и му ги украдоа неговите три автомобили. Тогаш беше и член на делегацијата на тетовци од Детроит кои ја посетија Република Македонија и тетовскиот крај.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top