Дијаспора

ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНИ ДЕТСКО-МЛАДИНСКИ ДНЕВНИЦИ

kuku

kuku

ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНИ ДЕТСКО-МЛАДИНСКИ ДНЕВНИЦИ

ОД МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКИОТ АВТОР, ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА 

Во пресрет на 11 септември, денот кога прерано згасна животот на американско-македонската писателка за деца и младина, Емилија Кукубајска, ЕМАРИ Институтот – Штип, директор Др. Елена Јовева, објави пилот издание на необјавените дневници на Емилија, водени од 1993 до 2003 година. На 436 страници, а4 формат, отпечатени во „2-ри Август“ Штип, дневниците се напишани на англиски јазик, и ќе бидат издадени во странство.

На дневниците им претходи вовед од универзитетската професорка по детска литература на Катедрата за македонски јазик и литература, и поранешен декан на Филолошкиот факултет на УГД – Штип, д-р Јованка Денкова. Предговорот е на приредувачот на дневниците, и мајка на Емилија, пензионираниот универзитетски професор по англо-американска литература и култура, УГД, ФФ, Штип, д-р Марија Емилија Кукубајска. Преводот на сегменти од македонски на англиски е на Наде и Андреј Стефановски.

Вклучени се и цитати од книжевни рецензии објавени во претходната двојазична книга писма на Емилија „Вселена во вселената“ (Versed in the Universe), EMARI, 2007. На почетокот од дневниците се внесен избор мислите на Емилија, а на крајот се додадени необјавени писма, најава за идната автобиографска книга на Емилија Кукубајска. 

Проф. Јованка Денкова, доктор по детскалитература, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Филолошки факултет, катедра за македонски јазик и литература

Дневниците на Емилија, Еми, Кукубајска, „На листата на чекање за живот“ (On the Waiting List of Life – Emi’s Diaries), се прв и единствен од ваков вид постхумно издаден жанр за деца и млади во историјата на македонската книжевност. Дневниците се напишани на англиски јазик кој е официјален јазик на авторката, иако таа е од македонски родители од Штип, Македонка родена во Африка и израсната во САД.

Детето – автор почнува да ги бележи своите интимни доживувања без да има цел да ги објави, туку да ги евидентира своите лични видувања на животот, луѓето и светот од својата 13-годишна возраст, иако години подоцна пројавува желба и за објавување на дневниците. 

Емилија Кукубајска е вонредно надарено дете, кое на училиште во два наврати зема две години во една, и е најдобар математичар во генерацијата, вежба во Kumon Math Institute, има натпросечна меморија и интелигенција, ги чита Карл Сеган и Стивен Хокинг на 12 години и сака да биде космолог и астрофизичар како нив, освојува награди по пеење, свири клавир, црта и, над сè, ги сака луѓето и им се радува на убавините во нив, и во светот. Таа не можела ни да сонува, ниту да претчувствува дека после само две години ќе отпочне борба за живот, против болеста лупус која постојано и брутално ќе ѝ го одземе здравјето, за на крај да ѝ го уништи и животот, на само 27- годишна возраст.

Авторот изјавува пред својата егзистенцијална свест и конструктивна совест дека нејзините дневници нема да бидат лична историја на болеста како слабост и немоќ. Го документира својот живот со намерна дистанца од здравствениот проблем, не затоа што го крие од светот, туку затоа што му се спротивставува со молчелива и прибрана храброст, без збунетост и страв, со верба во науката, и пред сè во љубовта кон најблиските, а над сè, во љубовта кон Господ кој за неа не е измислена или надрасната културолошка категорија, туку и тајна над тајните и реалност што ги содржи сите „реалности“.

Современото и учено дете-автор, својата желба за квалитетен и активно исполнет живот ја изразува преку едноставна и искрена нарација која не е оптеретена со описи на надворешна атмосфера. Со јасна мисла и прониклив јазик, без претенциозни метафори, нарацијата е психолошка, со детски а потоа и младински дискурс, и пред сè фокусирана на внатрешниот свет на карактерите. Ги анализира личностите, дебатира со спротивставени ставови и документира факти и настани, вклучувајќи делумно и патописни и мемоарски елементи во автобиографскиот, автентичен дневник.

Дневниците на Еми не се фиктивна литература, туку лично документиран животен журнал, кој комуницира со повеќе од 400 карактери од своето опкружување. Фактот што на тие личности им се дадени фиктивни имиња не одзема од оригиналноста на раскажувањето. И авторот-наратор, како и подготвувачот на ова издание (мајка и’, Марија Емилија Кукубајска) со тоа го заштитуваат идентитетот на личностите, како и слободата на изразување, оградувајќи се од случајни препознавања, цензури или легално-правни постапки. 

kuku 2

Дел објавен на задната корица од книгата (од есејот на проф. д-р Марија Емилија Кукубајска) 

Дневниците на Еми ги бележат нејзините зравствени војни, живеејќи помеѓу еден вид „затвор – дијализа“ и нејзината благородна љубов за живот… Патување низ болката на созревање, од здрава надарена детска восхит до уништување предизвикано од лупус. Нелесна средба со нејзината генерација која минува низ атрофија на морални вредности. На 15 годишна возраст, озарената невиност на Емилија е растргана помеѓу крикот за помош и вербата дека ќе победи во овие војни за здравје, во потрага по слобода од рана смрт. Одлучна да истрае додека науката да открие решение за нејзиното заболување, се одржува со сопствената внатрешна нежна благодат, вистинска љубов и благодарност што постои, споделувајќи ја со сите, вдахновена од Создавачот на световите и неговата ненадмината моќ за љубов, и за чуда.   

 Очекувајќи нов бубрег, „на листата на чекање за живот“, Еми длабоко и совесно се нурка во нејзиниот тинејџерски и младински опстанок. Култивира алтруизам без норми, осмелувајќи се да испитува и корегира морални, културни и општествени заблуди кај нејзините врсници, во Америка и Европа. Обземена од тешки витли во здравствените битки, таа менаџира да ја води својата верна посветеност кон разбирање на оние кои ги изгубиле доблесните морални вредности, и да го едуцира нивното себично, вештачко его опседнато со материјализам.

Истражувањето на карактерот на нејзините пријатели и почитувачи се одвива и над нејзиниот вербален дискурс за супериорноста на умот над телото. Во нејзините искрени интелектуални конфронтации со базичните инстинкти кај другите, таа често се соочува со остри препреки, заштитувајќи ја својата непоштедна чесност против нивната измамливост, со отвореност против хипокризија, храброст против кукавичлук и верување во иднината, против очајот. Нејзината љубов за подарокот наречен живот и’ овозможува да додаде 11 години живот за кој лекарите не можеле воопшто да гарантираат, а тој постанува бајковита приказна.

Нејзиниот систем на вредности гради мостови помеѓу крајностите: „да се има и да се нема здравје“. Нејзината интуитивност и интелигенција се впуштаат во преиспитување на самата себе и другите, вложувајќи сериозни емотивни, ментални, духовни и културолошки квалитети за справување со моралните разлики кај другите. Пробивајќи се низ бури во убиствените полиња на лупусот, Еми бара одговори и се изложува на опасности од лажни квалитети помеѓу луѓето на лагата, по помалку патуваните правци. Од себе напорно бара да се увери дека слободата да ги разбере другите не значи и слобода од одговорности, во свет со искривени поимања и пореметени идентитети, помеѓу привилигираните и другите, помеѓу здравите и болните кај обете страни, во болестите на општеството и на културата.

Постоеше болест, измачување и смрт во кампот на Ана Франк. Имаше повторливи напади на лупус волкот во кревкото тело на Еми. Тие напади ја убија Еми на 9/11/2006. Дојде од САД во Македонија, да ја утеши својата сакана баба, која почина од рак, 6 недели откако Еми се врати во етерот на бесконечноста.

kuku31997 Холивуд Бол.                                                        

kuku 41998, дома во Скопје

kuku5Со сенаторот Марша Блекберн, на промоција на книги во Херитиџ Фондација, Вашингтон, 2002.

kuku6

На клинички испитувања кај проф. д-р Денис Фаустман, Харвард, еден месец пред смртта, 2006.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top