Дијаспора

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (14)

pophristov1

pophristov1

УЧИТЕЛОТ И РЕВОЛУЦИОНЕР ЃОРЃИ ПОП ХРИСТОВ – КРСТОАРЕЦ (I ДЕЛ)

Во селото Крстоар се родени голем број непознати и познати личности кои на свој начин дале свој придонес на македонското минато, сегашност и иднина. Еден од најголемите крстоарци во минатото бил, секако Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец (1876–1962)

Во плејадата на македонски револуционери кои целосно и доследно се бореле  под светата парола „слобода или смрт“,свое место зазема и револуционерот од Крстоар, Ѓорги Поп Христов. Тој како и други македонски дејци во времето на поранешниот систем од идеолошки причини на одреден начин беше заборавен од колективната свест на македонскиот народ. 

Ѓорги Поп Христов – Крстоарец претставува еден македонски деец, кој понесен од револуционерната идеја, стремеж, неотстапност и желбата за слобода на поробениот македонски народ се издигнува во еден фанатизиран идеалист кој целосно и доследно му е предаден на македонското ослободително дело.

За ликот и делото на Ѓорги Поп Христов има да се пишува многу, тој има доста голем револуционерен стаж кој опфаќа повеќе периоди: предилинденскиот, илинденскиот, постилинденскиот, периодот на Балканските војни и неговата дејност во редовите на македонското револуционерно движење по Првата светска војна, како истакнат деец на ВМРО.

Тој е македонски учител и револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Учителствувал во Кавадарци, Прилеп и Битола и бил член на Битолскиот окружен комитет (1900 – 1903). Во 1903 година учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Леринскиот реон. По Првата светска војна бил член на ЦК на ВМРО (1925), а од 1928 година во протогеривистичката ВМРО.

pophristov2

Ѓорѓи Поп Христов е роден во 1878 година, во свештеничко семејство во селото Крстоар. Основното образование го завршил во селото Буково, а потоа учел класична прогимназија во Битола. По завршувањето на IV клас во учебната 1892/93 година, станал учител во родното место, а по една година заминал за Солун каде и учел во Солунската егзархиска гимназија.

Откако во текот на учебната 1894/95 и 1895/96 година го завршил педагошкиот курс, Ѓорѓи Поп Христов бил назначен за учител во Кавадарци, каде се вклучил во Македонската револуционерна организација. Потоа учителствувал во селото Варош, а во учебната 1898/99 во Прилеп. Набрзо потоа бил поставен за училиштен инспектор во Леринско, каде помагал да се развијат комитетите и да се формираат чети, меѓу кои и четата на Марко Лерински. Во зимата 1900-1901 година учествувал во формирањето на повеќе чети во Леринско, Костурско, Демирхисарско, Крушевско, Ресенско.

Ѓорги Поп Христов во својот плоден револуционерен живот целосно и предано му служел на македонското револуционерно движење. Тој претставува деец кој е карактеристичен по својата скромност, посветеност и одговорност во извршувањето на задачите дадени од Организацијата. Уште од неговото рано детство се појавува бунтовноста и желбата за слобода на својата земја. Првите школски денови ги поминал во селото Буково, кое во тој период било под засилено влијание на грчката пропагнада.

Завршил четврти клас Гимназија во Битола во 1896 година, а веднаш потоа бил назначен за егзархиски учител во родното село Крстоар и некои околни села. Помеѓу своите ученици Горги Поп Христов сé повеќе ја поттикнува бунтовноста посебно против турската власт и грчката пропаганда, отворено пропагира и ја искажува својата бунтовност против гркоманите и гркоманските учители.

Во 1898 година Горги Поп Христов учествува во формирањето на окрузите во Костурско и Леринско заедно со Павел Христов. Поп Христов неуморно крстосува низ костурските и леринските села, каде за првпат летото 1900 година, по негова иницијатива ќе се формира чета, а за нејзин војвода ќе бидие избран Георги Иванов-Геројски (Марко Лерински). По избувнувањето на Попставревата афера и апсењето на Даме Груев на 18 август 1900 година, од османлиските власти, Ѓорги Поп Христов ја обавува улогата на заменик-претседател на Битолскиот револуционерен округ.

pophristov3

Во револуционерниот илинденски период на Македонија, меѓу другото, во 1900 година, по препорака на Дамјан Груев, за да не се посомневаат турските власти, Ѓорѓи Поп Христов дошол во Битола да учителствува во основно училиште. Истата година бил избран за член на Окружниот комитет на ТМОРО во Битола. Во периодот од 1900 до 1903 година, како член на Битолскиот револуционерен комитет, тој ја обавувал и секретарската дејност во месното архијерејско намесништво на Битолскиот округ.

Во почетокот на 1902 година го придружувал Гоце Делчев за време на посетата на Костурско, но, набргу потоа,  во провалата која се случила во Битолско, Ѓорѓи Поп Христов бил уапсен  на 12 февруари 1902 година од турските власти и потоа осуден на смрт. Една година  потоа,  на 22 февруари 1903 година, тој бил амнестиран.

Во подготовките за Илинденското востание, Поп Христов учествува на Смилевскиот конгрес како претставник од Битола. На Конгресот, Поп Христов и Парашкев Цветков биле посочени и прифатени за секретари, а потоа тој бил избран и за заменик на член на Главниот штаб на востанието и за член на Демирхисарското горско начелство. Потоа се префрлил во Леринско и за време на востанието како војвода се нашол во првите борбени редови.

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН     

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top