Дијаспора

Во Сиднеј нова театарска продукција- разговор со Душан Ристевски

IT1

IT1

БАБА БЕГАЛКА – GRANDMA ELOPES

Повод за разговор е најновата драмска продукција „Баба бегалка – Grandma Elopes“ на Душан Ристевски во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и хорот Georges River Voices Choir. Како што се најавува од АМТС, во оваа драма се застапени не само актери од овој Театар туку актери како и вокалисти на овој австралиски хор. Ова е прв проект од ваков вид превземен од овој Театар, а на сцена ќе настапат 25 артисти. Драмата ја ко-режира самиот автор Душан Ристевски и Лара Мабеи од хорот Georges River Voices.

IT2

Вашето најново дело се става на сцена како копродукција со австралиска институција и тоа хорска – ова е новитет и некаков експеримент. Како дојде до тоа?

Јас работев на драмскиот текст за „Баба бегалка“ и Лара кога дозна за тоа, поради темата што ја обработував, дојде до идеа заеднички да ја направиме со хорска придружба. Таа со овој хор имале работено со некој друг австралиски театар и тој пристап бил доста интересен и успешен. Членовите на хорот иако се австралјанци ќе изведуваат македонски традиционални песни како “Јовано Јованке“, „Македонско девојче“  и други. За мене лично тоа е големо доживување и со восхит гледам на целата продукција бидејќи се негува македонската песна од самите австралјанци кои го ценат убавото.  Добро е да се спомне дека продукцијата е двојазична и истата е достапна за помладата генерација и за англиско говорната публика.

Кој е поводот да го напишете и ставите на сцена ова дело

Во македонската заедница или поточно нашата култура ни кажува дека кога ќе дојдеме до одминатите години или сме престари и кога имаме потреба, нашите деца треба да не гледаат и се грижат за нашите потреби. Но ситуацијата овде е доста изменета, традицијата прекината, поголемиот број на постарите луѓе, поради различни причини, завршуваат по домовите за постари лица. Добро е што овде постојат такви домови и негата е на високо ниво но таа културна промена се уште не прави да живееме во страв или да формираме срам од одење во тие домови кога, како што некои кажуваат, „цел живот работевме, печалевме, заработивме за нас и за децата и сега младите немаат време за нас и не сакаат да не гледаат“. Секако со ова дело сакам да го намалам тој срам или стигма и да укажам дека е во ред да се оди во такви домови и дека не треба да размислуваме дека тоа е крај на нашиот живот туку дека со одењето во домот нашиот живот може да се подобри и продолжи. На многу луѓе им е страв поради недоволно зборување на англискиот јазик и стравот дека ќе бидат изложени на некои неизвесности, далеку од своите најмили внуци и деца. 

Значи пораките се позитивни, темата интересна попратена со хумор

Хуморот или сатирата се најлесниот начин да го привлечеш вниманието и да ги поттикнеш луѓето да размислуваат за своите истапи или односи кон семејството и себе си. Драмскиот дијалог со хорската изведба дава една позитивна слика за она што се случува во старските домови. А нашата среќа или несреќа доаѓа од самите нас и не треба да окривуваме деца или внуци за тоа што крајот на живото ни завршува онака како што ни завршува, а од „пишаното не се бега“ како што би рекле нашите. Важно е да имаме добро здравје и крајот на животот да ни измине покрај добро друштво во заедница каде што си подржуван, почитуван и сакан, а не во место каде си малтретиран и живееш во страв.

Кои се вашите очекувања, посебно сека кога сте искусен автор а еве се јавувате и како режисер?

Темата е доста интересна и веќе разви голем интерес, посебно што во продукцијата се застапени хорски работници и поголем број на артисти од две институции. За прв пат режирам, не дека имав желба, туку поради фактот што нашиот режисер Стефо Нанцу е презафатен со неговите две продукции.  А одговорноста ја споделувам со Лара Мабеи која има долгогодишно искуство како актер, фолклорист и вокалист во различни хорови. Одговорноста и можната критика во однос сценската изведба ја споделувам со неа. Изведбата ќе биде на високо ниво со хорска придружба што досега тоа не сме го искусиле и се надевам дека гледачите ќе бидат задоволни. Имаме закажано само една изведба но ќе следат повеќе кон крајот или на самиот почеток на годината. Драмата ќе се прикаже во склопот на фестивалот за култура Discovery и премиерно ќе се изведе во недела на 3-ти ноември со почеток во 17 часот во просториите на театарот St George Bank Auditorium, 16 Montgomery Street Kogarah. Секако резервации можат да се добијат на 0425231335 или на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Душан, Ви посакувам како вас така и на сиот ваш тим, успех со „Баба бегалка“, кое мислам дека ова е ваше 18 драмско дело кое како и досегашните драми ќе биде успешно и значаен промотор на македонската култура во Австралија.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top