Дијаспора

ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА ВО ВРЕМЕТО НА ИСУС ЖИВЕЕЛА ГОЛЕМА КОЛОНИЈА МАКЕДОНЦИ!

Aleksandar Donski

Aleksandar Donski

Се подготвува нов документарен филм од Александар Донски:

Во продукција на: Австралиско-Македонскиот театар од Сиднеј почнаа подготовките за снимање на најновиот историски документарен филм од Александар Донски под наслов „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“. Ја искористивме оваа прилика за разговор со авторот.

И. Т.: Г-дине Донски, Вие тврдите дека во времето на Исус во Светата Земја живееле Македонци и дека некои од библиските личности можеби имале македонско потекло. Врз основа на што го тврдите ова?

ОДГОВОР: Ова го тврдам врз основа на древните еврејски извори, но за жал овие податоци се малку познати кај нас. Познато е дека Македонците делумно или целосно владееле со Светата земја околу 270 години и тоа од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па се до времето од само неколку децении од раѓањето на Исус Христос. По смртта на Александар, неговите наследници основале голема Македонска колонија  во Светата земја која континуирано егзистирала и во времето на Исус, но и потоа. Најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј кој живеел во 1 век напишал неколку вредни книги посветени на историјата на Светата Земја. Во нив тој повеќе десетици пати ги спомнува Македонците. Притоа тој јасно запишал дека  Евреите биле (цитат)  „под македонско ропство“, како и дека голем број Македонци живееле во Светата земја вовремето пред и по Исус. Флавиј исто така јасно посведочил дека Македонците не биле Грци, при што Македонците и Грците ги третирал како два посебни народа.Во 1931 година познатиот германски историчар Улрих Вилкен напишал дека пред раѓањето на Исус во Светата земја била извршена масовна колонизација на Македонци и дека овие Македонци останале да живеат таму и во времето кога дејствувал Исус, но и потоа. Верувале или не, Вилкен запишал дека во Светата земја се појавила (цитат) „една друга Македонија“.Во тоа време во Светата земја постоеле градови кои биле основани од Македонците на кои им биле ставени македонски имиња, а имало и постари градови кои исто така биле преименувани со македонски имиња. Натој начин во времето на Исус во Светата земја постоеле градови со чисти македонски имиња: Пела, Дион, Макед и други. Овде приложувам оригинална мапа на Светата Земја објавена во католичката Библија (Загреб, 1983) каде јасно се гледаат градови со македонски имиња среде Светата Земја во Исусово време. Во употреба бил и Македонскиот календар и ова секој сам може да го провери.

И.Т.: Што друго ќе биде прикажано во Вашиот филм?

ОДГОВОР: Во овој фасцинантен документарен филм, меѓу другото, ќе бидат понудени докази дека првиот превод на Стариот Завет од еврејски на мешаниот јазик коине се случил по иницијатива на еден Македонец. Преку овој превод Стариот Завет за прв пат станал пошироко познат во светот. Интересно е и тоа што неколку старозаветни книги биле напишани во времето кога Македонците владееле со Светата земја, додека делови од старозаветната книга „Захарија“ практично биле напишани во – Македонија.

И.Т.: Што е со престојот на Св. Павле во Македонија?

ОДГОВОР: Не се само Свети Павле и Свети Лука, туку имало и други познати библиски личности кои престојувале во Македонија, но за тоа малку се знае во нашата јавност. Некои од нив се: Свети Петар, Свети Андреј, Свети Матеј, Свети Јован и други. Практично дури тројца од четворицата евангелисти кои го напишале Новиот Завет престојувале во Македонија. Во тајниот ранохристијански ракопис за посетата на првиот Исусов апостол Свети Андреј на Македонија неколку пати јасно се спомнати Македонците како жители на нашата земја. Македонците му го спасиле животот на Свети Андреј од разгневените Римјани. Во посета на Македонија дошла и лично Света Богородица! Во Биографијата за Света Богородица напишана од светогорскиот инок Стефан (пренесена од автентични древни извори) постои детален опис за посетата на Света Богородица на Македонија и нејзините средби со Македонците при што Света Богородица ја благословила нашата земја. За жал за сето ова малку се знае во нашата и во светската поширока јавност, но со овој филм оваа неправда ќе биде исправена.

И.Т.:  Со што друго Македонците се поврзани со Новиот Завет?

ОДГОВОР: Практично делови од Новиот Завет биле пишувани во Македонија, а првите христијани кои биле христијанизирани на тлото на Европа биле Македонци. Понатаму, првата христијанска заедница основана на тлото на Европа била основана во Македонија, а она што е најинтересно е малку познатиот факт (кој целосно ќе биде документиран во филмот) дека за прв пат во историјата терминот „христијани“ бил употребен токму за покрстените Македонци!

И.Т.: Спомнувате дека некои познати библиски личности имале македонско потекло?

ОДГОВОР: Јас само пренесувам релевантни мислења од странски експерти, за кои исто така малку се знае во нашата јавност. Така, на пример, според една светски позната енциклопедија, но и според некои американски библиски истражувачи, постои голема веројатност дека еден од четворицата евангелисти (автори на Новиот Завет) свети Лука, бил по потекло Македонец! Во филмот ќе бидат претставени докази и индиции за ваквите тврдења, како на пример фактот што тој во „Дела Апостолски“ употребил еден античко-македонски израз (непознат за останатите народи) и други силни индиции.

И.Т.:  Го спомнувате и јудејскиот крал Херод Велики?

ОДГОВОР: Да. Во пошироката јавност е малку познато дека  голем број припадници на неговата династија носеле чисти македонски имиња. Така, на пример, синовите на Херод Велики се викале: Филип, Александар, Архелај, Аристобул и Антипатер (сите се имиња на познати поранешни античко-македонски владетели), а неговите две ќерки се викале Олимпија и Роксана (исто како што се викале мајката и сопругата на Александар Велики Македонски). И самото име Херод има балкански корен, а според античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј, Херод Велики не бил Евреин, туку „странец“ кој ги славел боговите од балканската античка митологија. И денес мнозина ставаат имиња на своите деца според имињата на славни личности од нивниот народ, па ова може да биде силна индиција во ваквата претпоставка.

И.Т.:  Спомнувате и фалсификати во некои библиски преводи во полза на Грците?

ОДГОВОР. Точно. Некои делови од Библијата вештачки дополнително се променети во полза на Грците. Во преводот на неколку јазици на старозаветната книга „Даниел“ вештачки е уфрлен зборот „Грција“, иако во оригиналниот текст на хебрејски односната земја е наречена „Јаван“ (а не Грција). Во времето на пишувањето на старозаветната книга „Даниел“ воопшто не постоела земја или држава што се викала „Грција“. Сето ова ќе биде документирано претставено во овој филм.

И.Т.:  Кој е ставот на МПЦ за вашите тврдења?

ОДГОВОР: Филмот е заснован врз мојата книга „Исус Христос и Македонците“, која пред дваесетина години излезе од печат токму во издание на МПЦ (издавачката куќа „Ѓаконија“ под раководство и благослов на Митрополитот Агатангел). Таа книга одамна ја нема, па затоа сега (во склад со новонастанатата состојба во медиумскиот простор, кога доминираат електронските медиуми, а и заради новите генерации), потребно е да се снима филм кој ќе остане како траен извор на овие вредни информации.

И.Т.:  На кој јазик ќе биде објавен филмот?

ОДГОВОР: Главна цел на овој филм е да допре до меѓународната (но и до македон-ската) јавност. Затоа филмот ќе биде снимен на англиски јазик со македонски титлови.

И.Т.:  Кога може да се очекува негова реализација?

ОДГОВОР: Тоа е неизвесно и зависи од собраните средства.Денес постојат стотици документарни емисии и филмови кои го третираат животот во Светата земја во времето на Исус, но во ниту еден од нив не се спомнати Македонците  како жители на Светата земја! Спомнати се Грците, но не и Македонците, иако Македонците повеќе пати се спомнати како жители на Светата земја во античките еврејски извори.Време е да се поправи оваа историска неправда!Време е Македонците да го завземат вистинското место што им припаѓа во создавањето и историјата на христијанството!

И.Т.:  Што имате да им порачате на македонските патриоти во дијаспората?

ОДГОВОР: Бидете донатор и овековечете го Вашето име во овој историски документарен филм што несомнено ќе предизвика големо внимание во јавноста, а воедно ќе остане и како траен извор со податоци за сите идни генерации!Името на секој донатор  (поединец или институција) ќе биде  спомнато во филмот со што ќе остане засекогаш овековечено. Ако се има предвид дека филмот, со текот на времето,  ќе биде виден од повеќе десетици, па и стотици илјади гледачи, еве им можност и на бизнисмените за донација од неколку стотици долари да добијат реклама за својата фирма во филмот која ќе биде видена повеќе десетици, па и стотици, илјади пати, а воедно и да си го овековечат своето име.  

И.Т.:  Како ќе биде дистрибуиран филмот?

ОДГОВОР: Филмот „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“  отпрвин неколку пати ќе биде емитуван на позната национална ТВ станица во Република Македонија, а потоа ќе биде ставен на Јутуб на слободно гледање и дистрибуирање од страна на заинтересирани ТВ канали и станици. Линкот од Јутуб ќе биде испраќан на многу христијански институции ширум светот. Сигурни сме дека доколку овој документарен филм биде промовиран на вистински начин, истиот ќе предизвика голем интерес во меѓународната јавност со што вистинскиот удел на Македонците во создавањето на Стариот и Новиот Завет конечно ќе биде трајно прифатен!

И.Т.:  Каде можат заинтересираните донатори да се обратат?

ОДГОВОР: За повеќе информации во врска со овој документарен филми начините за донирање, можат да се обратат до продуцентот Душан Ристевски од Сиднеј на е-маил адресите:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
;
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

или до авторот Александар Донски:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, https://www.facebook.com/aleksandar.donski Самите донации може да се реализираат директно до овие лица или преку веб-страните за собирање средства на Австралискиот културен фонд:  https://australianculturalfund.org.au/projects/jesus-christ-macedonians/

Трејлерот на англиски за овој филм можете да го видите на:

https://www.youtube.com/watch?v=rEwftmUfmgk&feature=youtu.be

Македонската верзија од трејлерот можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=V_Ut166UQcc&feature=youtu.be

Интервјуто го водеше Иван ТРПОСКИ

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top