Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (4)

atanasb1

atanasb1

ФОРМИРАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ”

И скромната среќа е исто така среќа.

Подобра е сламена колиба во која срцето се смее,

отколку мермерна палата во која сите плачат!

Кинеска поговорка

Осумнаесетти април 1977 година ќе биде запишан со златни букви во аналите на фондацијата „Атанас Близнаков”. На тој ден се одржа 148 седница на Советот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, што беше светол миг, празник за македонските високошколски институции, но и драг настан во животот на Атанас и Славка Близнакови.

На 18 април 1977 година, всушност, беа удрени темелите на оваа донација, кога на Седницата што ја водеше претседателот на Советот, Веселинка Малинска беше усвоена Одлуката за основање Фондација „Атанас Близнаков” за стипендирање на студенти на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кои покажуваат особени резултати во студиите, а немаат доволно материјални средства за школување.

Во уводниот збор на оваа значајна седница на Универзитетскиот совет, на која покрај членовите на Советот, претставници на средствата за јавно информирање, присуствуваа и донаторите Атанас и Славка Близнакови, претседателот Веселинка Малинска, меѓу другото рече дека сонародникот Атанас Близнаков, роден во селото Д’мбени, Костурско, живеел до скоро во Гери, Индијана, САД, сега жител на Скопје, во своето последно завештение и тестамент го доверува и го остава својот имот на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со цел од него да се формира фондација за стипендирање на студенти.

Тоа била причината што во дневниот ред на таа седница на Универзитетскиот совет се најде на усвојување една, колку дотогаш невообичаена, толку радосна и по многу нешта историска одлука. Пред Советот беше Предлог-одлуката за основање Фондацијата „Атанас Близнаков” за стипендирање на студенти, кои покажуваат особени резултати во учењето, а чии семејства не се во состојба да им пружат доволно материјални услови за студирање.

atanasb2

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”

„Овој чин, прв во повоената историја на нашиот млад Универзитет”, рече Малинска, има двојно значење:

– Првото и основното значење е содржано во самата намена на Фондацијата, во мотивите и желбите на сонародникот Атанас Близнаков да го помогне и стимулира она што денес за некој народ е од најдрагоцено и најпотребно – младината и знаењето. За македонскиот народ, кој за овие три децении од ослободувањето со успех надоместува сé она, што во економиката, културата и цивилизацијата го има пропуштено – знаењето, претставува основен услов за неговата уште побогата и посреќна иднина.

Универзитетот „Св. Кирил и методиј” игра единствена улога во создавањето на потребните високообразовни кадри за Социјалистичка Република Македонија, и во таа смисла Фондацијата „Атанас Близнаков” во него си го најдува своето вистинско место и својата вистинска функција.

– Второто значење на овој чин произлегува од фактот што со него се создава една традиција во нашиот образовен и културен живот, традиција со која на недвосмислен начин се манифестира приврзаноста и љубовта на нашите сонародници кон Македонија, кон својот народ. Уште повеќе што сонародникот Атанас Близнаков, како и најголемиот дел на македонските сонародници во странство, од мака ја напуштил својата родна земја и со мака се здобил со она што денес го завештува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Кон оваа иницијатива, која Универзитетскиот совет со својот акт и формално и правно ја констатира, ќе можат да се приопштат, како што тоа во Одлуката се предвидува, и други личности и правни лица од земјата и од странство”.

atanasb3

Дел од присутните од формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков

Во продолжение претседателот на Универзитетскиот совет информира дека во 1946 година била донесена одлуката за организирање на првиот македонски факултет, Филозофскиот факултет, кој во 1976 година ја одбележа својата триесетгодишнина како прва високошколска организација во Републиката, со што го одбележа почетокот на создавањето и на првиот македонски универзитет.

„На овој историски факт се потсетуваме, рече Малинска затоа што во тие години, кога во тешки материјални и кадровски услови се отвораа првите факултети, од големо значење беше и помошта што за таа намена ја дадоа македонските сонародници, кои макотрпната историја на нашиот народ ги присили во одредено време да го организираат својот живот во прекуокеанските земји, Австралија, САД и Канада. 

Ова го спомнуваме во оваа прилика со цел да се изрази трајната благодарност на Универзитетот кон таквите патриотски и хумани акции на сонародниците, како и да се одбележи доследноста на една преданост, што има трајни основи во врските, создадени во овие години помеѓу СРМ и македонските сонародници во далечните земји во светот”.

На крајот претседателот на Универзитетскиот совет Веселинка Малинска ги информира присутните за карактерот и решенијата во Предлог-одлуката кои произлегуваат од духот на завештанието и тестаментот, како и од интересите и потребите на Универзитетот и на студентите како корисници на стипендиите.

Потоа, пред да се отвори претрес по Предлог-одлуката за основање на Фондацијата, му беше даден збор на основачот – Атанас Близнаков.

Во своето излагање доблесниот донатор и истакнат иселеник рече:          

„Драги братја и сестри Македонци

През времето кога јас се родив и пораснав, во Македонија немаше македонски училишта. Немаше ниту македонски литературен јазик. Затоа јас ќе ви говора на јазикот на кој свикнав да говора през целиот мој живот.

Дејноста на човекот ги определува неговите стремежи и идеали, дејноста го определува и патот по кој врви през неговиот живот; затова јас сакам накратко да опиша минатото на мојот живот, а минатото на мојот живот е доказ и за животот на многу други Македонци како мене.

Роден сум и пораснат през најбурните и револуционерни времиња на нашиот македонски народ. Роден сум на 15 декември 1901 година во селото Д’мбени, Костурско, то е во југозападна Македонија.

Македонија во минатото создаде многу народни Македонци, кои обичае својот народ и жртвуваа свичко што може, многу жртвувае даже и својот живот за доброто на својот народ… За да б’дат тија такива ги правеше нејзиното народно сознание, добрите мисли и чувства кон својот македонски народ, да и тој народ биде слободен, да и тој народ заживее мирен и творечки живот.

Ние постарите Македонци, кои се родивме и пораснавме под тешкото национално, икономическо и политичко робство, ние оште когато станавне да разбираме, сос правото нешто којто нија требаше да се запознаеме, таква беше голотијата и тешкото национално и политическо робство.

Икономическиот и политически гнет, како и националното робство, не застави много од нас, оште на млади години да напустиме родниот ни крај, да се отделиме од мајка и от датко, да се отделиме од свичко мило и драго, и отидовме во далечна Америка, за да трсиме парче хлеб, за  да трсиме подобар и сносен живот; през месец декември 1920 година и јас отидов во Америка…

Оште во младите ни детински години нија вкусивме горчивините на емигрантскиот живот. Благодарение на добрите услови кои ни ги даваше нашето второ отечество Америка, и нија Македонците во Америка можевме да организираме наши македонски народни дружества, и през тија народни дружества нија развивавме нашето македонско, народно чуство и единство, през тија народни дружества нија развивавме нашите социјални и културни нужди.

atanasb4  atanasb5

При све што отидовме во далечна Америка, нија не заборавивме дека оставивме наши братја и сестри, нија не заборавивме дека оставиме нашиот македонски народ… да биде под тешкото национално и политическо робство. Тија мисли и чувства нé правеа ошче повеќе да се приврземе кон нашиот нешчаствен македонски народ, това не накара некои от нас да се организираме во македонски народни организации, през тија народни организации да се бориме за национална, икономическа и политическа слобода на нашите народи во Македонија.

Како през Втората светска војна, така и след војната нашите прогресивни организации во Америка направие многу за доброто на нашите народи во Македонија; през Втората светска војна кога нашите народи во Македонија заедно сос свите братски југословенски народи се бореа за живот или смрт, против најголемиот враг на човештвото – германските и местни фашисти, нија бевме на страната на нашите прогресивни народи, и му помагавме сос свичко што можевме“, рече Атанас Близнаков.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top