Дијаспора

ПОЧИНА ПАТРИОТОТ СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ

sergijas1

sergijas1

По подолго боледување на 15.11.2019 година прекрати да чука благородното срце на нашиот сонародник Сергија Секулоски, кој е роден е на 7.10.1933 година во село Волино, Охридско, Македонија, а се доселил во Грингила, Австралија на 17.9.1966 година.

До неговото пензионирање работи во најголемата Австралиска топилница на железо „Стилворк“ во Порт Кембла. Сергија во 1972 година се зачленува во Црковниот одбор на црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Волонгонг, каде како чесен Македонец е биран на повеќе раководни места. Тој е иницијатор  за отворање на македонско училиште во Грингила во 1972 година и организатор за фрлање на светиот крст во морските води на Богојавленскиот празник во Волонгонг. Во 1979 година Сергија го формира Социјалното друштво „Охридски јубилеј“ со кое приреди повеќе концерти посветени на ослободувањето на градот Охрид. Во 1980 година, тој  се зачлени во ФК „Грингилски лавови“ и со управата  организираа Грингилско сретсело, кое традиционално  се одржува на сите поважни верски празници. Со група Македонци ја регистрираа добиената парцела во месноста Потрт Кембла Гренч за Македонски гробишта. Тој е иницијатор и на збратимувањето на Охрид со Волонгонг во 1982 година, а со група патриоти на 1.8.1986 година  го организираа и првиот протест пред грчката амбасада во Канбера.

sergijas3

Сергија со министерот за емиграција Иен Мекфи во Кабинетот на премиерот Малком Фрејзер на 15.12.1980 год. 

Од 1982 година до неговата смрт, тој и е верен член на Либералната партија, за кое добива повеќе почести и признанија. Долги години Сергија соработува со македонските дисиденти Благоја Шамбевски и Драган Богдановски, од кои добива инструкции за потикнување на Македонците во дијаспората, за истрајна борба кон целосно ослободување на Македонија и нејзините обесправени граѓани во соседните земји. Во 1991 година на Основачкиот задграничен одбор на ВМРО – ДПМНЕ за Нов Јужен Велс, во Сиднеј, ќе постане  член во управниот одбор. Од моменталната состојба во татковината тој е очајно загрижен и здравствено сломен. Последните години од животот, тој ги помина во својот дом, опкружен од неговото семејство: сопругата Даница, синовите Самоил и Јане, снаите Даниела и Џеки и внучињата Анастасија, Моника, Викторија, Џемс и Шанел.

sergijas2

Сергија втор од десно на првиот протест пред грчката амбасада во Канбера на 1.8.1986 год.  

За неговата волонтерска работа во Македонската заедница, Сергија заслужува искрена доблест и национална почит.

Господ нека го прости, нека почива во мир и името вечно нека му се слави!

Ivan Trposki

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top