Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (7)

atanbliz1

atanbliz1

НАЈЗАСЛУЖНИ ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ”

Едно име имаме

Во душата го носиме

За тебе живот даваме

О, Македонијо

Народна песна

Советот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, веднаш по формирањето презеде низа актинвости. Така на 14.11.1977 година во Ректоратот се одржа седница на која првпат се разгледуваа молбите на кандидатите за стипендии на фондацијата „Атанас Близнаков” за редовни студенти на факултетите на Универзитетот, и тоа: 10 стипендии на редонви студенти по македонски јазик, национална историја, медицина, новинарство, археологија, историја на уметноста и математика и 2 стипендии за редовни студенти на постдипломски студии по македонски јазик.

Се пријавија вкупно 13 кандидати. Од областа на медицинските науки 7 кандидати, историја на уметноста 3 кандидати, математика 1 кандидат, историја 1 кандидат, новинарство 1 кандидат.

Советот сметаше дека релативно малиот број пријавени кандидати се должи на недоволната информираност на студентите и заклучи во иднина на конкурсот да му се даде поголем публицитет. Исто така, беше решено да се разговара со деканите на факултетите за што подобро запознавање на студентите со условите и можностите што ги пружа Фондацијата.

По деталното разгледување на секоја од молбите Советот додели 6 стипендии, и тоа на: Виолета Илиева, од Математичкиот факултет; Гоце Ристовски, од Факултетот за новинарство; Стојче Наумовски и Виолета Тимова од Филозофскиот факултет; Киро Бајатов и Голубе Јаневски од Медицинскиот факултет.

Бидејќи на конкурсот не се јавија кандидати за постдипломски студии на македонски јазик Советот реши да го остави отворен конкурсот до 15 јануари 1978 година и да додели две стипендии за македонски јазик и национална историја.

Меѓутоа, денес Фондацијата „Атанас Близнаков”, која е прва од ваков вид во Република Македонија, предизвикува големо интересирање меѓу студентите, во јавноста во Републиката и сред македонското иселеништво во прекуокеанските земји.

atanbliz2             

Таа, во прв ред, е гордост на донаторите Атанас и Славка Близнакови и претставува подарок за младината и за Македонија, но и поттик за другите добротвори, без разлика каде живеат, да го помогнат побрзиот економски и културен развој на својата Татковина.

Формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” претставува не само завештание и животна ориентација на познатиот македонски хуманист Атанас Близнаков и неговиот сопатник Славка, туку и светол пример за највисоката просветна институција во Македонија – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

За основањето на Фондацијата „Атанас Близнаков”, секако, најзаслужни се Димче Стојанов – Мире и Томе Буклески – Маќули, кои заедно со Атанас Близнаков ја осмислија, ја поддржаа идејата и ја формираа Фондацијата. Со тоа тие станаа и првите доживотни членови на Фондацијата. Како претседатели на Матицата на иселениците од Македонија, тие вложија усилби да се реализира идејата за основање фондација. Тие со својот коректен, исправен и патриотски однос, придонесоа Атанас Близнаков да дојде во Македонија и да основа Фондација.

По смртта на Димче Стојанов – Мире, од 1991 година за постојан и доживотен член е избран Славе Николовски – Катин, а по смртта на Атанас Близнаков во 1998 година, за постојан и доживотен член е избрана неговата сопруга Славка Близнакова.

atanbliz3 atanbliz4 atanbliz5 atanbliz6

Димче Стојанов – Мире е роден на 10.10.1910 година во Прилеп. Завршил Филозофски факултет – група историја во Белград 1935 година. Тој бил учесник во НОБ и член на СК од 1941 година.

Во животот се наоѓал на следниве работни места и должности: Во виорот на војната активно учествувал во Прилеп и пошироко во Македонија. Тој е еден од видните борци од Прилепско и виден деец во Македонија. Уште во војната бил професор во гимназиите во Пеќ, во Кратово и во Ловеч.

По војната бил на раководни места меѓу кои, шеф на Ка бинетот на Владата; потпретседател на Планската комисија, директор на ПТТ – Скопје; министер за просвета на НРМ; претседател на Народното собрание и на Одборот за просвета; директор на Државниот архив на СРМ; директор на Архивот на Македонија и други функции, а во пензија отишол на 31.10.1980 година.

Димче Мире бил: народен пратеник на АСНОМ, член на Президиумот на АСНОМ, член на Сојузниот одбор на ССРНЈ, член на Архивскиот совет на Југославија, член на Републичката комисија за верски прашања на СРМ, член на Народниот фронт и на Главниот одбор на ССРНМ, претдседател на Друштвото на историчарите на Македонија, пратеник на собранието на СРМ, член на Советот на Институтот за национална историја и др.

Исто така, покрај другото, бил член на Народниот фронт, а потоа на Главниот одбор на ССРНМ; претседател на Матицата на иселениците од Македонија од 1951 до 1962 година; претседател на Советот на Ансамблот „Танец”; претседател на Друштвото на архивските работници на Македонија, а бил именуван за член на Универзитетскиот совет во Скопје и член на Советот за просветни прашања на малцинствата при Сојузниот извршен совет.

Одликуван е со Орден на Републиката со сребрен венец. Орден Братство и единство ИИ ред. Орден заслуги на народот III ред, и Орден на трудот со црвено знаме.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top