Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (8)

buda1

buda1

ПОСТОЈАНИ ЧЛЕНОВИ НА ФОНДАЦИЈАТА

„АТАНАС БЛИЗНАКОВ”

Постојат два вида среќа.

Среќата на телото

и среќата на духот.

Среќата на духот е поголема

помеѓу овие два типа на среќа.

Буда 

Монографското дело „Атанас Близнаков“, кое е во издание на Ректорат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 2017, 320, (на македонски и англиски) е посветено на најголемиот донатор во македонското иселеништво, Атанас Близнаков роден во селото Д’мбени, Костурско, а живееше во Гери,Индијана, во Соединетите Американски Држави. Атанас и Славка Близнакови со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков“ отворија една нова страница во историјата на донаторството за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за македонските студенти, македонскиот народ и македонското иселеништво.

За основањето на Фондацијата „Атанас Близнаков”, секако, еден од најзаслужни е Томе Буклески – Маќули, како претседател на Матицата на иселениците од Македонија, кои заедно со Димче Стојанов – Мире и со Атанас Близнаков ја осмислија, ја поддржаа идејата и ја формираа Фондацијата.

Така, Томе Буклевски-Маќули стана и првиот доживотен член на Фондацијата. Тој, заедно со Атанас Близнаков, Димче Стојанов – Мире и други членови на тогашната Матица на иселениците од Македонија вложија усилби да се реализира идејата за основање фондација. Тој со својот коректен, исправен и патриотски однос, придонесоа Атанас Близнаков да дојде во Македонија и да основа Фондација.

Томе Буклески – Маќули, е роден на 21 октомври 1921 година во Кичево, а почина на 02 септември 2018 година. Член на КПЈ е од 1941 година. Учесник е во НОВ на Македонија од 1941 година и носител на „Партизанска споменица 1941”.

buda2  buda3

Определен за напредното и комунистичко движење уште од раната младост, во 1940 година станал член на Партиското поверенство на Кичево, а веднаш по окупацијата на земјата, се вклучил во НОВ.

Поради својата револуционерна дејност, во април 1942 година бил осуден на робија и интерниран на издржување на казната во Тирана, заедно со група членови на Комунистичката партија на Македонија.

На робија останал до септември 1943 година, кога со група политички затвореници успеал да побегне. Се вратил во Македонија и партиски дејствувал на кичевскиот терен. Станал член, а потоа секретар на Околискиот комитет на КП на Кичево. Од рајот на 1943 година својата актинвост ја продожил во единиците на НОВ, каде што бил заменик – политички комесар на баталјон и на група баталјони.

По војната бил на раководни должности во ресорот на внатрешни работи, советник во Преставништвото на ФНРЈ во Албанија, член на Бирото на Обласниот комитет на КПМ – Битола и на Градскиот комитет во Скопје, политички секретар на Околискиот комитет на СКМ во Охрид и во Скопје, секртар на Организационо-политичкиот секретаријат на ЦК СКМ и др.

Бил избран за член на ЦК СКМ. Бил член на Извршниот комитет на ЦК СКМ и член на Претседателството на Републичкиот одбор на СЗБНОВ на Македонија, претседател на Матицата на иселениците од Македонија и претседател на Републичкиот општествен совет за односи со странство.

Во 1982 година беше избран за член на Претседателството на СР Македонија, потоа член на Советот за народна одбрана на СР Македонија, и на Републичкиот општествен совет за односи со странство. Одликуван е со повеќе високи одликувања.

Во текот на дваесетина години Фондацијата се раководеше со почетните Правила. Меѓутоа, со текот на времето, во чекор со новите општествени трасформации, а врз основа на точка В од Одлуката за основање Фонд „Атанас Близнаков” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје донесена на 148-та седница на Универзитетскиот совет од 18.ИВ.1977 година, Универзитетската управа на 16-та седница одржана на 6.ИИ.1996 година донесе Правила за измени и дополнувања на Правилата на Фондот „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Во документот, меѓу другото се вели дека во членот 5, став 2, името и презимето Димче Стојанов – Мире се заменува со името и презимето Славе Николовски – Катин, кој заедно со Томе Буклевски постанува доживотен член на Фондот „Атанас Близнаков”.

 buda4  buda5

Славе Николовски – Катин, ѝ  е познат на македонската и на меѓу­народната  културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката…

Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште  завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Студираше и на Вишата геодетска школа во Белград.

Како студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во  Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква ,,Св. Климент Охридски” во Торонто.

По завршувањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работеше како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, со договорот меѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон, САД. Во текот на работата во Заводот изврши поголем број преводи од научен и друг карактер од македонски на англиски јазик и обратно, меѓу кои и една докторска дисертација и поголем број научни трудови кои се печатени во изданијата на Заводот и во други зборници и научни списанија во земјата и во странство.

Од 1979 до 1984 година беше вработен во Матицата на иселениците од Македонија, каде што ја водеше Информативната служба и работеше како прведувач и новинар во списанието ,,Македонија”. Од 1984 до 1990 година работеше во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, каде што ги уредуваше  ,,Информативниот преглед на активностите на РК ССРНМ” и другите информативни и различен вид публикации.

Потоа, од Претседателството на РК ССРНМ беше именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и за секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ за прашања на религијата и верските заедници. Во април 1991 година од првиот Парламент на Република Македонија беше избран за заменик претседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.

Во текот на неговата работа и творечка дејност објави педесет и пет публикации, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно, научни трудови, на 3.000 новинарски текстови и други научни трудови презентирани во светот.

Славе Николовски – Катин како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград, член на „Друштвото на литературните прегедувачи на Македонија” и почесен член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД.

Два мандата беше потпретседател на Друштвото за литература и култура „Македонија-Канада”, потоа почесен член е на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; член на Друштвото за наука и уметност од Битола, почесен член на Литературните друштва „Браќа Миладиновци” од Торонто и „Григор Прличев” од Сиднеј, како и потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Добитник е на бројни пофалби и признанија, меѓу кои на наградата ,,Крсте Мисирков” на Здружението на новинарите на Македонија од областа на новинарството.

Претседател на Управниот одбор, пак, е ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски.

Професор д-р Никола Јанкуловски е сегашен ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Неговата кариера започнала  на Клиниката за дигестивна хирургија при ООЗТ – Клиники за хируршки болести при Универзитетскиот центар за медицински науки во Скопје каде, до денес, успешно ја остварува здравствената дејност како врвен абдоминален хирург.

Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје го започнал во академската 1976/77 година а го завршил со просечна средна оценка 9,33. Во 1990 година, пак, успешно го положил специјалистичкиот испит по Општа хирургија, супспецијалист по абдоминална хирургија.

Еден од значајните датуми за Никола Јанкуловски е, секако, декември 2002 година, кога тој ја одбрани докторската дисертација со наслов „Процена на имунокомпетенцијата кај билијарната опструкција и улогата на билијарната дренажа врз прогнозата на болеста”.

Инаку, професор д-р Никола Јанкуловски е роден на 4 март 1958 година во Ресен, во градот на јаболкото и градот на  Керамичката колонија, која претставува дом за многу светски познати грнчари. Тој е од печалбарско семејство.

Основно и средно образование завршил во Скопје. Студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Како студент повеќе години бил активен член на Научниот клуб „Академик професор д-р Димитар Арсов” при Медицинскиот факултет во Скопје и учествувал на стручни состаноци и конгреси  каде презентирал повеќе трудови.

buda6 buda7

По завршувањето на Медицинскиот факултет и задолжителниот докторски стаж на 1.мај 1984 година, тој добил стипендија од Министерството за наука да работи на Клиниките за хируршки болести,  а од 1.мај1985 година, се вработил на Клиниката за дигестивна хирургија при ООЗТ – Клиники за хируршки болести при Универзитетскиот центар за медицински науки во Скопје каде, до денес, успешно ја остварува здравствената дејност.

Наставно-научната дејност професор Јанкуловски ја започнал во 1988 година, како помлад асистент. Специјалистичкиот испит по Општа хирургија го положил во 1990 година, а во 1991 година бил избран за асистент по предметот Хирургија. Од изборот за помлад асистент активно учествувал во изведувањето на практичната настава по општа и воена хирургија. .

Во април 2004 година, бил избран за доцент по предметот  Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје. На 28 мај 2009 година е избран за вонреден професор, а на 26 декември 2013 година, Универзитетскиот сенат на својата 15 седница го избра за редовен професор по предметот  Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје.

Д-р Јанкуловски има објавено бројни научни и стручни трудови и други изданија во домашни и во меѓународни списанија, автор е на прирачници од областа на медицината и учествувал во реализацијата на научноистражувачки проекти. Имено, тој има објавено повеќе од 130 научни и стручни трудови и други изданија во земјата и странство; автор е на 2 прирачника од областа на медицината; раководител/учесник е во 5 научноистражувачки проекти.

За неговите постигнувања, професор д-р Никола Јанкуловски е добитник на значајни награди и признанија, меѓу кои и на државната награда „Свети Климент Охридски” во 2013 година, за особен придонес во здравството и е добитник на највисоката награда на Македонското лекарско друштво – повелбата „Д-р Трифун Пановски” во 2015 година за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита. Потоа, во 2015 година, професор д-р Никола Јанкуловски стана лауреат на највисокото признание, државната награда за животно дело  „11 Октомври”.

Од 1 април 2009 година е назначен за в.д. декан на Медицинскиот факултет од страна на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” (УКИМ), а од 22 септември е единствен утврден кандидат од страна на Наставно-научниот совет за декан на Медицинскиот факултет во Скопје.

На 29 септември 2009 година Универзитетскиот сенат ја потврди Одлуката на ректорот на УКИМ за избор за декан на Медицинскиот факултет за мандатниот период 2009-2013 година. Потоа, во 2013 година, Универзитетскиот сенат на својата 9. седница одржана на 30 април, ја верификува Одлуката на ректорот на УКИМ за повторен избор за декан на Медицинскиот факултет за мандатниот период од 4 години, сметано во периодот од 2013 до 2017 година.

Универзитетскиот сенат на својата конститутивна седница одржана на 27 јуни 2016 година донесе Одлука за избор на професор д-р Никола Јанкуловски за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје во мандатниот период 2016-2020 година.

Притоа, на 14 септември 2016 година, во аулата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје се одржа инаугурацијата, односно свеченото стапување на должност на новоизбраниот ректор, професор д-р Никола Јанкуловски, во согласност со членот 132 од Статутот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Ректорот професор д-р Никола Јанкуловски е избран за претседател на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Заедно со членовите: проректорот професор д-р Гордана Јосифова-Неделковска, м-р Марија Маневска и м-р Иван Џо Петрески, како и постојаните членови Томе Буклевски – Mаќучи и Славе Николовски-Катин, кои раководат со судбината и иднината на оваа најголема фондација од дијаспората што ја формираше доблесниот Македонец Атанас Близнаков од село Д΄мбени, Костурско кој со сопругата Славка живееше во Гери, Индијана.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top