Дијаспора

МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА Е ДРАГОЦЕНО ЈАЗИЧНО БОГАТСТВО

Mld koco racin vo 2019 1

Mld koco racin vo 2019 1

МЛД “Кочо Рацин” Мелбурн, создава и афирмира дела на мајчин Македонски јазик

Литературата е уметничко јазично творештво на еден народ. Многу дела во литературата создаваат силна врска со читателската публика преку приказните што ги раскажуваат или пораките што ги пренесуваат. Таа е дефинирана како тело на пишани дела на јазик, период или култура, произведени од научници и истражувачи, специјализирани за одредена област. Читањето на добри литературни дела, е еквивалетно со давање на можности за најдобро образование. Доколку има недостаток на изложеност на добра литература се губи и можноста да се напредува.

Читањето на добри литературни дела е од суштинско значење во секоја фаза од животот, бидејќи тоа не збогатува на повеќе начини не само еден. Литературата дефинитивно е многу повеќе од нејзиното книжевно значење, кое го дефинира како “познавање на букви”. Всушност, тоа го поставува темелот на исполнет живот. Додава “живот” на “живеењето”.

Mld koco racin vo 2019 2

Литературното друштво “Кочо Рацин” од Мелбурн вредно создава и афирмира македонски дела во Австралија. Во дел од активностите и остварувањето на мисијата е и  одржувањето на Саем на книгата, со цел да се промовираат нови дела, да се истакне значајноста на македонскиот убав збор и поттикнат читателите да бидат во контакт со книгата и знаат нејзината вредност. Оваа година ја одбележаа со промоција на Одблесоци од минатото од  Гордана Димовска, излегување од печат на најновиот роман од Нове Младеновски Инаетџијата Нов (промовиран во Македонија), најновите книги од Љубица Поповска Светлини, Видици и во исчекување на Немири, добивање на голем број награди на литературните конкурси во Австралија и Македонија. Посебно успешно и значајно за Македонската заедница е организирањето на литературно читање Приказни за родниот крај во склоп на Фестивалот на писателите, Мил Парк, на кое треба да земат учество поголем број Македонци со цел да се одржува и негува македонскиот јазик и да се доближува до новите генерации Македонци. За поздравување е и поддшката со учество на промоцијата на истакнатиот писател, поет, драматург, Душан Ристиевски од Сиднеј како и поддшката на иницијативата на манифестацијата Антево перо да се именува улица или објект во Македонија на Анте Поповски.

На сите наши членови и поддржувачи им ги честитаме новогодишните и Божиќни празнувања и посакуваме љубов, среќа, мир и просперитет.

Отворени сме и за нови членови кои ја сакаат македонската литература и ќе не поддржат во нејзино афирмирање.

Посетете го нашиот блог: www.mldkocoracin.blogspot.com или фејсбук страницата https://www.facebook.com/Macedonian-Literary-Association-Koco-Racin-Inc-Melbourne-2141946885860621/?modal=admin_todo_tour

 Контакт броеви: Гордана, 0423 496 821, Нове 0488 001 946

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top