Дијаспора

РАДА ВИДИНОВСКА И НЕЈЗИНАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОЕЗИЈАТА (8)

cuvstva rada1

cuvstva rada1

ИЗРАЗ НА ПОЕТСКИТЕ ЧУВСТВА НА РАДА ВИДИНОВСКА

Монографското дело „Семејството Видинивски“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје, 2019, 1-445 (на англиски и македонски) е посветено на ова македонското семејство кое пред педесетина години се преселило во демократска Канада, но не ја заборавиле родната земја чиј корени се протегаат во селото Крстоар, Битолско во Македонија

Инаку, Рада Видиновска е позната на нашата македонска книжевна јавност. Досега таа напишала четиринаесет поетски остварувања кои излегоа во Македонија. Затоа, ние сме длабоко уверени дека нејзиниот книжевен растеж станува сé повпечатлив, со ист или сличен тематски круг. Досега пред нас имаме поезија на спокојна и мудра реч, метафорички збогатена и изразно изнијансирана. Значи, станува збор за автор кој сé поуверливо и се наложува на македонската  книжевна јавност

Затоа, за книгата песни „ХАРФА“ на Рада Видиновска, Тоде Илиевски ќе изјави дека ова дело изобилува со една радост и една звучна убавина, со една радост и роза на женската нежност и питомина. Таа е преполна со плодни амбари и жита од детството, со несоници и тишините на нишалките родокрајни. Видиновска е големата македонска поетеса од дијаспората, чиј живот и дар се песната и соништата на ветровите и харфите. Треба да се чујат струјните и воздишките на нејзината звучна харфа, на тие вишни вознесенија.

Во стихозбирката на турски јазик „Чок куси“, чиј превод е на  Есад Бајрам, кој, меѓу другото ќе напише дека најновата книга песни на турски јазик е превод на нејзината деветта стихозбирка во која се поместени 52 објавени песни на Рада Видиновска. Песните ја откриваат Рада  со нејзиното поетско владеење како светилник, искра и убавина што го расветлува големото ѕвездено небо и колорит на нејзините јазични копнежи.

Видиновска е свесна за појавата на живата метафора, живите јазици, современоста и апсолутизмот на практичниот ум и дух. Таа е многу блиска до родописните брези и веењата на своите Онтариски бури и ветрови, до прашањата и чинителството за селидбите, судбинските откопи и доаѓањето во светот – незнаен: каде што тишината и шепотот се слушаат како песна или молк.

 cuvstva rada2  cuvstva rada3 

За стихозбирката „Бисери и кавали“ ќе биде објавено дека овој ракопис ќе си ги најде своите читатели – колку во татковината и уште посигурно зад океаните, таму каде што македонската траума веќе има свои длабоки корени и апсолутни суштини. Станува збор за поезија која недвојбено е апсолутен придонес на македонската литература, бидејќи, меѓу другото, влегува како составка на еден континуитет кој ја одразува самобитноста на еден народ.

Во стихозбирката „Трендафилот од Живојно“, поетесата Рада Крстевска – Видиновска ќе напише дека оваа песна е за Димитрија Миладинов и неговиот јубилеј 200 години од неговото раѓање (1810-2010), во која меѓу другото вели:

Во малото гратче Струга

крај грнчарското тркало на таткото Христо и

мајката Султана – родена

во потпелистерското село Магарево, Битолско

се родија осумте чеда од стеблото и родот на

браќата Миладиновци:

Димитрија, Тане (или Атанас), Мате, Апостол,

Наум, Ана, Крста и најмалиот

Константин – како посмртче.

Димитрија Миладинов беше нашиот голем

учител, публицист, преведувач, општественик,

народен трибун и деец од XIX век,

борец кој жестоко се спротивставуваше

на елинизмот и фанариотите,

а, пред сé, голем народен предводник на кои им

бил учител на цела преродбенска

генерација како: Григор Прличев,

Рајко Жинзифов, Партенија Зографски,

Кузман Шапкарев,

Ѓорѓија Пулевски, Марко Цепенков и други

поборници

на големото македонско-духовно

еманципирање.

Се школувал во келијното училиште во Свети

Наум, како и во Јанинската гимназија

(1830/32), така што одлично ги изучува грчкиот,

францускиот и италијанскиот јазик.

Бил учител во Струга, Охрид, Битола, Кукуш,

Прилеп.

По средбата со рускиот славист Виктор

Григорович,

започнува со своите браќа Наум и Константин

со собирање на македонски народни песни,

обичаи и верувања, испејани од грлата и

устите на нашите баби и прабаби…

На 24 јуни 1861 година во Загреб,

со меценство на големиот хрватски маг и бискуп

Јосип Јурај Штросмајер, излегува на мегдан

нивната македонско-библиска книга,

Зборникот на народни песни.

Наклеветен од фанариотите,

затворен е на 16 февруари 1861 година, наводно за

руска шпионажа и бунтовност против

Турската Империја, така што од затворите во

Охрид, Битола и Солун, преку

Дарданелите бил префрлен  во Стамбол, денешен Истанбул.

Зборникот на народни песни на браќата

Миладиновци, претставува импозантна

публикација и Света книга за нас

Македонците.

Тоа се песни собрани од Струшко, Охридско,

Битолско, Прилепско, Кукушко, Велешко…

Во својата книга „Автобиографија“ на Григор

Прличев, за својот учител Димитрија

Миладинов, ќе го сретнеме и следниов запис:

„Нашиот учител Митре-Димитрија

Миладинов, низ сите свои неволи, дојде во

Охрид околу нас.

Тој се смести во нашата дедовска куќа заедно со

својата млада и убава невеста Митра Матова

од Струга.

Меѓу десетте учители-даскали што ги имавме

во Охрид, ниеден од нив не му беше рамен во

знаењето, воспитувањето и предавањето,

каков што беше Димитрија

Миладинов.

Низ своите предавања и знаења, секогаш за

нас учениците, тој беше привлечен и

образован.

Речта, од устата му течеше како мед.

Свештен оган и зрак му гореја и извираа од

очите.

Даровина беше тоа од Бога, бидејќи за шест

месеци ние го преведовме целиот том на

Телемах. Одлично го владееше грчкиот јазик,

што подоцна и јас го изучив многу добро,

и ја освоив Лаворовата награда во Атина за

својата поема Сердарот.

cuvstva rada 4

За стихозбирката „Огниште“, авторката Рада Видиновска, пак, ќе го напише следното: „Канада треба да има повеќе писатели од дијаспората и Македонија, што сето тоа претставува подобар и повисок национален идентитет, успех, резултат“.(Нортоп ФРАЈ, канадски професор и теоретичар)

Надвор врне дожд. Ќе заплакам или ќе залипам пред доаѓањето на дождот. Во собата ги прелистувам старите страници, старите знаци и метафори. Тоа ме потсетува како собир пред селското огниште кога во Живојно, заедно со огнот, ги слушавме старите македонски приказни, песни, преданија, верувања. Огништето и топлината беа моите далечни поетски соништа, моите искушенија. Океанот од другата страна ме принудуваше со себеси и со својата душа да ги преполнам куферите со книгите на Анте Попоски, Блаже Конески, Гане Тодороски, Матеја, на Славко, Шопов, Радован – принцот на метафората, на Силјан, Веле, Бранко, Весна, Илин, Стрезовски, Кумбароски … Ги читам сега песните на моите колеги.

И така со сето мое семејство патував и сонував. Ги сонував убавите нешта на човекот. Никогаш не можев да го заборавам моето родно ОГНИШТЕ, мајчинскиот македонски јазик, идентитетот, чувството што се нарекува да бидеш поет, творец или народен даровит пејач. Господе, јас верував во тебе. Така никнуваше и песната „Липа од Торонто“ и стихот: „Зар можеше липата да не ја љубиш, а мирисот да те повива и блажи, како дете во пелена“. Надвор, дождот сé уште врнеше …

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top