Дијаспора

САВО КОСТАДИНОВСКИ НАПИШАЛ 127 КНИГИ ПОЕЗИЈА И СИТЕ ГИ ПОДАРИЛ

savo1

savo1

Саво Костадиновски пишува и на македонски и на германски јазик, најмногу поезија (Фото: СДК.МК)

Саво Костадиновски во 1970 година заминал за Германија. Иако таму живее и работи веќе 50 години, за себе вели дека не е гастербајтаер односно гурбетџија, туку поет кој престојува во Германија и патува по светот. Ова со право го вели затоа што досега напишал и објавил 127 книги, најмногу поезија и нешто проза. Со ваков импозантен опус ретко кој писател кај нас може да се пофали. Книгите му се напишани на германски и на македонски јазик и вели најмногу ја сака поезијата.

„Првата песна ја напишав на 26 јули 1963 година како домашна работа за страшниот земјотрес во Скопје. Во еден момент стиховите едноставно потекоа од мене. Песната беше прогласена за најдобра во училиштето ‘Братство и единство‘ во Гостивар, каде што учев. И сега неретко се случува така да напишам песни, одеднаш, во еден здив, додека патувам со воз, престојувам некаде, додека се шетам. Со себе секогаш носам неколку листови хартија и молив и го запишувам она што во тој момент ќе ми надодојде како инспирација. Во една песна напишав стих ‘моите стихови миленици, ги пишувам на коленици‘“, вели Костадиновски.

savoo2 

Костадиновски вели дека досега подарил околу 5.000 книги, најмногу на библиотеки (Фото: СДК.МК)

Тој е роден во 1950 во селото Горно Ботуше, Македонски Брод. Во 1960-ите работел како келнер во Славонски Брод, отслужил воен рок и со еден пријател заминал за Германија. Но, таа одлука во неговото семејство не ја примиле така лесно.

„Мојот татко Сергеј беше прекален партизан, револуционер, кој во битките на Сремскиот фронт беше ранет неколку пати. Поради тоа, мајка ми ми го искина првиот пасош кога ѝ реков дека ќе заминам за Германија. ‘На татко ти уште не му заздравиле раните од војната, а ти Германија ќе одиш‘, ми рече мајка ми. Јас, единствено машко дете во семејството, заминувам од дома и каде одам, во Германија“, се присетува Саво.

Брзо го совладал германскиот јазик, го завршил образованието и се вработил во едно проектантско биро. Набрзо почнал да пишува и песни на германски јазик.

 savoo33  

Костадиновски е првиот писател од Порече кој напишал и објавил поезија и проза за деца и возрасни

„Наједноставно кажано, поезијата отсекогаш била надополнување на мојот живот. Јас имам пропатувано цел свет, Северна Африка, Северна Америка, Канада, Индија, Тибет, Австралија, од сите тие места црпев инспирација за мојата поезија. ‘Најдолги се патиштата на човекот, во потрага по љубовта и по лебот‘, напишав во една песна. Сепак, мојата најголема поетска инспирација ја црпам од Македонија и од родното село Горно Ботуше, кое е сместено во срцето на Поречието. И самиот не знам колку песни сум му посветил“, вели Костадиновски.

Писателот Наум Попески во биографската книга „Писателот од Порече“ напиша за Саво Костадиновски дека е првиот писател од Порече кој напишал и објавил поезија и проза за деца и возрасни, а неговата книга „Трите века“ не само што е прв роман за Порече, туку е и прв роман на еден поречки писател.

„Досега имам објавено 127 книги, најмногу поезија и нешто проза. Поезијата за возрасни е објавена во 41 книга, на германски и на македонски јазик. Поезијата за деца ја пишувам само на македонски јазик и таа е објавена во 81 книга. Најголемиот дел од книгите се отпечатени во Македонија, бидејќи овде печатењето е многу поевтино отколку во Германија. Печатењето самиот го финансирам, па затоа сега и тиражите се многу мали. Неретко се случува да немам ниту еден примерок од некоја книга, бидејќи сите сум ги подарил. Според моја груба проценка, досега имам подарено над 5.000 книги, а за печатење сигурно имам дадено над 10.000 евра. Досега ниту една книга не сум продал, ниту, пак, сакам тоа да го направам. Имам чувство дека ако ја продадам книгата, тоа е исто како да сум ја заробил некаде, во некоја куќа. Книгите на мој трошок ги праќам на библиотеките во Македонија. На библиотеката во Македонски Брод ѝ ја подарив мојата библиотека од 1.028 книги, по една книга од секој македонски автор. Училишта во Скопје ги имаат сите мои книги. Тоа е моето задоволство, да пишувам и да подарувам книги“.

Освен на пишаниот збор, Саво е многу горд и на своето семејство, кое дало генерации револуционери и борци за слободата на Македонија.

„Мојот прадедо е Костадин војводата капиданот, опеан во народната песна ‘Слушам кај шумат шумите‘. Во негова чест, моето семејство подоцна го зема презимето Костадиновски. Синот на Костадин, Васил, загинал во Илинденското востание. Дедо ми по мајка Дамјан исто така е познат комита и бил дел од четата на Костадин војводата. Мојот татко Сергеј е првоборец од 1941 година, учесник на Сремскиот фронт, повеќе пати одликуван со високи државни ордени“, раскажува Саво.

Добитник е на бројни домашни поетски признанија и на „Почесното признание“ од Сојузот на писателите на Германија, по повод 25-годишнината од членството. Редовен учесник е на Струшките вечери на поезијата.

З. АНДОНОВ

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top