Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (15)

donator1

donator1

ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУСО ДОНАТОРОТ 

Орелски крилја как да си метнех

На наши места ја да си идам

И в други стр‘ни да си прелетнех

Да видам Стамбол, Кукуш да видам

Да видам дали сонцето и тамо

Мрачно изгревјат, како и ваму

Константин Миладинов

Инаку, овој е последниот текст што ,,Нова Македонија” го објави додека Атанас Близнаков беше жив. Тој е објавен во саботниот број на ,,Нова Македонија” од 31 мај 1997 година, чиј автор е Фиданка Танаскова, со поднаслов ,,Наместо портрет: Атанас Близнаков, големиот донатор”, а со наслов: „Сага за доблеста“.

donator2

,,Рамноврсникот на овој век – родениот д’мбенец, ценетиот американски Македонец и со децении беше скопјанец, Атанас Близнаков, наближува кон своите 97 години, што е безмалку столетен животек, каде што упатените проследувачи сместуваат една голема човечка сага на возвишената доблест.

Станува збор за нашинецот, кој пред повеќе од две децении понуди пари и се формира Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, сега веше ,,тешка” 2,5 милиони американски долари, дарени на Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј” од Скопје, а наменети исклучиво за стипендирање на талентирани и добри студенти низ сите негови високошколски институции.

И да се потсетиме, низ еден мал хронопис, за хуманистот и донатор Близнаков:

Своите печалбарски врвици ги почнува од дваесетте години на овој век, кога стори ниет да киниса кон далечните прекуокеански западни простори. А наеше дека оди по пат на неизвесност, дека влегува во вриежот на новото и нему непознатото. Знаеше дека нема да му биде лесно во туѓина. Но, кршното момче реши и стори, храбрено од сопствената упорност, истрајност и увереност дека кога-тогаш мора да се успее.

Преку глава му беа немаштијата, теророт, посегањата и заканите по националното чувство и вистината. А, тој се гордееше дека е Македонец и дека таа припадност ќе може најслободно да ја каже, да ја афирмира и да се гордее со неа.

Од беломорскиот дел, преку францускиот брег со параходот заминал кон источните американски доселенички влезни порти. Пристигнал во Медисон, во државата Илиноис, а малку подоцна и дефинитивно се населил во Гери, Индијана, град сместен крај езерото Мичиген, каде што останал с# до конечното заминување од Америка и враќањето во својата родна земја, Македонија.

Неговиот животен пат е зачудувачки богат и несекојдневно компониран мозаик со толку многу и тешки, но и убави моменти. И ког аимело премрежија и проблеми, тој умеел да застане стамено и неотстапно. Тешко оти можело нешто така бргу да го поколеба упорниот Македонец: бил вистински борец во секоја ситуација. Со својата снаодливост, трудољубие и умеење Атанас Близнаков направил толку многу во Соединетите Американски Држави и за себе, но и за своите собраќа кои во овој дел од светот заминале трагајќи по заработка и по едно подобро утре.

Близнаков и губеше, но повеќе добиваше. Се занимаваше со разни бизниси. Ги следеше берзите, купуваше акции и недвижности, умееше често од ништо да создаде нешто. А создаде многу. И никогаш не заборави на хуманоста и солидарноста. Никогаш не престана да помага и да придонесува за доброто на своите во татковината од која му се корените.

Беше активен член на Македонско-американскиот народен сојуз, МАНС, кој во тоа време водеше задгранична, решителна борба на свој начин, се разбира, против реакционерниот режим на Балканот. Темелната одредница на МАНС беше – слобода на Македонија, изградба на општество во кое ќе има мир, посреќен живот и иднина. 

Меѓутоа, Близнаков беше и прв човек на Болничкиот комитет, кој како и на други места во големата далечна земја собираа донаторства за помош во изградбата на болничкиот блок во Државната болница во Скопје; еден е од основачите на друштвото ,,Александар Македонски”, кое беше меѓу најупорните за формирање на првото македонско светилиште на целиот Северноамерикански континент, со седиште во Гери, во државата Индијана.

Во Америка, во тоа време, поточно во првата половина од овој век и потоа – изјави не толку одамна во еден разговор Атанас Близнаков – како македонски етникум, бевме многу упорни и правевме големи напори за што подобро самоорганизирање. Голема група ентузијасти не ги штедеа силите и времето. Работевме неуморно, иако на беше лесно да се премостат и да се постават на свое место многу работи. Бевме истрајни, особено кога стануваше збор за самосознавањето на Македонците, за зацврстувањето на националната свест, за развивањето на патриотизмот, и мора да се каже – многу успеавме. За срќа, резултатен беше сиот тој вложен труд и голем напор – задоволно коментираше Близнаков, поткрепувајќи ја оваа своја констатација со недоброени факти и видувања.

Четириесе години во животот на еден човек и не е малку време. Толку мина нашинецот во Гери, Индијана.  Пред да реши дефинитивно да ја затвори страницата на печалбарското иселеништво и да се врати дома, Атанас и Славка првпат дојдоа да ја посетат својата слободна Македонија, што беше нивни децениски сон, непрестаен копнеж и силна гордост. По некое време дојдоа уште еднаш. И конечно, третиот пат, во 1976 година, тие се преселија и се запишаа во регистарот на граѓаните на главниот град. Во Скопје се и денес.

donator3

Веднаш по враќањето Близнакови ја пуштија во оптек иницијативата за формирање на прва донаторска фондација. Американскиот Македонец му го стави на располагање на Скопскиот универзитет сиот износ на богатото конто. Се чувствува горд и неизмерно среќен што има можност да им помогне на оние академци кои се со скромни финансиски можности, но се со силна љубов да учат и да завршуваат високи школи.

Овој гест беше проследен со големи симпатии од страна на нашата највисока научно-наставна институција. Универзитетскиот совет во 1977 година едногласно ја донесе одлуката за прифаќање на иницијативата и ја официјализира Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”.

Оттогаш до овие дни повеќе од 200 студенти биле корисници на средствата, а само годинава нивниот број изнесува педесетина. Деновиве со свечена седница на Универзитетскиот сенат се одбележа дведецениското постоење на ова значајно донаторско дело. Во таа пригода уште еднаш му беше оддадена должната почит и почест на големиот дарител за тоа што тој толку широкоградо на високошколците им отстапи вредна сума американски долари, во вид на стипендии. 

Младите,  пак, во сиве овие години возвраќаат со неизмерна благодарност, со многу внимание и посети на домот на Близнакови, со тоа што најголемиот дел од нив настојуваа личните значајни поводи – роденденски, брачни, вработувања и други животни радости да ги поделат со, како што ги нарекуваат – своите добротворци – Атанас и Славка.

Меѓутоа, веќе опасно натежнале годините врз плеќите на чичко Атанас. Здравјето станало прекревко, снеможеноста е с# повидлива. Сиот нивни видокруг и делокруг им остана да им биде само семејниот дом и паметењето. Животната најверна друшка Славка е посебна приказна. Во неа како да е збрано неизмерно човекољубие и питомост. Тие рамно 62 години врват заедно низ животните небиднини, предизвици, успеси и среќни мигови,” се вели во интервјуто со Атанас Близнаков.

Продолжува

 Katin6 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top