Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (18)

abv1

abv1

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ – ДЕЛ II

Опростувајќи се од саканиот и длабокопочитуваниот Атанас Близнаков, од името на МПЦ, од името на поглаварот – Неговото Блаженство Михаил и од мое лично име, изразувам најдлабоко соболезнование на неговата почитувана сопруга Славка и на сите роднини, блиски  пријатели на неговото возвишено и трајно дело. Со длабок поклон кон мислата и делото на покојниот Атанас, да му ја изразиме трајната благодарност за сите добродетелства, скали спомени и пишани пораки што ни ги остави

Семилостивниот Господ Бог, да ја упокои Неговата благородна душа во рајските живеалишта присоединувајќи ја кон душите на борците, поборниците и вистинските делатели во возвишеното народно и црковно македонско дело. Луѓето кои зад себе оставаат големи и трајни дела за својот народ, како покојниот Атанас Близнаков, никогаш не умираат, ами заедно со нив вечно живеат.

Милостивиот Бог нека му ја зголемува вечната слава меѓу неговите најблиски и меѓу сите негови многубројни пријатели и почитувачи, за престижот на нашиот народ, за суверената држава Македонија и за светата Црква.

Бог да го прости братот наш во Господа, Атанас Близнаков”, рече пред присутните Полошко-кумановскиот архиереј – митрополи­тот Кирил.

abv2   abv3 

Од името на Советот на Фондацијата на покојниот Атанас Близна­ков, за неговиот лик и дело зборуваше авторот на ова дело, Славе Катин, кој во својот говор рече:     

            Почитуван чичко Атанас,

            Почитувана тетка Славка,

            Ужалени браќа и сестри,

Се собравме овде пред одарот на упокоениот наш драг и почитуван донатор, патриот и хуманист Атанас Близнаков, кој целиот свој живот го посвети за доброто на македонскиот народ, на студентите, на Македонија, за да му оддадеме последна почит и да го испратиме во неговиот вечен дом.

Атанас Близнаков беше почитуван кај сите и од сите. Го красеше духовна убавина, посебно неговата донаторска мисија. Тој и како сопруг и како општественик и како човек претставуваше пример на вистински напреден, прогресивен граѓанин. До вчера беше со нас, а денес веќе тој физички не е со нас, но затоа тој емеѓу нас духовно, бидејќи неговото дело е бесмртно.

Атанас Близнаков беше еден од познатите македонски иселеници. Неговите дела се добро познати меѓу македонските иселеници и на пошироката македонска јавност. Тој, всушност, припаѓа на онаа напредна и прогресивна генерација од првите доселеници на американскиот континент, кој, далеку од својата родна земја, со целиот свој живот и со целото свое битие, остана трајно врзан со својот македонски народ.

Времето во кое живееше и дејствуваше Атанас Близнаков во САД е мошне значајно за националната борба на македонските доселеници. Тој имаше слична, ако не и идентична судбина со голем број македонски афирматори – доселеници кои со макотрпно чекорење низ многубројните животни крстопати ќе го бараат своето нескриено чувство и желба за оддолжување кон сопствениот народ и својата татковина. Затоа, како многумина македонски доселеници, многу придонесе за националното осознавање на Македонците во САД во различни периоди на овој век, од ропството и делбите на Македонија, до формирањето на македонската самостојна и независна држава, Република Македонија.

Атанас Близнаков ја вкуси горчината на печалбарскиот живот во 1920 година, кога започна новата страница од интересната сторија на овој доблесен патриот, голем донатор и хуманист. Тој беше активен член на Македонско-американскиот народен сојуз, чија основна определба беќе – слобода на Македонија, изградбана општество во кое ќе има мир, посреќен живот и иднина.

 abv4

Од погребот на Атанас Близнаков

Тој беше и прв човек на Болничкиот комитет, кој собираше донаторства за помош во изградбата на Болничкиот блок во Државната болница во Скопје. Исто така, тој беше и еден од основачите на друштвото ,,Александар Македонски” кое беше меѓу најупорните за формирање на првиот македонски православен храм ,,Свети Петар и Павле” на целиот Северноамерикански континенг, во Гери.

Меѓутоа, сето тоа беше премалку за да се замени желбата на Близнаков да го види остварен својот сон за слободна Македонија. Така, во јуни 1958 година, заедно со сопругата Славка, првпат дојде да види слободен дел од татковината, за да им се исполни нивната желба. Потоа, по десет лета во 1968 година, по пензионирањето, повторно дојде во Македонија, а во 1976 година Близнакови засекогаш се вратија во Скопје, во Македонија.

Враќањето на Близнакови во татковината целосно го исполни неговиот живот со ангажмани кои му дадоа траен белег на неговото животно дело. Имено, на 18 април 1977 година, едногалсно беше прифатена неговата желба за основање на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање на надарени студенти.

Фондацијата ја сочинуваат средствата што тој му ги подари на Универзитетот и од кои во изминативе дваесетина години над двест амлади луѓе завршија високо образование на различни факултети на Скопскио туниверзитет. Едно од неприкосновените правила на Фондацијата е стипендиите да се доделуваат исклучиво на студенти на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” што е, всушност, и желбата на Близнаков, кој беше многу задоволен од целокупната работа на оваа институција, како и од односот на стипендистите кон него.

Фондацијата ,,Атанас Близнаков” е прва од ваков вид во Република Македонија и затоа предизвика големо интересирање меѓу јавноста во државата и сред македонското иселеништво во прекуокеанските и во европските земји. Таа, во прв ред, беше гордост на донаторот Атанас Близнаков, но и поттик за другите добротвори, без разлика каде живеат, да придонесат за побрзиот економски   и културен развој на својата татковина – Македонија.

            Формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” претставува, не само завештание и животна ориентација на познатиот доселеник, покојниот Атанас Близнаков и неговиот сопатник Славка, туку и светол пример како една највисока просветна институција во Македонија – Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, гради односи со македонското иселеништво, излегувајќи во пресрет на оние истакнати Македонци во светот кои решиле преку донации во науката и културата да го поттикнат вечниот прогрес на својата татковина.

Со смртта на Атанас Близнаков, неговата сопруга Славка го губи својот најверен другар и животен сопатник со кого беше повеќе од 60 години; студентите го губат нивниот донатор; членовите на Фондацијата, претседателот на оваа Фондација; иселеништвото го изгуби доблесниот патриот и донатор, а Македонија и македонскиот народ се простуваат од големиот патриот, донатор и хуманист Атанас Близнаков”.

Продолжува

 KatS

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top