Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (19)

123

123

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ – ДЕЛ III

Од името на Матицата на иселениците од Македонија се прости сескртарот Васил Зигоманов, кој рече: ,,Изминаа повеќе месеци откако здравствената состојба те попречи да доаѓаш во Матицата, да ти се радуваме на твојот ведар лик, да ни ги пренесуваш твоите искуства стекнати во текот на твојот долгогодишен животен пат. Останаа многу работи што сакаше да ни ги пренесеш како препораки, совети и искуства. Сепак, научивме многу од тебе, се восхитувавме на твојата трудољубивост и хуманост 

Во една пригода можевме да ги слушнеме твоите мисли искажани со неизмерна љубов и верба кон својот народ:,,Нека мојот подарок, моите мисли и чувства, се вдахнат во душите и срцата на нашиот македонски народ. Нека биде така што сите ќе мислиме и ќе работиме за општото добро на целиот народ како да работиме за себе лично… Треба да работиме за доброто на Република Македонија зашто само така ќе го исполниме заветот на нашите дедовци и татковци…

Твојот ведар лик, твојата чесност, твојата искреност и чиста мисла засекогаш ќе останат наш патоказ. Твоето дело за Македонија и за Македонците е од трајна вредност,” рече Васил Зигоманов.

Пред негов иот вечен дом, којшто по сугестии на Димче Стојанов – Мире беше избраден уште поодамна, се прости неговиот соселанец Васко Караџа. Тој со одбрани зборови, покрај другото, рече:

234

Зградата на Матицата на иселениците од Македонија

Наш драг пријател и соселанец Атанас Близнаков,

Ова проштално слово ти го упатувам, пред сe`, од името на сите наши соселани – д’мбенци, жители на Македонија и од сите други распрснати низ светот каде што и однесе жестоката судбина пред 50 години.

Изразувајќи го нашето длабоко сочувство на тетка Славка и на сите роднини и пријатели, ние сите наедно сме свесни дека твоето име и дело претставуваат гордост за сите нас.

Ти заминуваш со вечната тага и носталгија за нашето трагично разорено, опожарено и уништено Д’мбени. О, таму нема да бие денес нашата д’мбенска камбана на црквата ,,Св. Никола”, нема ниту еден д’мбенец.

Но, твоето име ќе шумоли низ нашите д’мбија – дабовите од Орлово до Д’мбенски Дол, од Злостана до Спилјето, од Арвенико до Света Петка и горе низ Локвата и Вињари и каде ли не низ легендарните наши места, заедно со шумолењата од неизбришливите историски траги на д’мбенските ајдуци и илинденци, на храбрите првоборци од Народноослободителната борба во текот на Втората светска војна и на борците од виорот на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.

Тажен собиру,

Нашиот почитуван патриот и хуманист Атанас Близнаков само детството и раната младост ги помина во родното село Д’мбени – Костурско. Се врати само за кратко по 18 години печалбарење, за да се ожени во Д’мбени и веднаш да замине со својата Славка пак во  Америка, со надеж дека ќе се врати во саканото родно огниште. Но, тоа македонско огниште, за жал, згасна и сите негови над 1200 жители беа принудени да го напуштат 1948 година.

Ова беше и најголемата болка и за чувствителниот и неуморен Атанас Близнаков, кој наполно се посвети во далечната туѓина на дејности за афирмација намакедонската кауза. А посебна желба му беше да остави сведоштва за милиот татков праг, за саканото Д’мбени. Оттаму и неговиот извонреден напор во текот на повеќе децении да ја напише и објави книгата под наслов Д’мбени, каде што на 250 страници ја оствари својата желба да остави траен споменик за трагично исчезнатото и најсакано село. И со својата втора книга ни остави драгоцени сведоштва за животот и дејноста на македонското иселеништво во Америка.

И на крајот, нашиот драг и незаборавен Атанас Близнаков, ќе остане во сеќавањето на целиот македонски народ со својот извонреден авангарден чин за основање на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”.

Неговиот лик и дело ќе останат како светол пример на искрен човек и патриот, кој целиот свој живот мислеше за доброто на својот сакан народ и тоа го оствари на најдобар можен начин. Затоа и во овој миг на проштевање му изразуваме искрена благодарност. Ние д’мбенци, навистина сме најгорди што го имавме.

Горда е со тебе и цела Македонија, наш драг и незаборавен пријател, соселанец и хуманист Атанас Близнаков.

,,Америка беше негов завет

Животот, тој суров меч

него таму го прати

Но родината пак го врати –

за навек

По повод смртта на големиот донатор  Атанас Близнаков, телеграма со длабоко сочувство до неговата сопруга Славка, испрати Киро Глигоров претседател на Република Македонија, во која се вели:

,,Дозволете ми да ви го изразам моето најискрено сочувство по повод смртта на вашиот сакан сопруг и мој драг и почитуван пријател Атанас Близнаков, голем хуманист и истакнат донатор при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”. Бидете горди на големото хумано дело кое егзистира повеќе од 20 години преку Фондацијата за стипендирање на талентирани студенти ,,Атанас Близнаков”.

Телеграма со сочувство до Славка Близнакова испрати и претседателот на Собранието на Република Македонија, Тито Петковски, во која се вели:

,,По повод смртта на г-дин Атанас Близнаков, чиј макотрпен животен пат, гланво, помина на работа во странство, со мислите, делото и љубовта секојпат свртен кон Македонија, каде што по неговото враќање ја формира Фондацијата за стипендирање студенти ,,Атанас Близнаков”, од името на Собранието на Република Македонија и од мое име ви упатувам изрази на длабоко сочувство.”

Почивај во мир во твоето вечно почивалиште!

Нека биде лесна земјата што ќе го покрие.

Вечна му памет и слава му.”

По физичкото заминување на донаторот и хуманистот Атанас Близнаков, без болести, скромно, христијански, опкружен од пријатели, студенти, пред нашето љубопитство ни останува да ги кажеме за Атанас Близнаков стиховите на Васил Грежловски:

Во телеграмата, пак, на претседателот на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски, до Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” се вели:

,,По повод смртта на Атанас Близнаков примете ги изразите на моето искрено сочувство. Со смртта на Близнаков изгубивме голем патриот кој целиот свој живот го посвети за остварување на напредокот на македонскиот народ.

Иако најголемиот дел од својот живот го помина во далечната Америка, далеку од родната земја, секогаш со мислата и делата беше посветен на својот народ и на својата земја. Фондацијата за стипендирање студенти ,,Атанас Близнаков” е уште еден израз на неговата хуманост, по што ќе остане да живее почитта и сеќавањето кон личноста и делото на Атанас Близнаков. 

Телеграма до Славка Близнакова испратија и управата и членовите на Македонската православна црква ,,Св. Петар и Павле” од Краунт Поинт, САД, во која Атанас Близнаков и црквуваше. Во телеграмата се вели:

,,По повод смртта на г. Атанас Близнаков примете го нашето длабоко сочувство и пренесете ги нашите сочувства до неговото семејство од неговите сограѓани од Гери, Индијана, САД.”

Продолжува

New Katin

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top