Дијаспора

„За македонскиот пишуваме мајчин јазик, а сега и како домородци, а не Македонци, не може да регистрираме здружение“

951

951

Здруженија на Македонци во Грција

Во одделни случаи пред локалните грчки власти и пред грчките судови македонски здруженија во Воден не можат да го изучуваат македонскиот јазик, а во Серес ни да се регистрираат како здружение на домородци, на локални жители.

Изминатата недела, на 24 февруари во Апелацискиот суд на Солун почна судењето по жалба на здружението на локалното (домородно) население од Серес „Кирил и Методиј“. Најпрво основниот суд во Долна Џумаја (декември 2017) ја дозволи регистрацијата на ова здружение, по што судот во Серес ја поништи таа регистрација (бр.185/2019). Предметот во моментов е пред Апелацискиот суд во Солун, кој наредната недела треба да донесе одлука.

На 24 февруари судот заседаваше само половина час, откако радикалното грчко здружение „Македонски борци“ се спротивстави на називот домородно население

Целта на здружението „Кирил и Методиј“ е да ја задржи традицијата и „локалниот“ јазик на нејзините членови, на домородците од регионот. Ова е главната причина за војна со професионалните „патриоти“, велат од здружението.

„Почнаа заканите, лагите, клеветите, лажните извештаи, уцените… кои беа насочени против  членовите на здружението кои само се охрабрија да почнат правна постапка против националистичките бајки на „Македонските борци“. Судот во Серес, во услови на притисок на полицијата и навредливите коментари за присуството на универзитетски професори кои се осмелија да ги бранат локалците од ова здружение, донесе решение за поништување на регистрацијата. „Македонските борци“ се поддржани и од Адвокатската комора на Серес. За овој преседан солунскиот адвокат Јанис Константину напиша дека се срами од неговата професија затоа што Адвокатската комора на Серес застана во првите редови на страната на обвинителот и дури се обиде да се закани и да го гони својот член Костас Демелис, кој го застапува здружението“, велат членови на здружението „Кирил и Методиј“.

На рочиштето во Солун, пред зградата на Апелацискиот суд беа присутни и универзитетски професори и правници кои го поддржуваат здружението.

На почетокот на постапката, претседателот на Адвокатската комора на Серес побара да се отстрани новинарот на Дојче веле, бидејќи, како што рече, не му се допаднало тоа што го напишал новинарот за првото судење и затоа што ги повредил неговите лични податоци. За среќа новинарот продолжи да бележи, велат присутни на рочиштето на кое и претставници на Грчката унија за човекови права беа обвинети дека работат за невладина организација на Сорос.

„Македонците од здружението „Кирил и Методиј“ не се сами. Македонците од Грција не се сами. Постојат пријатели, браќа, соработници во нашата заедничка борба за подобра Грција што ќе ги почитува сите нејзини деца… Главата горе“, велат од здружението.

Пред овој случај, македонското здружение за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ од Воден не успеа од локалните власти да добие училишен простор за учење на македонскиот јазик, за организирање на часови за македонскиот јазик (мајчиниот јазик).

А.Д.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/za-makedonskiot-pishuvame-majchin-jazik-a-sega-i-kako-domorodci-a-ne-makedonci

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top