Дијаспора

Реакција од ОМД: Избирачкото право на македонскиот граѓанин надвор од државата е повредено и загрозено

omd

omdРеакција од ОМД: Избирачкото право на македонскиот граѓанин надвор од државата е повредено и загрозено

Уште од 2011 година на македонските граѓани со живеалиште надвор од границите на Македонија имаат право да го остваруваат општото избирачко право и да го дадат својот глас на непосредни и тајни избори пред дипломатските-конзуларни претставништва. Иако, прагот за избирање пратеник е покачен до 6,540, до ден денес ништо не е променето во начинот и системот за гласање во странство тдври Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), најголемата организација на македонците надвор од Македонија. 

Крајниот рок за пријавување на македонските граѓани надвор од Македонија беше 23:59 часот на 11ти март. До 23:59 часот на 11ти март на веб-страницата на ДИК имаше 7,508 вкупно пријави, кој 5,428 беа прифатени пријави, 59 одбиени пријави, и 2,067 необработени. На 12ти март, на веб-страницата на ДИК имаше од 7,508 вкупно пријави 6,570 прифатени пријави, 948 одбиени пријави, и 948 необработени. На 13ти и 14 март, на веб-страницата на ДИК имаше од 7,535 вкупно пријавени, 6,096 прифатени пријави, 1,439 одбиени пријави, и 0 необработени. По разгледување на неколку решенија добиени од страна на Државната Изборна Комисија, ОМД воочи дека на истите потенцијални гласачи од македонската дијаспора решенијата му се испратени од несоодветна електронска пошта односно не се испратени од официјален е-маил на ДИК туку од е-маил адреса
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.

Од сето тоа ОМД најде дека постојат поголем број на неосновани причини за овие Решенија да бидат одбиени со што се загрозува темелното и универзално право на граѓанинот, правото да избира и да биде избран на општи и непосредни избори, право кое исто така е потврдено со Универзалната Декларација за човекови права и Европската Конвенција за човекови права, Уставот на Република Македонија и други акти од позититното право на Македонија. Сакаме да потенцираме дека за нашата организација ОМД е доста сомнително тоа што веб-страницата на ДИК постојано беше во неисправана состојба со што се оневозможи голем број на наши гласачи од странство да ја процесуираат пријавата, а со цел да не се постигне квотата за гласање на македонските граѓани надвор од Македонија. 

За време на регистрацијата на македонските граѓани надвор од Македонија, ОМД го утврди следното: 

-На официјалната веб-страница на Министерот без ресор задолжен за дијаспората (https://diaspora.gov.mk) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. Последната вест на оваа страна е од поставување спомен биста на реномираниот македонски сликар, Никола Мартиноски, во Букурешт, Романија на 11ти декември 2019 година. Заклучок, страната не е обновена од 11ти декември 2019 година.

-На официјалната фејсбук страна на Министерот без ресор задолжен за дијаспората (https://www.facebook.com/ediademi.mk) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. 

-На официјалната веб-страница на Агенцијата за Иселеништво (https://www.minisel.gov.mk) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. Една од последните повици на нивната веб-страна е “ЈАВЕН ПОВИК за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за изборите за претседател на Република Македонија , 21 април 2019 година.”

-На официјалната фејсбук страна на Агенцијата за Иселеништво (https://www.facebook.com/iselenistvo/) има само една информација само на македонски со линк до ДИК за пријавување на 19ти февруари во 09:33 часот со текст “Електронска пријава на гласачите за гласање во дијаспората на предвремените парламентарни избори на 12.04.2020 година на следниот линк.”

-На официјалната веб-страница на Министерството за Надворешни Работи (https://mfa.gov.mk) има една вест објавена само на македонски на 19ти февруари со текст “Јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 12 април 2020 година.”

-На официјалната фејсбук страна на Министерството за Надворешни Работи (https://www.facebook.com/MFA.North.Macedonia) не постои никаква информација или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. 

-Доколку има гласање, гласањето би се одвивало во дипломатските-конзуларни претставништва на Македонија. По разгледување на сите веб-страници на Амбасади и Конзулати, како и социјалните мрежи на ДКП-та, не најдовме ниту една информацијата или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија.

-Во претходните изборни циклуси, дипломатските-конзуларни претставништва испрајќа е-маилови како соопштение дека има регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија. Овој пат заклучивме дека ниту едно ДКП не испрати било каква информациија или соопштение дека се случува регистрација за македонските граѓани надвор од Македонија.

Со оглед на многу малку информации во јавноста на јавниот повик на ДИК за пријавување, и со тоа дека немаше кандидати предложени за пратеници од македонските граѓани надвор од Македонија, ОМД го поздравува тоа што 7,535 се пријавиле за избори, но заклучокот е дека надлежните институции во Македонија го згрозија Уставното загарантирано право на глас на македонскиот граѓанин надвор од Македонија и дека заедно со ДИК, иако се смета за независно тело, активно правеше сузбивање на гласачите. 

ОМД ја користи оваа прилика да ги повика тие 1,439 одбиени пријавени гласачи кој имаат неоправдани причини за одбивање да ни се обратат преку е-маил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
за да се разгледат можностите за отпочнување постапка пред институциите на Република Македонија.

ОМД не може да не го напоменеме несоборливиот факт а тоа е фактот дека на многу пријавени и одбиени гласачи му е нарушено основното човеково право а тоа е правото на почитување на приватниот и семејниот живот со тоа што од страна на Државната Изборна Комисија беа и се јавно објавени на веб-страницата на ДИК личните податоци на сите кои се пријавени. Повредено е ова основно човеково право загарантирано со Европксата Конвенција за Човекови Права односно Член 8, и спротивно на Законот за Заштита на Личниите Податоци.*

За сите што сметате дека вие повредетно правото на приватност преку повреда на правото за заштита на личните податоци преку следниов линк: https://dzlp.mk/node/3274 можете електронски да го поднесете до Дирекцијата за заштита на личните податоци со што истата ќе спроведе инспекциски надзор врз работата на ДИК.

За да го пополните Барањето кога кликнувате на линкот веднаш автоматски ви се отвара формуларот. Следете ги следниве чекори.

1. Во полето подносител одберете ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

2. Следено е да ги пополните полината со вашите лични податоци (препорачуваме македонската адреса да си ја ставите)

3. Полето за законски застапник не го пополнувате 

4. Веднаш после тоа треба да ги наведете податоците од правното лице кое сметате дека ги повредило правата односно ДИК – вие треба да пополните Државна Изборна Комисија 

5. Следен чекор е треба да ги наведите податоците од типот адреса и телефонски број на ДИК и е-маил адреса;

Улица: Св.Кирил и Методиј бр.54, Скопје 1000

Е-пошта:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Телефон: +389 2 3244744

Факс: +389 2 3244745


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

6. Следно ги опишувате повредите ( од типот како ви се повредени правата, на пример јавно објавување на лични податоци на веб сајтот).

На веб-страницата на Државна Изборна Комисија (https://dijaspora.sec.mk/IzbirackiSpisok.aspx), ДИК јавно ги објавува моите лични податоци, како и личните податоци на 7,534 други македонски државјани. 

7. Следно треба да специфицирате каде точно вие треба да го пишете веб сајтот каде штто ви се објавени податоците,

https://dijaspora.sec.mk/IzbirackiSpisok.aspx

8. Во полето Прикачи документи прикачете ги сликите од screenshot и прикачете ги како слики каде што се гледа како ви се објавени податоците

9. Кликнете дека сакате копија од барањето да ви се достави на вашиот емаил

10. За крај пишете го кодот и кликнете поднеси.

11. Направете преглед на вашето барање дека сите информации се точни и потоа кликнете поднеси.

12. Страницата ќе покажи Ви благодариме за поднесеното барањe.

Бројот на вашето барање е: – Зачувајте го вашиот број.

Доколку и кога ќе добиете одговор од Дирекцијата за заштита на личните податоци, ве молиме да ни ги испратите до
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.

Со овој закон се врши усогласување со европската регулатива во областа на заштитата на личните податоци, и тоа: Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци, за слободно движење на таквите податоци и за укинување на Директива 95/46/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на податоци) CELEX број 32016R0679.

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top