Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (23)

56

56

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – ДЕЛ I

Вториот мемоарски труд на Атанас Близнаков под наслов ,,Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада” се појави во едицијата ,,Од историското минато на македонскиот народ” на Книгоиздателството ,,Култура” од Скопје во 1987 година. Оваа негова публикација, според својот опфат и поглед на историските настани, претставува една скромна рекапитулација на историскиот развој на националната, политичката и културната активност на македонското иселеништво во САД и во Kанада

Во таа смисла нејзиното појавување треба да се смета како уште еден прилог за пошироко јавно запознавање со дејноста на Македонците, за бурните години меѓу двете светски војни и пред тоа, кога Македонците ја напуштаа Македонија и со сиот свој жар од туѓина се бореа за нејзиното ослободување, за обединување и за посреќна иднина.

Промоцијата беше организирана на 17 декември 1987 година од Книгоиздателството ,,Култура” и Матицата на иселениците од Македонија, а за настанувањето на книгата и за нејзините научно-истражувачки, историографски и публицистички вредности говореше д-р Иван Катарџиев, претседател на Матицата.

,,Денес, рече Катарџиев во своето излагање, благодарение на немирот, активноста и жизнерадоста на духот на нашиот познат хуманист и доброчинител, долгогодишен иселеник, а сега жител на град Скопје, Атанас Близнаков, од една и, од друга страна, на залагањето на Матицата на иселениците од Македонија и на издавачката организација ,,Култура”, во прилика сме да ја претставиме пред македонската јавност оваа мала по обем, но наситена со информации за дејност ана македонското иселеништво книга под наслов ,,Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада”.

57

Значајна страница од кажувањата на Близнаков продолжи понатамау Катарџиев, е историјата на самоорганизирањето на македонските печалбари – иселеници во Америка. Поделбата на Македонецот без оглед на целите на делителите, преку делбата да го разбијат единството и хомогеноста на македонското ослободително движење, не ја разби свеста за единството на македонскиот народ, изградена во претходните револуции. Напротив, чувствувајќи се слободни во новат асредина, далеку од рацете на балканските претенденти, паралено со борбата за обезбедување на својата живеачка, се развивала и акцијата за своето национално самоорганизирање”.

Потоа, д-р Иван Катарџиев зборуваше за состојбите сред македонското иселеништво денес, подвлекувајќи дека во САД, Канада и Австралија, тоа е значаен фактор, дека е организирано во две епархии на МПЦ, дека има мноштво цркви, културни центри и други објекти, фолклорни и спортски друштва, училишта, радио и телевизиски часови и друго.

Во своето обраќање на крајот од промоцијата, авторот Атанас Близнаков рече дека неговата книга има за цел да открие дел од животот и организирањето на Македонците во САД и во Канада и продолжи:

,,Националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и во Канада меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна, додаде Близнаков, беше голема. Посебен белег таа имаше по создавањето на македонската држава во рамките на југослвенската федерација, кога иселеништвото &  даде голема поддршка на младата Република. 

За жал нашта македонска емиграција во Америка и Канада и денес уште е поделена не само идејно, туку и национално. Особено кај постарите Македонци се` уште постои таа поделеност. Причина: се` уште присутните врховисти кои со својата пропаганда и интриги донекаде успеваат да не` разделуваат, да владеат, донекаде и да не` уништуваат. 

Денес македонскиот народ од слободниот дел на Македонија, се радува на својата слобода, слободно го гради својот стопански живот и прогрес, ја создава својата национална историја, културата и се` што е полезно за македонскиот народ, но сепак балканските врховисти не мируваат. Тие и натаму развиваат отровна пропаганда против македонската република и македонскиот народ”.

Идејата за опишување на борбата за национална еманципација, политичка дејност и културна активност на македонските иселеници во САД и Канада тлеела кај Близнаков многу одамна. Тој собрал бројни документи и различни материјали кои фрлаат светлина врз оваа проблематика, за подоцна, со доаѓањето во Македонија да ги обработи сите тие материјали и текстови и да ја срочи оваа публикација.

58

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”

Книгата ,,Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада” настојува да го изрази животот и активностите на македонската емиграција во овие две земји. Во тој живот и во тие настани бил учесник и Атанас Близнаков, па поради тоа чувствуваше потреба да стори нешто, а да не се заборави онаа полетна активност поврзана со бројните аспекти на македонското национално прашање и револуционерно дејствување. Како човек кој повеќе години престојувал во туѓина и непосреден учесник во националното, политичкото и културното живеење на македонското иселеништво во САД и во Канада, почувствувал внатрешна потреба да се зафати со оваа одговорна и благородна задача.

Овој труд треба да се сфати само како прилог што ќе овозможи пошироката јавност да се запознае со едно време и со една дејност која бездруго заслужува внимание. Ова што Атанас Близнаков го има кажано во секој случај ќе може и натаму да се збогатува и од други и особено од македонската историска наука зашто тој го кажа само она што го знаеше и паметеше.

Во предговорот на ова значајно и по многу нешта единствено дело за македонските исселеници, покрај друго, се вели:

,,По моето враќање во СФРЈ, односно во Социјалистичка Република Македонија, во разговорите што ги водев со многу луѓе, не еднаш се навраќавме на идејата дека е неопходно некој од постарите иселеници да се зафати со покомплексно изнесување на патриотската дејност на Македонците во САД и Канада, т.е. нанивната борба за национална и политичка насоченост и корисна културна дејност.

Во тие разговори постојано преовладуваше сознанието дека ваквиот зафат може да има повеќекратно позитивно значење, бидејќи многу ќе придонесе да се збогати нашата свест со понови и автентични податоци, поврзани со настојувањата за што поуспешна национална еманципација, политичка дејност и културна активност на еден дел од нашиот народ, што живееше и жилаво се бореше за сопствената егзистенција, оддалечен од родната грутка со илјадници километри.

Во рамките на овие размислувања, а свесен за фактот дека целата моја генерација, според биолошките закони, се наоѓа на залез, одлучив да ги напишам овие сеќавања како непосреден сведок и учесник во настаните и вриежите во национална, политичка и културна насока. Поради тоа, секое одлагање да се оживотвори оваа благородна задача го чувствував како ненадоместлива загуба, како пропуст што не ќе може да се надополни со никакви напори и напрегања. Актуелноста на оваа обврска стана уште поголема и поради тоа што многумина од моите современици веќе не се живи. А заради зачување од превезот на заборавот на спомените за полетната активност поврзана со бројни аспекти на македонското национално прашање и револуционерно дејствување, пишувањето на овој труд од ден на ден го чувствував се` посилно”.

Исто така, во предговорот се вели дека овие спомени ќе можат и натаму да се збогатуваат и облагородуваат со нови податоци и детали. Битно е дека овие негови настојувања се проткаени исклучово со желба да не избледнее и да не исчезне она што тој го паметеше и знаеше. Токму од тие причини овој труд треба да се сфати само како прилог што ќе овозможи да се запознае пошироката јавност со едно време и една дејност која бездруго заслужува внимание. Придонес за тоа, меѓу другите, има и Матицата на иселениците од Македонија, со чија помош дојде до печатење на овој труд.

Продолжува

 New Katin

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top