Дијаспора

МОСТ НА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АВСТРАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА

3 copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy

Акција за поздравување – Книгата патува и допатува од Велес до Мелбурн.

Благодарност за испратените книги за учениците во  VSL Keilor Downs. Книгите ќе бидат предадени на учениците после училишниот распуст за што накнадно ќе биде објавено во медиумите

Инаку оваа акција е иницијатива на Клубот на писатели Коста Солев Рацин од Велес во соработка со Македонското литературно друштво Кочо Рацин од Мелбурн со кое имаат потпишано меморандум за соработка.

5 copy copy copy copy

Соработката ќе продолжи и понатаму и ќе се прават напори да се воспостават подобри контакти и соработка и со други литературни асоцијации, писатели, интелектуалци кои имаат желба да соработуваат на релација Австралија – Македонија и да го потпомагаат изучувањето на македонскиот јазик меѓу младите Македонци во Австралија.

А од Клубот на писатели – Коста Солев Рацин беше објавено:

Под мотото „Македонскиот мајчин јазик е најубавиот  јазик“ се реализираше донаторска работилница во медиотеката на библиотека „Гоце Делчев“„Книгата патува – прекуокеанската далечина не е пречка за другарство без граници“. По иницијатива на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Литературната асоцијација „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Австралија, се спроведе активност за обезбедување на детска литература од македонски автори, за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн.

1 copy copy copy copy copy copy

Во акцијата ни се приклучија деца со родители и ученици од различни возрасти, кои ги пакуваа книгите донирани од велешкиот Клуб и библиотеката, за другарчиња од Мелбурн. Македонскиот мајчин јазик е најубавиот  јазик каде и да сме, затоа треба да се сака и изучува уште од најмала возраст. Искрено се надеваме дека едукативната детска литература ќе придонесе за полесно изучување на македонскиот јазик и ќе донесе нови познанства и другарства меѓу децата од Велес и децата на нашите иселеници во Мелбурн.

Книгата, најдрагоцениот извор на знаење нека ги отвори патиштата до македонските срца во сите континенти на земјинава шир, а оваа акција нека биде патоказот за идни патешествија и благородни и хумани акции.

4 copy copy copy copy

6 copy copy copy copy

GORDANA 1 copy copy copy copy

Ви Благодариме на сите за успешната соработка!

Гордана Димовска- Мелбурн-Австралија

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top