Дијаспора

Македонци во австралискиот Парламент

australian-parliament

australian-parliament

Денес во светот  има околу 190 милиони имигранти кои заминуваат во поразвиените земји за подобри можности за вработување, економска и социјална сигурност.

Во 2005 година бројот на имигранти во Австралија рапидно се зголеми од 30 000 на 123.424 за во 2006 да достигне бројка од 144.000 Познато е и тоа дека голем број Македонци живеат и работаат надвор од својата татковина.  Некои заминале  како деца бегалци од родните огништа во Беломорска Македонија а многумина како печалбари од економски причини. Без разлика од кои причини ги напуштиле родните огништа, иселениците трагаат по нов идентитет , се учат на нови култури, законски норми, јазик и се што доаѓа како последица на прилагодувањето. Поминуваат низ фаза на “културен шок“  за после тоа да сфатат дека сето тоа е нормално и мора да се издржи. Новодојдените се познати како луѓе со силна работна етика, со богато културно наследство кое им помага да постанат клучен фактор во градењето на мултиетнички соживот и интегрирање во општеството.

Тоа се Македонците во Австралија кои со работната етика и активност, многу допринесуваат за развојот на економијата не само во Австралија туку и во Македонија. Освен активности во Македонската заедница тие се повеќе се вклучуваат и во политичкиот живот на Австралија. Таков еден пример е и Џим Биволтсис во Западна Австралија. Член на Либералната партија повеќе од 30 години, директор на Ngarluma и Yindjibarndi Фондацијата, долги години претседател и на осигурителната асоцијација во Западна Австралија, оженет со три деца и горд на своето македонско потекло.

Во изборната трка за пратеник неговите главни цели биле да се подобрат здравствените услуги во заедницата како и подобра сообраќајна мрежа во регионот. Иако не успеа да добие пратеничко место во Парламентот, сепак докажа дека има интерес,храброст  да се кандидира за пратеник и јаки организациони способности да води силна кампања.

И нешто за родното место на Џим. Тој е роден во село Полипотамо (Нерет), Северна Грција. Дошол во Австралија како мало дете со неговите родители Ристо и Фанија и бил прв од фамилијата кој се образовал на универзитет. Дипломира уметност на  Универзитет во Западна Австралија и долги години работи со видни финансиски институции во Австралија.

Отвора и свој бизнис (OceanWest) за финансиско работење, планирање и услуги.

Тој  добро зборува македонски јазик, и никогаш не ги заборавил своите корени. Така во неговите рани 50 години, за првпат се враќа во своето родно место и купува куќа каде сега е редовен посетител и стекнува многу пријатели. Џим како личност е умерен, конзервативен и на контраверзното прашање за односите меѓу грчката и македонската заедница  вели дека треба да се најде умерено решение со многу меѓусебно разбирање и градење на пријателски односи. Исто така размислува повторно  да се кандидира за пратеник во австралискиот Парламент а дотогаш сака да види позитивна комуникација и  дружење меѓу двете заедници.

Џим е уште еден од многуте примери како луѓето од македонско потекло живеат и творат во Австралија а сепак ги задржуваат своите македонски корени.

Податоците за Џим Биволтсис се преведени од прилогот на Виктор Бивел, “ Community Leader Stands for Parliament“ (извор: www.pollitecon.com)

Преведе: Гордана Димовска

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top