Дијаспора

Онтарио застана зад македонската култура

ontario1

Премиера на Трето Полувреме во Торонто

ontario1

Во очи на третиот јубилеј од „Македонскиот месец на културата“ во Канада, Владата на Онтарио се заблагодари за значајното присуство на Македонија и македонската култура во културното живеење на Провинцијата. На официјалната средба Македонскиот амбасадор Тевдовски ја покани Премиерката на Онтарио Кејтлин Вин на Премиерата на македонскиот филм „Трето полувреме“ во Торонто, а Министерот за култура Мајкл Чен презеде обврска да ја промовира македонската култура на повеќе културни збиднувања во провинцијата.

ontario2Официјалната соработка со Владата на Провинцијата Онтарио во делот на културата доаѓа како резултат на тригодишната иницијатива од страна на Македонија за значајно и организирано културно присуство преку манифестацијата „Македонски месец“ на културата во Канада. Во изминатиот период Владата на Македонија го помагаше презентирањето на филмската, театарската и литературната културна понуда од Македонија, а Амбасадата на Република Македонија и Македонските иселенички организации се вклучија и преку организирање и презентирање на културата на Македонците од Канада.

ontario3Премиерот на Онтарио, Кејтлин Вин на својата официјална средба со амбасадорот на Македонија, Љубен Тевдовски, ја нагласи својата фасцинација како со квалитетите на македонската културна продукција, така и со енергичниот и современ настап на Македонија и Македонците. Таа се заблагодари на Амбасадата и заедницата за пријателстовото и нагласи дека ќе продолжи да присуствува на македонските културни настани како и во изминатите неколку години. Амбасадорот Тевдовски, запознавајќи ја Премиерката со културното наследство на Македонија и врачи и покана за присуство на премиерата на најновиот македонски филмски проект во Канада, „Трето Полувреме“.

На средбите со Министерот за култура на Онтарио, Мајкл Чен и Министерот за меѓувладини односи Лорел Бротен, Амбасадорот Тевдовски и претставници на македонската заедница разговараа за презентацијата на македонското културно наследство и учеството на македонската култура во животот на провинцијата. Во наредниот месец, во соработка со Министерството за култура на Онтарио, е најавена голема презентација на Македонскиот фолклор во Националниот Центар на Уметностите во Отава, како и присуство на македонските ансамбли на значајни фестивали и културни збиднувања во провинцијата.

MACEDONIAN UNITED PRESS

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top