Дијаспора

Хашкиот трибунал повторно да ги отвори четирите предмети од Македонија

omk

omd_2Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испрати писмо до Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (Хашки трибунал) во кое се бара одобвинителот повторно да ги разгледа четирите предмети (Мавровски работници, Непроштено, Водство на ОНА и Липковска брана) кои во 2008 година беа вратени на македонските судови.

ОМД го испрати ова барање бидејки смета дека македонското судство и обвинителство не ги процесуираа овие четири предмети во согласност сопринципот на владеењето на правото. Одлуката на Уставниот суд на Македонија да не го оспори автентичното толкување на Законот за Амнестија е во спротивност на меѓународното право.

“Македонија како млада демократија има судски систем кој сеуште се развива, но јасно е дека  македонското судство понекогаш не успева да ја спроведе правдата и да сe држи до принципот на владеење на правото.  Затоа Хашкиот трибунал е единствената институција која што може да обезбеди правда и да ја спречи културата на неказнивост во Македонија” рече претседателот на ОМД Методија А Колоски.

“Хашкиот трибунал имаше донесено грешна одлука да се тужи само дел од сторителите во конфликтот во 2001 година, а другите да се вратат во средина каде што судството не е потполно независноод политичките структури во државата.  Затоа ОМД испрати писмо до Хашкиот трибунал во кое побара трибуналот да ги врати во своја надлежност останатите четири предмети од конфликтот во 2001. Според Статутот, Правилникот и праксата на трибуналот, теоретски тој може повторно да ги земе овие случаи во своја надлежност”, заклучи Колоски.

Барањето до канцеларијата на јавниот обвинител на Хашкиот трибунал се базира на следново:

– Амнестијата за злосторствата против човештвото и воените злосторства не е во согласност со меѓународното право.  Нормите во меѓународното право не дозволуваат отстапки кога се работи за амнестија на горенаведените злосторства.

-Одлуката на македонскиот парламент од 2011 година да ги амнестира ваквите кривични дела штити одредени поединци од кривична одговорност.

-Врз основа на правилото на предност, Хашкиот трибунал треба да ги врати овие случаи во своја надлeжност особено бидејќи релевантните национални власти се неспособни или не сакаат да ги процесираат случаите. 

– Правилникот на Хашкиот трибунал овозможува тој да повлече предмет кога институциите во прашање не можат да спроведат фер судење.  Исто така и праксата на трибуналот дозволува тој да повлече несериозно процесуирани предмети.

ОМД е свесна дека Хашкиот трибунал наскоро ќе се затвори, но нагласува дека доколку  трибуналот не е во можност да ги врати четирите предмети во своја наделжност, Резидуалниот механизам кој ќе биде правен наследник на трибуналот, би бил во можност да го стори тоа.  Резидуалниот механизам ги наследува надлежностите и ги продолжува правата, обврските и основните функции на Хашкиот трибунал.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top