Дијаспора

Аленца на Црвено-црни јавно да се извини за инцидентите во Општина Пустец

aleanca

aleancaКомисионерот за Заштита од Дискриминација разгледувајќи ја жалбата на општина Пустец за инцидентите што Аленаца на Црвено-Црни ги предизвикаа во Општина Пустец на 16 ноември 2012 година, донесе одлука со која се бара од Алеанца на Црвено-црни јавно да се извини за овој чин. Доколку не го сторат тоа во рок од 30 дена следува парична казана –стои во одлуката до која дојде весник Македониум.

Во одлуката на Комисионерот Ирма Бараку од 4-ти април 2012 година меѓу другото стои:

“Комисионерот за Заштита од Дискриминација ја разгледа жалбата поднесена од општина Пустец против упадот на Алеанца на Црвено-црни на 16 ноември 2012 година во Пустец.

Во жалбата поднесена од страна на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец се објанува дека: “членови на ултра националистичката партија на Алеанца на Црвено- црните ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализација на гимназијата, здраствениот дом како и се закануваа на македонското малцинство”. Преку ова жалба, поднесителот исто така реагира: ”против декларацијата на Алеанца на Црвено-црните, дека ја превзедоа ова акција во општина Пустец со оправдување дека на територијата на општината информативите табли се само на македонски јазик”. Градоначалникот на оптина Пустец бара од надлежните институции да превземат мерки и да ги извадат пред одговорност членовите на Алеанца на Црвено Црните кој ја оштетија информативната и патната сиганлизација на територијата на општината”.

Анализирајќи ги сите собрани докази за време на административната истрага Комисионерот за Заштита од Дискриминација, забележува дека: употребата на националистичката реторика и правата на малцинствата се артикулирани и го привлекуваат вниманието последното време било во објавените натписи во печатот, било помеѓу превземените акции, како тие врз кои е и направена и жалбата до Комисионерот за Заштита од Дискриминација.

Комисионерот забележува дека албанската држава е ангажирана да ги штити правата на националните малцинства, со потпишувањето и ратификувањето на меѓународни акти и доближувањето на внатрешната легислатива со нив. Албанската легислатива содржи законска основа за заштита на националните малцинства. Членот 3 од Уставот на Република Албанија меѓу другото предвидува дека: ”Соживотот и разбирањето на Албанците со малцинствата се основата на ова држава, која има за задача да ги почитува и заштити”.

За една правна држава основно е да ги почитува правата на националните малцинства, но и да превземи конкретни мерки за да го гарантира почитувањето на овие права без да се дискриминираат. Како што резултира од извршената инспекција во општина Пустец патната сигнализација  и сигнализацијата на здраствениот дом и гимназијата се на два јазици, албански и македонски. Дадената информација од политичкиот субјект Алеанца на Црвено-црни со кој ја оправдуваа акцијата не е точна и ја дезинформираат јавноста. Сигнализацијата во општина Пустец е во согласност со законските барања и во почитување на човековите права воопшто и спроведување на меѓународните акти и на албанската легислатива што ги штити правата на малцинствата.

Вакви акции се типични престави на еден агресивен национализам и дискриминација на малцинствата помеѓу негирање на нивните права што им се гарантирани од меѓународните акти и внатрешната легислатива.

Употребата на медиумите правејќи ги јавни нивните вербални ставови и конкретните акции, значително го зголемуваат негативното влијание на овој став и може да се разберат како декларација за насилство кон македонското малцинство во ова општина. Однесувањето на политичкиот субјект Алеанца на Црвено-црни адресира повик на еден неоправдан национализам видно рефлектирајќи еден дискриминирачки став кон едно малцинство и неказнувањето на едно толку отворено дискриминирачко однесување тешко ќе ја минира самата цел на постоењето на законот ” За заштита од дискриминација”.

Комисионерот оценува дека акциите и декларациите на партијата Алеанца на Црвено-црни, се дискриминирачки бидејќи  влијаат врз уживањето на правата што внатрешната легислатива и меѓународните акти ратификувани од Република Албанија гарантираат за националните малцинства и во конкретниот случај, влијаат врз правата на македонското малцинство што живее во општина Пустец, Корча.

ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ:

Од разгледувањето на ова жалба и врз основа на законот бр. 10 221, од 04 февруари 2010 “За заштита од дискриминација”, како и после анализирањето и разгледувањето на администрираните докази, Комисионерот,

ОДЛУЧИ:

–          Наоѓање на дискриминација во Општина Пустец, кад што живее македонското малцинство, преку ставовите и изјавите кој потикнуваат дискриминација во уживањето на правата, што внатрешната легислатива и меѓународните акти ги гарантираат за националните малцинства.

–          Обврска на политичкиот субјект Аленаца на Црвено-црните како субјект кој што има консумирано дискириминирачко однесување, да побара јавно извинување и да избегнува во иднина ставови што потикнуваат насилство или други форми на дискриминирачко однесувања кон националните малцинства.

–          Обврска на политичкиот субјект Алеанца на Црвено-црните да информира во рок од 30-ет дена, да го извести Комисионерот во врска со превземените акции за спроведување на ова одлука, врз основа на членот 33, точка 11 од Законот “За заштита од дискриминација”.

–          Во однос на членот 33, точка 1 од законот бр.10 221, од 04.02.2011, неспроведувањето на ова одлука носи како последица казнување со парична казна според предвидувањата предвидени во точката 13 од овој закон.” – стои во одлуката од осум страни на Комисонерот за Заштитата од Дискриминација, до која дојде весник Македониум.

Овие нападите и закани на Алеанца на Црвено-црните во општина Пустец ги осуди американскиот амбасадор во Албанија, Александар Арвизу. Во своето обраќање на 15-та Меѓународна конференција за безбедност на Западен Балкан на 14.12.20012 година, американскиот дипломат рече дека: “Последните закани против македонското малцинство во Пустец од страна на некои погрешно насочени индивидуи, е целосно неприфатливо и треба категорично да се отфрли од сите Албанци”, рече амбасадорот Арвизу. (Македониум)

http://makedonium.net/?p=598

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top