Дијаспора

Македонците во дијаспората за поддршка на културните здруженија во Грција

images

imagesПретставници на македонската дијаспора во Канада, на состаноците одржани во Торонто, договорија поддршка за зачувување на македонскиот јазик во Грција, преку помош на локалните медиуми, културни здруженија и печатење книги. Програмите се координирани од Евгенија Нацилиду, претставник на Обединетата македонска дијаспора за регионот на северна Грција.

– Долготрајната цел е отворање Македонски културен центар во Воден и обновување на изучувањето на македонскиот јазик кое претходно беше запрено под притисок на грчките власти. Средствата ќе и помогнат на Нацилиду и во нејзината тужба за клевета против еден од најголемите весници во Грција „Прото Тема“, весник поврзан со нео-нацистичката партија Златна Зора чии текстови минатата година доведоа до смртни закани упатени до Нацилиду, вели Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора.

На собирот во црквата „Свети Димитрија“ во Торонто, наречен „Вечер за Воден 2013”, било оценето дека стотици илјади етнички Македонци се соочени со притисоци врз нивната култура и кршење на правото на слобода на вероисповед од страна на грчката држава.

– Како Канаѓани со македонско потекло, длабоко ја цениме слободата и можностите кои Канада ни ги нуди. Овој собир е наша можност и ние да помогнеме, бидејќи знаеме како нашите браќа и сестри во Грција, и на други места, секојдневно се борат да го зачуваат својот македонски идентитет, култура и јазик, изјави Џим Дајкос, директор на ОМД за Канада.

Македонците од Торонто, во црквата Свети Климент Охридски, одржаа и лидерска конференција со учество на пратеникот Павле Саздов и амбасадорот Љубен Тевдовски, на која е истакната потребата од единство за зачувување на уставното име на Македонија и македонскиот идентитет.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top