Дијаспора

Кон јавниот повик до дијаспората од Агенцијата за иселеништво

janko-tomov

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Целта на мојот коментар е побрзо и поправилно испраќање предлози до Агенцијата за иселеништво на Република Македонија од страна на сите постојни македонски организирани субјекти во дијаспората, како и Македонци кои индивидуално допринеле и допринесуваат за афирмација на Република Македонија, а која Агенција во соработка со пратениците од дијаспората (Австралија, Европа и Америка) во Собранието на Република Македонија  во рамките на проектот “МАКЕДОНИЈА ВИ БЛАДОДАРИ”, истите ќе ги проследат до Комисијата за одликување на претседателот Ѓорге Иванов.

По мое мислење, ако се застапени видни промоции со карактер од национални, политички, културни, спортски и слични активности  во дијаспората, проектот ќе успее целосно.

Образложение на мојот коментар:

Бидејќи македонската дијаспора има свои претставници во Собранието на Република Македонија од Австралија, Европа и Америка, кои се лидери на ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, со членство и соработници на Македонците и на Република Македонија, тие мислам ќе имаат увид, дали доставените пријави се веродостојни или не, за кои имаат сознанија и факти. Но, бидејќи делови на иселеништвото не соработуваат меѓусебно, односно се политички опоненти, што е резултат на извесно неприфаќање на идеологијата на современиот демократски поредок во републиката од нивна страна и продолжување на комунистички и социјалистички идеологии и поредок од минатото. Други пак доволно не соработуваат со татковината Македонија на политички план, од своевидни политички и административни верски неодредени  принципи и активности, а  истовремено  кои не соработуваат и не ги одобруваат националните антимакедонски активности и ставови на опозиционите социјалистички политички партии на републиката, кои посебно се однесуваат на  менување на уставното име на Македонија. Тоа е најголемиот принцип и став на македонското иселеништво-неменување на уставното уме и со тоа се е поврзано со него. Само по себе се поставува прашање: Кој ќе ги вреднува нивните пријави за награди од нивни организации и поединци?

Од друга страна тие со социјалистички идеологии, кои раководат со поголем број од своето членство, кое е со потекло од Егејска Македонија, имаат поедини карактеристични заслуги од национален и организационен национален и верски карактер (се однесува на дел од дијаспората на Австралија). Тие меѓу првите иселеници се изборија за организирање и создавање на свои македонски општини и културно-просветни организации. За објаснување да кажеме, дека  во нив спаѓаат голем број објекти и терени за собири и македонски прослави, за спорт и рекреација, за цркви и манастири и сл. Исто така, дека истите учествуваа во основање на првоотворените етнички заедници во мултикултурна  Австралија, во која како пример, беше и македонската заедница  од Перт, Западна Австралија, како и со првите свои македонски претставници во општествениот и политички живот во дијаспората. Понатаму, другата група македонски емигранти од републиката, кои сега меѓусебно соработуваат, а  кои меѓу првите го развеаа античкото македонско знаме, кои организираа големи и значајни демонстрации пред осамостојувањето на Република Македонија, пред Амбасадите и конзулите на Грција, Бугарија и СФР Југославија во скоро сите градови на Австралија и поедини во Америка. Сите тие кои влијаеа за национално македонско осамосознавање, отфрлајќи ја погрешната теза на македонската националност и сувереност – наводниот Заткарпатен словенски карактер од 5-6 век и сл.

Како еден од најстарите лидери и активисти на македонското движење во дијаспората, со одредени заслуги за позитивната активност на поедини македонски етнички организации, групи и поединци, на пример од Сиднеј, кои единствени во дијаспората, во најголемит театар на Опера Хаус, одржаа најголема и единствена свеченост во дијаспората на 2 август 2003 година, во чест на 100 годишнината од Илинденското востание. Таквите патриоти од времињата на незрелото владеење на Љубчо Георгиевски, недоразбирањата со опозиционата СДСМ и албанскиот политички блок во републиката, а подоцна и со недоразбирања од административен карактер со МП Епархија на Австралија (од 1996 година), што непотребно доведоа да станат опозициони на актуелната власт на републиката. Оваа група, иако во суштина ги има истите или многу слични принципи за македонската националност и сувереност со десничарската актуелна власт на републиката, сепак според правосудските закони на Австралија, сметаат дека градителите на македонските општински, верски, спортски и други видови објекти, треба целосно да ги применуваат верските принципи на МПЦ-ОА, додека административните и организациони активности и обврски да бидат спроведувани од градителите и нивните управи. Тоа е со цел да се одржуваат и прошируваат тие материјални и духовни македонски храмови, да непречено продолжуваат да опстануваат и просперираат, од колено на колено, од Македонци и Австралијанци од Македонско потекло.

Досегашниот раскол меѓу иселеништвото, кое произлезе од горните саображенија, иако не завзеде голем замав, досега  беше и причината за материјални штети од над 5 милиони австралиски долари потрошени по судовите. Со еден збор, тие организации и групи им се приклучија на патриоти само на македонскиот национален идентитет, кон тие кои не беа вклучени во основањето на ДООМ, ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ и кои  се` уште се во политичка-демократска опозиција, туку се во организации за македонски човекови права, каде останаа повеќето со социјалистичка ориентација. Мое длабоко убедување, иако не соработувам со нив со години, со тие политички опозициони групи, ги потсетувам дека и за нив важи повикот на Агенцијата, која гласи: „Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување“, да се пријавуваат навреме, со обрасците 1 и 2, на ЈАВНИОТ ПОВИК од директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, г-динот Васил Наумов.

Тие опозициони македонски организации и поединци, како и организации, групи и поедици лојални на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат извесно материјално и духовно непризнаените македонски организации, исто така со социјалистички ориентации во етничките делови на Македонија, во Грција и Бугарија, за што досегашните влади на Република Македонија, јавно немаа и несмееа да имаат соодветна поддршка за тие македонски организации според меѓународното право и Уставни обврски. Од друга страна, официјалните ограноци на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората, кои се најверодостојни за соработка и поддршка на македонските организации во Грација и Бугарија, бавно но сигурно почнуваат со позитивни македонски активности, но им недостасува меѓусебна соработка. Таквата соработка ќе ги насочи и синхронизира активностите на посточеките македонски радиопрограми, кои ги има по неколку во поголемите метрополи во светот, како и списанија, билтени, неделни македонски весници и други информативни списанија и поединечни статии.

“Македонија ви благодари”, ако се одржува секоја година, ќе служи за меѓусебно помирување и македонско обединување во кое би се опфатиле и постарите патриоти на кои секоја година им се намалува бројот, а  кои се основоположници на демократскиот систем во родна Македонија и имаат извесен авторитет и можни влијанија за омасовување на ограноците во дијаспората, не толку со број на членство, колку со вистинска подршка и активности за афирмавција на Република Македонија и нејзините институции.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top