Дијаспора

Да се спречат навредите врз Македонците од Австралија

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Грците, преку грчките лоби групи и владини претставници во Светот ги убедуваат своите сојузници, Американци, Британци, Германци, Французи и други, дека ако се признае уставното име и сите карактеристики на  Македонците, тогаш со право Македонците и Република Македонија ќе ја нападнат северната провинција-Македонија, која е окупирана од денешна Грција. Исти злобни зборови Грците  употребуваа и дека Македонците  сакаат да воспостават комунизам во Грција! Со тоа ја прикриваат вистината за да не платат воени и геноцидни оштети на Република Македонија и на Македонците иселени од окупираните македонски краишта за време и после Балканските војни па се’ до денес. Најголема нивна цел е  да не дозволат употребата на Општата Декларација за човекови права, изгласана на Генералното собрание на ОН во 1948 година, за да можат да извршат крајна асимилација врз полуасимилираните Македонци во Северна Грција-Егејска Македонија.

Посебно голема пропагандна антимакедонска улога играат лоби групите на грчките иселеници во Австралија, помогнати од владините институции на Грција, а прифатени од поедини австралиски политичари и конгресмени, со кои, од една страна, бидејќи недоволно ја прознаваат македонската историја, а од друга страна, поради лични или партиски непристојни интереси на демократијата која е на добар глас во Австралија.

За нас е важно да знаеме дека тоа грчко влијание врз австралиската влада и нивните институции, како парламентот, конгресот, политичките партии и што е најважно влијанието врз мултикултурното австралиско општество, секојдневно ги навредува македонските иселеници и Австралијанците со македонско потекло. Навредата се состои во следното, кое не се применува врз другите народи и Австралијанци со други националности, освен со Македонците:

– Во јавните гласила на дневните медиуми наместо Република Македонија, се применува погрдната референца ПЈРМ или FYROM;

– До скоро за македонската националност Македонци, повеќе држави во Австралија го употребуваа, а и некои се’ уште го употребуваат зборот “Словенски Македонци”;

– Во пасошите на македонските граѓани на Австралија, стои само оригиналниот назив на родното место, додека е изоставена државата Република Македонија, а  за Македонците родени во Егејска Македонија го употребуваат сменетото име од Македонски на Грчки;

– При прием во болница во Австралија, болниот Македонец кој чека за прием додека не го каже името на државата-ПЈРМ (FYROM), покрај останатите свои генералии ќе чека се’ додека службениците во приемната канцеларија не ја пронајдат ПЈРМ, што е болно и недозволливо;

– Додека пациентот е на лекување во болница, добива понуди од персоналот на болницата да му пратат грчки свештеник да му направи молитва, а не македонски! Тоа се случува со недоволно дефинирање на местото на рѓање на пациентот, кога е во прашање Македонија која е поделена, додека не им се објасни дека само македонски свештеник Македонец може да прими и да ја разбере молитвата;

– Интелектуалците Македонци, кои користат интернет, често наидуваат на кориостење на FYROM, наместо Република Македонија или само Македонија, кога сакаат да го прочистат текстот, кој го пишуваат со букви на Theme Fonts- Мацедониан Хелв, потоа  Review, language-Set, profiting language и на крајот со користење на Macedonian (FYROM).

Ете тие причини, а веројатно и други слични ги омаловажуваат Македонците во австралиските институции составени од сограѓани Австралијанци, што не е нивна вина, туку вина на  правилата од австралиските правосудства, кои се изгласуваат во австралиските парламенти од политичари, дипломати и други важни државни официјални тела.

Со остварување на дијалози и средби на Македонци и  индивидуални и групни посети, праќања на декларации, одржување на мирни протести и демонстрации, на, со и пред своите политичари, дипломати и институции во Австралија, одамна требаше да се реагира. Во Австралија се’ е дозволено и се’ се усвојува, само со правилно и писмено поставување на барањата, во овој случај за признавање на македонското национално име и на уставното име. На таков мирољубив начин, на австралиските власти ќе им се прикажат аргументите кои погрешно и навредливо се однесуваат на македонските емигранти. Со тоа ќе се презентираат и факти од постоечикте македонски историски дела за важноста на македонскиот идентитет и суверената држава Република Македонија.

Така австралиските власти, кои инаку се многу пријателски настроени кон македонското иселеништво, ќе немаа  изговор, дека Австралија ќе го применува официјалното име кое Обединетите Нации ќе го одредат. А ако ОН не го одредат што тогаш? Нели Канада и САД, Русија, Кина и уште 136-тина други држави во светот го дале своето признание и го употребуваат уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Во месец ноември 2013 година во Австралија ќе се одржат Парламентарни избори. Поедини раководства на актуелната влада на Лабуристите најавбуваат дека ќе го признаат уставното име на Македонија, но во завиена форма! Опозиционата коалиција меѓу Либералите и Националната партија на Австралија, преку видни поединци на раководството, како што неодамна на извесна реакција на Македонци, г-ѓа Бишуп, минатата година кажа дека ќе влијаат врз Лабуристите во Парламентот да се признае уставното име на Македонија.

Пред една година и полузванично се отфрли употребата “Словенски Македонци” и сега се употребува само Македонци. Се надеваме ако се завземе поактивно македонската интелигенција во Австралија, без да се чека ангажираност од асоцијацијата “Пријатели на Македонија”, која затаи и нема никакви конкретни иницијатаиви, а беше составена од повеќе од десетина конгресмени од повеќе политички партии во Австралија, овој актуален и акутен приблем ќе се реши набргу до Парламентарните избори во ноември. Ако пак се молчи и недоволно се приоѓа со барања уште долго време ќе се вознемируваат и омаловажуваат македонските иселеници во Австралија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top