Дијаспора

Јубилејна забава „Македонска Трпеза“ – Сиднеј

Biznis-bal-1

Biznis-bal-1

Во организација на Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик, на 10-ти мај, во свечената “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по 20-ти пат се одржа традиционалната вечер на македонските бизнисмени и професионалци, наречена “Македонска трпеза“. Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа Г-динот Грег Кели, член на федералниот Парламент, кој го претставуваше Лидерот на опозицијата Г-динот Тони Абот, членот на Парламентот на НЈВ, Г-динот Џон Сидоти, кој зборуваше во името на Премиерот на НЈВ – Бари О’Фарел, а присутни беа и други членови на Парламентот и членови на локалните Општини.

Вечерта, Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик ги додели највисоките признанија “Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2012 година.

Biznis-bal-2

Од областа на бизнисот наградата “Македонско сонце“ за 2012 година, за натпросечни деловни резултати ја добија Мајкал и Петар Кулаковски, сопственици на Компанијата “Kurmond Homes“ од Сиднеј. Покрај нив номинирани за оваа висока награда беа: Д-р Гордана Цвејоска Стивенс и Д-р Габриела Цвејоска, сопственици на стоматолошката ординација “Your Smile Centre” од Сиднеј и Љупчо Луј Богдановски, сопственик на  Компанијата “Mc Carthy Auto Repairs“ од Сиднеј.

Biznis-bal-4

“Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот во 2012 година, го доби спортистката и фитнес модел Белинда Ристеска, која е првак во фитнес боди билдинг во Австралија, а учествуваше и на светското првенство, а номинирани за ова признание беа и Благоја Божиноски и Владо Крстески од Њукастел, за публикацијата “Четврта генерација“, како и Д-р Ирена Вељанова за креацијата на улогата на Алтана во драмата “Остави ја свеќата да гори“.

Biznis-bal-5

Наградата за животно дело ја доби Д-р Васил Тулевски – истакнат активист и пионер во развитокот на македонската заедница во Сиднеј.

Изненадување на вечерта беше доделувањето на Наградата од Парламентот на НЈВ, за доброволна работа во македонската заедница. Г-динот Шефкет Моселмен – член на Парламентот на НЈВ, ова високо признание й го врачи на  Г-ѓа Жаклина Михајлова, истакнат активист во македонската заедница.

Biznis-bal-6

Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосвера. Присутните ги забавуваа Пеце Јованов – Пецката, Љупчо Стојчевски – Гаште и Александар Јосифовски, како и ексклузивната гостинка од Македонија, пејачката Маријана Димитриева. А специјаен настап имаше елитниот состав на КУД “Илинден“ кои со своето играње ја воодушевија публиката. Вечерта директно од аеродром пристигнаа и членовите на К-15 кои беа атракција за публиката.

Македонскиот Телефонски Именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот Телефонски Именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка.

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top