Дијаспора

Македонците во Албанија со најмногу жалби до Комисионерот за Заштита од Дискриминација

Во организација на Албанската Група за Човекови Права и Комисионерот за Заштита од Дискриминација во Тирана, во хотел Дипломат се одржа тркалезна маса за правна обука на малцинствата, за законот за заштита од дискриминација.

На оваа тркалезна маса учествуваа преставници од македонското, српско–црногорското, влашкото, ромското, бошњачкото и египетското малцинство во Албанија.

Ирма Бараку, Комисионер за Заштита од Дискриминација ја истакна важноста на овој закон и третманот на случаите на дискриминација. Комисионерот истакна дека во изминатата година најмногу жалби се примени од страна на македонското малцинство и тоа 4 жалби, по кој Комисионерот за 3 жалби донел одлука, додека за четвртата во тек е административната истрага.

За две жалби кои се однесуваа на говор на омраза, што весникот „Шќиптарија“ и новинарот Арбен Рожани користеа спрема Македонците во општина Пустец, Комисионерот им наложува во иднина да избегнуваат употреба на говор на омраза спрема македонското малцинство, додека за третата жалба Комисионерот побара од Алеанца на Црвено-црни јавно да им се извини на Македонците во општина Пустец за инцидентите предизвикани на 16 ноември 2012 година во општина Пустец. Доколку не се извинат ќе следи парична казна за Алеанца на Црвено-црни. Исто така, во тек е административната истрага на жалбата на Македонците од Голо Брдо за изучување на македонскиот јазик. По оваа жалба Комисионерот изјави дека позитивно ќе се произнесе на барањето на Македонците од Голо Брдо и ќе побара од министерството за образование на Албанија да овозможи услови за изучување на македонскиот јазик во Голо Брдо.

Тркалезната маса беше добра прилика преставниците на малцинствата во Албанија да продискутираат за нивниот статус и положба.

Според Васил Стерјовски кој беше претставник од македонското малцинство на оваа тркалезна маса, претставниците на малцинствата го искажаа своето незадоволство поради непочитување на своите права во Албанија, немање на стаус на малцинство на сите заедници, освен Македонците кои се признаваат само во областа Мала Преспа, а не се признаваат во Гора и Голо Брдо и Грците во јужна Албанија, неизучување на мајчиниот јазик, немање гарантирани малцински квоти во албанскиот парламент и др.

„Заклучивме дека во измината година, Албанија има назадено во почитувањето на правата на малцинствата и има груби прекршувања на правата на малцинствата како дискриминирачкиот Попис на населениете, бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција и др.”- истакна Васил Стерјовски за весник Македониум.

Исто така, Стерјовски побарал од Комисионерот за Заштита од Дискриминација во ова институција да се вработи по еден претставник од малцинствата, така што оваа институција би била поефикасна, затоа што овие претставници ќе оставруваат директен контакт со своето малцинство.

Васил Стерјовски и Ирма Бараку

Македониум

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top