Дијаспора

Во Велехрад- Чешка, изложба на македонски ракописи

velehrad1

velehrad1

Низ звуците од Златоустовата литургија и со благослов од Архиепископот Г.Г. Стефан и Папата Франсис и со претставници на Католичката црква во Велехрад- Чешката, изложбата македонски ракописи ја отвори амбасадорот на Р. М. во Чешката Република Паскал Стојчески.

Изложбата Manuscripta Glagolitica содржи експонати на глаголично и кирилично писмо, вклучувајќи и репродукции на вредни ракописи од Македонија, денес во збирките на НУБ Св. Климент Охридски и други библиотеки во светот и ќе биде отворена до крајот на месец јуни.

velehrad2

За проектот и македонското ко- партнерство во прославувањето на јубилејот зборуваше Гоче Мирчевски, претседател на Македонската заедница во Чешка, а за мисиите на светите браќа Кирил и Методиј со посебна нагласка на првата – Брегалничката мисија говореше амбасадорот Мартин Треневски, истражувач и голем почитувач на солунските браќа.

Треневски посебно се задржа на сознанијата во голем број житија за светите Кирил и Методиј дека првото словенско писмо – глаголицата и првите црковни книги на старомакедонски односно старословенски јазик се напишани за потребите на Македонците во Струмичко – Брегалничката област.

velehrad3

Истиот ден попладнето во епископскиот центар Оломоуц се одржа голем собир на Македонците – деца бегалци од егејскиот дел на Македонија кои  ги одбележаа трите годишнини:

110 години од Илинденското востание ,

100 години од поделбите на Македонија и Букурешкиот договор и

65 години од егзодусот на Македонците од Беломорска Македонија.

velehrad4

velehrad5

Димитри КИРЈАКОВСКИ


15. јуни 2013, Велехрад Чешка

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top