
Американскиот сенатор Марк Кирк од државата Илиној му испрати писмо честитка до новиот македонски министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф.
Во писмото се вели: Почитуван Џери,
Честитки за Вашето недамнешно назначување за нов македонски министер за привлекување на директни стански инвестиции.
Вашите неуморни напори во полза на американско-македонската заедница се навистина за пофалба и Вашите деловни способности Ве чинат идеално соодветни за оваа позиција. Сигурен сум дека спремно ќе им одговорите на предизвиците и дека успешно ќе ја извршувате вашата нова функција во склоп на владиниот кабинет.
Воедно, сакам да Ви се заблагодарам и за Вашата функција во мојот советодавен одбор за Европа, и покрај тоа што ќе ни недостига Вашиот придонес. Искрено се надевам дека преку Вашата работа со Премиерот Никола Груевски, Македонија и Соединетите Американски Држави ќе бидат во можност и понатаму да ги зацврстуваат нивните билатерлани односи.
Повторно, Ви посакувам сè најдобро во вашите идни стремежи се вели во писмото од Сенаторот Марк Кирк.
Со Почит,
Марк Кирк