Дијаспора

Малцинства со декларација бараат од новата албанска влада подобрување на нивните права во Албанија

Од Москополе, Албанија, преставници на македонското, грчкото, српско-црногоркото, бошњачкото, ромското и еѓипјанското малцинство преку заедничка декларација побараа од новата албанска влада решавање на нивните проблеми во врска со малцинските права и подобрување на нивната положба во Албанија.


Москополската декларацијата на малцинствата како што самите малцинства ја нарекоа, во име на малцинствата пред албанската јавност ја прочита Елса Балаури, од Албанската група за човекови права.

Во декларацијата од новата албанска влада конкретно се бара:

–       Признавање на малцинствата во Албанија на целата територија како национални малцинства, конкретно бошњачкото, влашкото, ромското и еѓиптјанското малцинство да се признаат како национални малцинства, додека македонското национално малцинство да се признае и во Голо Брдо и Гора и да им следат сите права што им припаѓаат на малцинствата.

–       Изготвување и одобрување на закон за малцинствата.

–       Потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, која албанската држава на нејасен начин и неодговорно ја одложува до сега.

–       Измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на мацинствата во парламентот со гарантирани места.

–       Измена и обезбедување на буџет за стратегијата на Ромите.

–       Обезбедување образование на мајчин јазик за малнцинствата.

–       Строго почитување на прашањата поврзани со вработување, домување и образование на ромското малцинство.

–       Развивање на оделна национална стратегија за еѓиптјанското малцинство во Албанија.

–       Финансиска подршка на различните активности на малцинствата.

–       Реорганизирање на Државниот Комитетот за малцинствата.

Ова декларација освен до албанската влада се испрати до сите меѓународни институции кој се занимааваат со малцинските права и странските амбасади во Тирана.

Васил Стерјовски потписник на декларацијата од страна на македонското малцинство за весник Македониум истакна дека, од 12 прекораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, 11 препораки се исполнети, додека само една препорака која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета, и не само што нема подобрување на правата на малцинствата, туку напротив има нивно назадување.

“Во изминатиов период се случија груби прекршувања на човековите права во во Албанија како дискриминирачкиот попис, притисокот од страна на националистички групи врз малцинствата, попречувањето на македонското малцинство за изучување на мајчиниот јазик, и одземање на некои веќе стекнати права уште од времето на комунизмот, како бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција и др. Малцинсвата се тука и сакаат да помогнат во европската интеграција на Албанија, од новата албанска влада зависи дали ќе ги прифати барањата на малцинствата или и таа ќе работи како и сите албански влади на асимилирање на малцинсвата.”, – истакна Васил Стерјовски за весник Македониум.

Ова декларација следуваше на крајот од 5-дневната Академија на малцинствата што Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе со преставниците на малцинствата во Албанија.

Во декември се очекува Советот на Европа да се истакни дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европскта унија. Минатата година Холандија беше единствената земја која што изјави дека Албанија нема да добие кандидатски статус поради непочитувње на правата на малцинствата.

(Македониум)

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top