Дијаспора

Звонко Танески избран за почесен член на словачкиот ПЕН центар

zvonko-taneski

Братислава, 3. 8. 2013 година

zvonko-taneskiМакедонскиот поет, критичар, есеист, преведувач и универзитетски професор Звонко Танески неодамна е избран за почесен член на словачкиот ПЕН центар. На последната седница одржана во Братислава на 26. 6. 2013, чиј записник потоа е официјално усвоен на 28. 7. 2013 година, Танески е едногласно избран за почесен член, а во одлуката, при набројувањето на неговите заслуги, стои дека тој е мошне истакнат универзитетски професор, македонски поет, преведувач, книжевен научник и критичар, стручњак за словачка литература и култура, кој работел неколку години и на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава. На тој начин, Танески влегува во престижното и ретко друштво на странски почесни членови во словачкиот ПЕН центар заедно со Барбарели Спиелвогел од САД, Јирзи Кронхолд од Полска, Павел Павел од Чешка и поранешниот претседател на Чехсоловачка и познат драматург – Вацлав Хавел.

(http://www.scpen.sk/index.php/estni-lenovia-sc-pen).

Професионалниот профил на Звонко Танески е веднаш објавен и на веб-страницата на словачкиот ПЕН центар:

http://www.scpen.sk/index.php/component/content/article/34-clenovia/606-zvonko-taneski.

Воедно, на истата седница, претседателот на Словачкиот ПЕН центар – д-р Ладислав Волко поднел извештај за неговото учество на 14-тата регионална конференција во Скопје, организирана по повод 50-годишнината од македонскиот ПЕН центар, одржана од 6 до 9 септември 2013 година. Според неговите зборови, одличната организација и самата конференција покажале дека литературата и, во поширока смисла на зборот, и културата претставуваат важен инструмент на европското зближување и на културната дипломатија воопшто. Во таа насока се предвидува и поголема и поширока соработка меѓу македонскиот и словачкиот ПЕН центар во иднина.

Инаку, Звонко Танески е роден на 12 март 1980 година. Доктор е по филолошки науки (Филозофски факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава), универзитетски професор (Факултет за странски јазици при Универзитетот ФОН во Скопје). Автор е на пет поетски збирки, на три научни монографии и на голем број лингвистички, литературни и културолошки студии. Објавуван е на англиски, италијански, словенечки, српски, хрватски, албански, бугарски, украински, есперанто и словачки јазик. Дел од неговото творештво е публикувано или претставено на повеќе јазици во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Италија, Шпанија, Р. Ирска, Чешка, Полска, Русија, Словачка, Филипини, Индија и САД. Добитник е на повеќе книжевни и научни награди во Македонија и во странство. Редовен член е на Клубот на независни писатели на Словачка (од 2006 година) и на Независните писатели на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (од 2012 година). Автор е и на повеќе книжевни преводи.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top