Дијаспора

Тужба против одлуката на Комисионерот за Заштита од Дискриминација

crveno

Црвено-црната алијанса со тужба бара укинување на казната за инцидентите предизвикани во општина Пустец

crveno

Крешник Спахиу, претседател на Црвено-црната алијанса, поднесе тужба против одлуката на Комисионерот за Заштита од Дискриминација со кој парично се казнува Црвено-црната алијанса, за инцидентите предизвикани во општина Пустец на 16 ноември 2012 година, додека со претходната одлука од 4-ти април 2013 година Комисионерот бараше јавно извинување од Црвено-црната алијанса во рок од 30 дена, во спротивно следуваше парича казна.

Во тужбата до која дојде весник Македониум, поденесена од Крешник Спахиу, претседател на Црвено-црната алијанса до Основниот Суд 1 во Тирана, стои:

“Претензиите покренати од страна на Комисионерот за Заштита од Дискриминација и општина Пустец се апсурдни и нереални, ова поради фактот  што од страна на Црвено-црната Алијанса во општина Пустец не е превземена било каква насилна или дискриминирачка акција наспроти преставниците и заедницата во Пустец.

Загриженоста што ја искажува Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и донесените одлуки од страна на Комисионерот за Заштита од Дискриминација не се подржани со закон и со докази, и следствено овие одлуки се невалидни административни акти”, – стои во тужбата на Црвено-црната алијанса до која дојде весник Македониум.

Со тужбата, која се повикува на Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, како и Европската конвенција за правата на човекот, Црвено-црната алијанса бара укинување на административниот акт, Одлука бр.75 од 01.07.2013 “За парична казна” на  Комисионерот за Заштита од Дискриминација и покривање на судските трошоци од страна на Комисионерот за Заштита од Дискриминација и Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец.

Со одлука од 4-ти април 2013 година, Комисионерот за Заштита од Дискриминација на Албанија, бараше јавно извинување од Црвено-црната алијанса за инцидентите предизвикани во општина Пустец, и откога истата не ја испочитува на 1-ви јули Комисионерот донесе одлука со кој парично се казнува Црвено-црната алијанса со глоба од 430 евра.

Иако, Комисионерот во одлуката од 4-ти април 2013 година, оцени дека акциите и декларациите на партијата Црвено-црната алијанса се дискриминирачки  за македонското малцинство во општина Пустец и дека: “Вакви акции се типични престави на еден агресивен национализам и дискриминација на малцинствата помеѓу негирање на нивните права што им се гарантирани од меѓународните акти и внатрешната легислатива и неказнувањето на едно толку отворено дискриминирачко однесување тешко ќе ја минира самата цел на постоењето на законот ”За заштита од дискриминација”, сепак Комисионерот за Заштита од Дискриминација се одлучи да ја казни Црвено-црната алијанса со минимална казна од 430 евра.

Законот ”За заштита од дискриминација”предвидува казна од 355 до 3550 евра.

Првото рочиште по ова тужба ќе се одржи на 7 октомври 2013 година во Основниот суд 1 во Тирана.

На 16 ноември 2012 година, во општина Пустец, членови на ултра националистичката партија, Црвено-црната алијанса ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализацијата на гимназијата, здраствениот дом како и извикуваа националистички пароли.

Овие напади и закани на Црвено-црната алијанса во општина Пустец ги осуди американскиот амбасадор во Албанија, Александар Арвизу. Во своето обраќање на 15-та Меѓународна конференција за безбедност на Западен Балкан на 14.12.20012 година, американскиот дипломат рече дека: “Последните закани против македонското малцинство во Пустец од страна на некои погрешно насочени индивидуи, се целосно неприфатливо и треба категорично да се отфрлат од сите Албанци”, – рече амбасадорот Арвизу.

Исто така, овие инциденти беа наведени и во годинешниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Албанија. (Македониум)

http://makedonium.net/?p=897

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top