Дијаспора

Трка за помош на деца без родители од домот 11-ти Октомври Скопје, во Вашингтон, Њу Јорк, и Ен Арбор во Мичиген

trka

trkaОбединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со задоволство најавува дека добротворниот настан, трката Ајвар 5К, поради големата заинтересираност, оваа година по втор пат ќе се одржи во Вашингтон и за прв пат оваа година на две други локации во Њу Јорк и Ен Арбор во Мичиген. Сите три трки по повод 22 годишнината од осамостојувањето на Македонија ќе бидат одржани во Недела на 8-ми Септември 2013.

Завршувањето на трката на сите локации ќе биде одбележана со попладневен пикник, музика, оро и добра дружба! За да се регистрирате за трката стиснете ТУКА.

Средствата собрани од сите три трки ќе бидат донирани на Домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје во кој нови подови, теписи, шкафови и многу други работи се повеќе од потребни. Во зависност од тоа колкав ќе биде бројот на донирани средства се надеваме дека ќе бидеме во ситуација да пружиме помош во форма на формула пелени и други потребни работи на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Вашата помош и поддршка е повеќе од потребна.

Трката во Ен Арбор во Мичиген под наслов МК Ајвар 5К трка за различност е организирана од страна на Македонско-Американската Студентска Асоциација (МАСА) при Универзитетот во Мичиген и дел од средствата ќе бидат донирани на локалната асоциација Роналд Мек Доналд за деца на кои им е потребна помош.

Благодарејќи на дарежливоста и великодушноста на многубројните пријатели, од различни националности, заедно со Обединетите Македонски Американци од  Детроит минатата година, успеавме да го обезбедиме домот за деца без родители 11-ти Октомври со 25 нови крветчиња и душеци за децата во истиот. Во партнерство со Pencils 4 Kids International, основана од страна на Амбасадорката Љубица Ачевска член на советот на ОМД, обезбедивме школски прибор и матеијали за децата во домот. Проследете го краткото видео од минатогодишното доделување на донацијата ТУКА. А сликите од истиот настан можете да ги погледнете ТУКА.

При завршувањето на трката секој тркач ќе добие мајца и тегла од најпознатит Македонски специјалитет Ајвар (тркачите од Ен Арбор не добиваат мајца). На прво пласитаните по завршувањето на трката ќе им бидат доделени и награди, а исто така ќе има наградно извлекувањеобезбедено од нашите спонзори.

Се надеваме дека ќе ни се придружите на еден од локациите на организиранате трки во Вашингтон, Њу Јорк или Ен Арбор во Мичиген и ќе бидете дел од прославата на 22 годишнината од Денот на Независноста на Македонија.

Заинтересираните за подетални информации за учество на трката Ајвар 5К во Вашингтон, Њу Јорк и Ен Арбор како и за донирање можат да го проследат линкотна: http://www.ajvar5k.com/index.html#.Ug_02ZJJOAY

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top