Дијаспора

Конгресмен од државата Вашингтон стана 20-от член на групата на пријатели на Македонија

mane

maneОбединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со задоволство го најавува најновиот член на групата Конгресмени пријатели на Македонија и Македонски Американци – Конгресменот Адам Смит (Демократ-Вашингтон). Конгресменот Смит е претставник на 9-та конгресна област во државата Вашингтон и е 20-от член кој и се приклучува на Конгресната група на пријатели на Македонија.

Господинот Смит беше избран за конгресмен во 1996 и ова е негов 9-ти мандат. Тој е висок член на Комисијата за Вооружани Служби која е одговорна за финансирање и надзор на Министерството за Одбрана и Американските вооружани сили, како и за поголем дел на Одделот за Енергетика.

mane_2Смит, функцијата сенатор во државата Вашингтон ја доби во 1991 до 1997 и на негова 25 годишна возраст беше најмладиот државен сенатор во Соединетите Американски Држави.

“Ми беше големо задоволство да го запознаам Конгресменот Смит и да поразговарам со него за неговата подршка на Македонско-Американската заедница и да го поканам да стане член на групата подржувачи на Македонија”- рече регионалниот ОМД Сиател/Вашингтон претставник Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, кој заедно со Тифани Куртис пријател на Македонија, се сретна со Конгрсменот и негови соработницина 14-ти Август, 2013.

“Ние го информиравме Конгресменот за македонската заедница и важноста и значењето на нашето наследство и култура. Исто така дискутиравме за долгорочните цели на Македонија во врска со напредокот и безбедноста во регионот како и за пречките со кои се соочува Македонија во остварување на истите. На крајот се разви дискусија за важноста од приклучување на Македонија кон НАТО алијансата, без понатамошни одлагања.”

Во државата Вашингтон постои растечка Македонска заедница чии што членови се интегрирани и вработени претжно во елетронската технологија, образованието и медицината. Сиател е втора локација на западниот брег во САД во која ОМД има свои претставници и се залага за зацврстување на односите во заедницата и за зачувување на нашето богато културно наследство и традиција.

“Пријатели на Македонија е тело формирано за зацврстување на заедничките и пријателски полезни односи помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. На наше големо задоволство сакаме да му посакаме топло добредојде на конгресменот Смит во групата на пријатели на Македонија”- рече претседателот на ОМД Методија А.Колоски. “Изразуваме голема благодарност до Ѓорѓи и Тифани за нивното лидерство за подобра и посилна Македонска заедница и едукација на креаторите на политиките за македонските прашања.”

Како глас за Американците со македонско потекло во главниот град Вашингтон ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на конгресмени пријатели на Македонија во однос на унапредување на својата работа за зајакнување на американско-македонските односи. ОМД ги охрабрува сите Македонски-Американци да се поврзат со нивните членови на Конгресот и да ги замолат да се приклучат на двопартиската конгресна група на пријатели на Македонија и Македонски-Американци.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top