МПЦ-ОА освети уште еден црковен храм Свети Наум Охридски во Малме, Шведска. Денешното осветување на новата црква го извршија архпепископот г.г. Стефан и митрополитите Пимен како надлежен архиереј за Европската епархија и преспанско-пелагонсикиот митрополит Петар.
За македонската дијаспора во Шведска оваа црква е од големо национално значење. Повеќе од 3.000 Македонци во Шведска за изградба на црквата динираа 1,6 милиони евра.
На осветувањето присуствуваа и претставници на Српската православна црква за Скандинавија.
Црквата се осветува по повод 40 годишнината од оформувањето на црковната македонска општина во Малме и 10 години од поставувањето на камел темелникот на храмот Св. Наум Охридски.
На светиот присуствуваа голем број верници, високи делегации од политичкиот, општествениот и црковен живот од Шведска, Македонија и останатите краишта населени со Македонци.
Превземено од МКД.мк